Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Дај слика,првпат слушам за оваа раб.
Имаше во Фокус (вчерашниот број мислам), не можам да најдам на нет. Ако го најдам весникот, ќе го сликам текстот (оти немам скенер).
 
Ги поставија и врбите во Вардар. Една врба околу 80 илјади евра. :place:
 
Ги поставија и врбите во Вардар. Една врба околу 80 илјади евра. :place:

Најгнасното и најмизерното нешто во целиот проект Ск-2014, најискрено посакувам, па што сакате речете, некој да ги сокрши тие бедни врби од 250.000 евра.

Во време кога се земаат кредити, се прави ребаланс на буџетот, се крати од се и сешто, ова срање кои ќе заврши мизерно како и палмите на Вардар (кои се исушија) останува како проект, можле ли некој да ми објасни зошто??

Овие врби се само симбол на расипништво, на негрижа, на силиење и на инеат.
 
До крајот на годината уште едно кредитче од Дојче банк и ќе биде таман.
 
Со тие пари можеа да се средат многу тротоари..низ пола Скопје се руина..дефинитивно лошо се распоредуваат парите за некои работи,лошо..
 
Имат изгледа најдено нафта во Демир Капија чим државата е толку богата за врба да даде 80 000 евра .
 
дефинитивно лошо се распоредуваат парите за некои работи,лошо..
НА ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИОТ ИЗГЛЕД НА ЗГРАДАТА

Три идеи за барокната фасада на МЕПСО

FF77201984AE0A44A485923C9CB677BF.jpg
Три понуди со идејни решенија за фасадата на електроенергетскиот објект МЕПСО стигнаа до тендерската комисија завчера кога заврши јавниот повик. Во моментов, соопштуваат од компанијата, Комисијата работела на разгледување на комплетноста на документите што ги доставиле учесниците на тендерот и се уште нема одлука која од трите понуди ќе биде прворангирана. Од МЕПСО истакнуваат дека оваа постапка нема да опфаќа само реконструкција на фасадата туку и внатрешна техничка и звучна изолација на објектот. Од таму потенцираат дека реконструкцијата на зградата нема да се одрази врз цената на струјата. По изборот на идејното решение компанијата ќе распише јавен повик за избор на фирма што ќе ја реновира зградата што гледа кан плоштадот.
Во објавените критериуми од огласот беше наведено дека новиот изглед на објектот треба да се изведе во стилот на класицизмот, архаичен архитектонски правец. Покрај класицистичката фасада МЕПСО од заинтересираните субјекти за учество на конкурсот бараше да бидат оригинални во своите идејни решенија и да бидат инвентивни во пристапот на обликување. За најдобро понуденото идејно решение за фасадата МЕПСО ќе подели и награди. Првонаграденото решение ќе биде наградено со 500 илјади денари, второнаградениот учесник на конкурсот ќе добие 200 илјади денари, а третата парична награда ќе изнесува 100 илјади денари. Со доделување на наградите МЕПСО во целост ги откупува и авторските права. Освен за објектот на МЕПСО неодамна беше избрано и идејното решение за фасадите на Сити галери и Метропол, а во тек е реновирање на надворешниот лик на дел од зградите во центарот на градот.
Еве уште еден пример.
 
Со тие пари можеа да се средат многу тротоари..низ пола Скопје се руина..дефинитивно лошо се распоредуваат парите за некои работи,лошо..
Не верувам дека ќе правеа вакви работи да имаше вистинска опозиција во оваа држава.И сега ако некој сака да ги казни на избори за вакви будалаштини ја гледа другата опција и прави :facepalm:.
 
Како ќе изгледа аква паркот во Скопје?

Денес се одржа презентација на Градскиот Аква Парк кој е планиран за изградба во состав на спортскиот центар Борис Трајковски. Изградбата треба да биде завршена најдоцна до 2015-тата година.
„Владата за реализација на овој проект веќе обезбеди средства во висина од 3 милиони евра. Изградбата ќе се реализира преку Спортскиот Центар Борис Трајковски. Основниот и изведбениот проект е веќе подготвен, а јавната набавка е во тек. Изборот на најповолен понудувач на градежните работи ќе биде на 15 Мај. Проектот го изработи Темон инженеринг. Доколку се обезбеди одобрението за градење очекуваме да Аква Паркот биде готов на 15-ти Август оваа година“ - беше соопштено на презентацијата денес.
„Процедурата за промена на Детален урбанистички план чии ингиренции се на општина Карпош ги помина скоро сите процедури. Помина јавната анкета која ја распиша советот на општина Карпош, а позитивно мислење дадоа сите релевантни институции како град Скопје, министерството за животна средина и министерството за транспорт и врски. Ветено ни беше дека на следната седница на советот на општина Карпош која е закажана за петок 27-ми Април, деталниот урбанистички план ќе биде на дневен ред, но имаме информација дека планот за проширување на гредежната парцела на СЦ Борис Трајковски каде ќе треба да се градат 4 тениски игралишта од проектот 100 тениски игралишта на Агенцијата за млади и спорт и градскиот Аква Пaрк не се на дневен ред“, изјави Ратко Капушевски, директорот на спортскиот центар Борис Трајковски.
„Сакам да ја информирам јавноста дека сите дејствија за реализација на оваа капитална инвестиција се спроведени и дека истата нема да се реализира доколку Општината Карпош нема волја за спроведување на овој проект... Аква паркот ќе биде на задоволство за дечињата од Центар, од Карпош, од Ѓорче, Гази Баба, Аеродром, за граѓаните од внатрешноста на државата како и за сите странски посетители на Македонија. Ова јавно добро ќе биде придонес за развој на нашите деца со корисни социјални тенденции и ќе биде придонес да нашите млади бидат на страна од пороците. Аква паркот, доколку се изгради, ќе биде за луѓето на Македонија и ќе постои долги години кога нема ниту јас да бидам директор на Спортскиот центар Борис Трајовски, ниту советот на општина Карпош ќе биде во постоечкиот состав“, додаде Капушевски.
kako-kje-izgleda-akva-parkot-vo-skopje-82267.jpg

--- надополнето: 22 април 2012 во 17:24 ---
Добро е што ќе се гради но лошо е што ова веројатно значи дека СРАЊЕТО од сала борис трајковски нема да се прошири и ќе остане со своите бедни 6.000 места капацитет. :tapp:
 
Мора да се зголеми капацитетот до кај 12-15 000 седишта !

Тешко,штом се направи нешто кај нас,тоа ќе трае све додека не се распадне..здравје кога ќе почне да прокиснува салата за едно 20-30 год. може ќе се решат за поголема сала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom