Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
7042435849_8a27850477_z.jpg

6896334596_e5461bbff0_z.jpg
 
Џоа Прага разбираш... :D

Не сериозно фонтанава е супер, а оние другине накази од СК2014 - страшно. Само театарот проаѓа.
 
Се оформува надворешниот лик на Стариот театар, се потпишуваат нови договори за ентериерот

Градежната оператива забрзано работи на завршување на фасадата на Стариот театар, која во последниве неколку денови започна да го добива конечниот изглед. Паралелно со фасадата, Министерството за култура склучува нови договори за целосно завршување на објектот, во кој ќе се смести Македонскиот народен театар. Денеска е објавен дополнителен документ со кој на австриската компанија „Штрабаг АГ“ ќе и се исплатат 22.379.587 денари или околу 365.000 евра за изведување на дополнителни и непредвидени занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема, осветлување и орнаментика.
Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, а оваа компанија веќе доби 9 милиони евра за барокниот ентериер кој ќе биде составен од позлатени тавани, ѕидови, театарска сала и мебел. За новиот објект специјално ќе се изработат и уметнички слики и осветлување. Иако изведбените работи беше предвидено да се комплетираат до мај 2012 година, австриската компанија со новиот договор добива рок до средината на ноември да ја заврши целокупната внатрешност на културната установа. Од започнувањето на градежните работи поминаа повеќе од 5 години, а досега потрошената сума за изградба на Стариот театар достигнува преку 26 милиони евра.
Nacionalen%20teatar%201303.jpg

Nacionalen%20teatar%201301.jpg

Nacionalen%20teatar%201302.jpg

ЗАВРШИ КОНКУРСОТ ЗА ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ НА ТЦ "СИТИ ГАЛЕРИ" И "МЕТРОПОЛ"
Две барокни решенија за НАМА:eek:
23059E04E2284D4E931E064325AD8101.jpg

Две барокни идејни решенија пристигнале во Град Скопје за реновирање на фасадата на ТЦ "Сити галери" и на "Метропол". Кој проект ќе биде избран, од Град Скопје велат дека сe уште не одлучиле. Во моментов вршеле евалуација на пристигнатите идејни решенија.
"Кога ќе заврши постапката, ќе ја информираме јавноста за резултатите", велат кусо од Град Скопје.
Од таму не кажуваат кои се авторите што понудиле нов барок изглед на фасадите на НАМА и на "Метропол" ниту, пак, што предвидуваат проектите.
Град Скопје пред два месеца распиша конкурс за избор на идејно решение за новиот изглед на некогашната култна стоковна куќа НАМА и на "Метропол". Во условите на конкурсот се бараше предлозите да бидат во неокласичен стил, односно во стилот на останатите објекти на плоштадот Македонија. Авторот на првонаградениот труд, според кој ќе биде реновирана зградата, ќе добие награда од Град Скопје од 400.000 денари.
"Градот ќе ја реновира фасадата и на ТЦ 'Сити Галери' и на 'Метропол', за да не се издвојува од останатите објекти чии фасади веќе се обновуваат и оние нови објекти кои ќе се градат на Плоштад. Колку ќе чини реновирањето, сe уште е рано да се каже. Тоа зависи од понудите кои ќе стигнат кога ќе го објавиме тендерот за избор на изведувач", изјавија од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски кога го објавија тендерот.
Обнова на сите фасади во барок стил беше предвидена со последните измени на деталниот урбанистички план "Мал ринг" пред три месеци. Со измените е дозволено сите објекти кои се наоѓаат околу Плоштадот и улица Македонија да добијат нов стил. Покрај ТЦ "Сити галери", барокна фасада ќе добијат и зградата на "ЕВН Македонија" и Градскиот трговски центар. (А.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=AA984000366FE14FBB6EEF3E70477DAC
 
Кога се тргна со барок нека се тера со барок...
 
Кога се тргна со барок нека се тера со барок...
хахах
а дизајнот во ентериерите ? и тој ли наскоро ќе ни биде ЗАДОЛЖИТЕЛНО во барок стил!!!!!!!? ;)

s06.jpg
 
Скопје прерасна во атрактивна туристичка дестинација

Скопје е најпосетувана туристичка дестинација во земјава. Безмалку секој трет турист во месец февруари дошол да го посети главниот град.

Македонската метропола, во февруари секојдневно ја посетувале 225 странски туристи, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот месец главниот град го посетиле вкупно 7.526 туристи, од кои 1.229 домашни и уште 6.297 гости од странство.
Минатата година, за првпат Скопје беше попосетувана туристичка дестинација од Охрид, истото се случува и оваа година.
Ако се постави прашањето што е она што ги носи туристите во нашиот главен град, одговорот е очигледен... вложувањата кои се направени последните години во разубавување на Скопје.
Ако до пред извесно време, на туристите можевме да им зборуваме за историјата и за тоа кои биле Гемиџиите, Гоце Делчев, Никола Карев, Кирил и Методиј, Цар Самоил..., сега македонската историјата може и да се покаже.
Секојдневно низ централното градско подрачје има туристи кои се фотографираат пред спомениците и новите објекти.
Зголемениот број на странски туристи покрај светска промоција, на главниот град и на нашата земја се разбира дека му носи и голем профит.
Со зголемувањето на бројот на туристите, се зголемува и приливот на средства од туристичките услуги. Анализирајќи ги статистичките податоци, може да се заклучи дека Скопје не само што доби културно-историски проект, доби и проект кој директно влијае на економијата и покажува позитивен ефект.
За да изградите имиџ во светот на посакувана туристичка дестинација, неопходно е да создадете приказна за местото кое го промовирате, велат познавачите на туристичката стопанска дејност.
Приказната за нашето Скопје веќе се создаде и сега само продолжува да се надополнува.
Со градењето на голем број на културно историски објекти, споменици, реконструкции, модернизација... приказната за Скопје ќе преставува престолнина на една од најстарите цивилизации и култури во светот.
Скопје има огромен туристички потенцијал и има што да им понуди на туристите. Нашето Скопје има културно-историска и традиционална вредност.
Бројот на странски туристи од ден на ден се повеќе се зголемува, туризмот добива една нова димензија, а Скопје продолжува да се гради...
skopjeee500.jpg

skopje-2-500.jpg

triumfalna500.jpg

turisti-sk500.jpg

http://kurir.mk/republika/skopje/68242-Skopje-prerasna-vo-atraktivna-turisticka-destinacija
 
Нема некој слика од распуканата фасада на новата зграда на МНР? Шо ти се вика, се руши под тежината на глупоста.
 
Ај што ќе ги изградат сите тие згради,споменици,плоштади,фонтани...ама колку се квалитетно изработени е друг муабет.Најмногу ми е дека се фушерајски направени.Па новиот асфалт пред Народна Банка три пати се преправаше.:facepalm:
 
Нема некој слика од распуканата фасада на новата зграда на МНР? Шо ти се вика, се руши под тежината на глупоста.

Дај слика,првпат слушам за оваа раб.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom