Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе биде Планица? Или помина веќе?
 
Иако сезоната заврши пред речиси еден месец, налетав на неколку интересни клипчиња кои сакам да ги споделам тука.

Еве како изгледале ски-скоковите во минатото, поточно на Зимските Олимписки Игри кои се одржале во Сараево во далечната 1984 година. Погледнете ги само како се "катапултирале" натпреварувачите во минатото за разлика од денес кога има залетиште од кое треба само да се спуштат.
 
Кога почнува новата сезона на ски скокови или веќе почната е? Ич не сум во тек.
 
Шлири и оваа година е прв фаворит за освојување на Светскиот куп, зад него се Камил Штох, Велингер, Моргентштерн, Бардал, Аман..
Денес се одржуваат квалификациите во Клигентал, утре е тимското натпреварување, во недела настапуваат поединечно, после турнеата се сели во Кусамо.
 
Шлири,прв натпревар ,шампионски....
Првата серија заврши на 15то место со само 128 метри.....За во втората да скокнит огромни 143 метри и да успејт да издвојт победа,досега после најголемо заостанување од првата серија во неговата кариера.Браво :)
 
„Орелот “ Еди на 50 години им се враќа на ски-скоковите

Еди Едвардс е познато име во светот на скијачките скокови, не поради врвните резултати бидејќи никогаш и не ги остварил, туку поради фактот дека станува збор за еден од најслабите во историјата на овој спорт. Тој во 1988 година во Калгари стана првиот Британец што ја претставувал својата земја во ски-скокови на едни Олимписки Игри, а токму со своите потпросечни резултати го привлече врз себе вниманието на спортската јавност.

edi-edvards-615x400.jpg


http://ekipa.mk/orelot-edi-na-50-godini-im-se-vrak-a-na-ski-skokovite/

Каде со овој бе?? :pos:

Иначе денес се квалификациите во Лилехамер.Од утре веќе настапуваат прво жените па мажите.
 
Денеска, во индивидуалното натпреварување, Шлирензауер беше прв, Тахиучи втор а Фрајтаг трет . Моргенштен не се ни квалификува во втора серија.(n)
 
Почна уште едно издание на турнеата „4 новогодишни скокалници“, 62 по ред.
На програмата традиционално прва скокалница е Оберздорф, триумфираше швајцарецот Симон Аман, втор беше Бардал, тој имаше најдобар скок во квалификациите, а изненадувањето на денот доаѓа од австријскиот скокач Томас Дитхарт кој го подели третото место заедно со словенецот Превц.
Наредна скокалница е Гармиш Партенкирхен, на почетокот на новата година, 1ви јануари.
 
Во квалификациите во Гармиш Партенкирхен Дитхарт беше прв. Во 13.45 се дуелите па мора да се гледаат.

Моргенштен пред извесно време имаше лош пад, сега го гледам гајле немат појќе, трет беше на квалификациите. Оберздорф не гледав
 
Од кај испадна ова детето Дитхарт, вистинско изненадување и освежување во турнеата :vozbud:.. денес им одржа лекција на „великаните“.

Воедно и води на турнеата со 12 поени предност пред Томаш Моргенштерн, а трет е Симон Аман.
Во генерален пласман на тур-от води пољакот Камил Штох.

Од Германија скокачите се селат во Австрија, на ред е третата скокалница во Инсбрук, пред финалната во Бишофсхофен.
 
Дитхарт:cuc: .. само 6 настапи во СК, а веќе триумфираше на 4 скокалници.
Убава можност имаше и Симон Аман, уште ова му фали, за да комплетира триумф на 4 скокалници, злато на ОИ и злато на СП.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom