Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум гледала скокови откако Јане Ахонен се пензионираше.
А на времето го обожавав Андреас Голдбергер,ако некој го памти.:D
Тест скокач беше во Оберздорф и во Инсбрук мислам :)
 
Порано ептен ги гледав, најчесто сабота/недела кај баба дедо, со доручек и скијање гледам :D

Памтам омилен ми беше Свен Ханавалд, секад беше облечен у сребрен комбинезон :cool:

Алпско скијање дури и повеќе гледав од скокови, кај нас коментираше Зоран Михајлов(ски), ако не грешам, легендата на македонското спортско новинарство :)
Последен пат ми се чини на Алфа одеа, или така нешто...

Сега видов негде по фбво дека има алпско скијање моментално, во Кицбил се одржува викендов, сега се женските, после од 12 машки, чисто на некој ако му се гледа... :D
 
Алпско скијање дури и повеќе гледав од скокови, кај нас коментираше Зоран Михајлов(ски), ако не грешам, легендата на македонското спортско новинарство :)
Последен пат ми се чини на Алфа одеа, или така нешто...
На Наша ТВ последно идеше нордиско скијање со Зоран Михајлов, штета што веќе ниту една наша телевизија не пренесува зимски спортови, за 9 дена почнува СП во алпско скијање нема најава дека ќе оди во пренос кај нас.
Ма да на Еуроспорт ги има сите зимски спортови од сноуборд до карлинг, но сепак убаво е да се чујат и на наш коментар.
 
Слабо активна темава.
Втора победа на Превц најверојатно тој ќе биде победник нa Новогодишната турнеја.
ПС. брат му имал само 16 години, допрва ќе слушаме за него.
Во фирмата кај што сум, еден од вработените во Словенија им е роднина. Петер, Домен и сестра им што има 13-4 години сега за сега се бават со ски скокови. Пет деца се иначе :D многу down to Еarth деца.
 
Јас не ни знаев дека има тема.Словенците станаа фактор во овој спорт, доказ само дека не е се до колку популација имаш, туку како управуваш со ресурсите што ги поседуваш.
 
Горе долу решена е новогодишната турнеја, а и светскиот куп според формата на Петр Превец.
 
Во фирмата кај што сум, еден од вработените во Словенија им е роднина. Петер, Домен и сестра им што има 13-4 години сега за сега се бават со ски скокови. Пет деца се иначе :D многу down to Еarth деца.

Ете од кај бил автограмот.
Фаштај таму врски и за мене еден. x)
 
Јас не ни знаев дека има тема.Словенците станаа фактор во овој спорт, доказ само дека не е се до колку популација имаш, туку како управуваш со ресурсите што ги поседуваш.

Словенија не е од сега станата фактор во ски скокови. Имаат еден куп успешни, меѓу кои и мојот фаворит на времето - Петерка.
 
Јас не ни знаев дека има тема.Словенците станаа фактор во овој спорт, доказ само дека не е се до колку популација имаш, туку како управуваш со ресурсите што ги поседуваш.
Имаат култура тие во спортовиве, ски центрите а и планинските предели им се сон, не даваат никој да кивне таму не па ѓубришта да фрла или да се однесува како копитар. Друго е што имаат традиција во спортот а не плукни - залепи како кај нас, повремени проектчиња. Кога бевме на состанок таму еднаш имаше ТВ во канцеларијата на муте ставен и се совпадна со ЗОИ. Кога дојде ред Тина Мазе да ја вози стазата наеднаш прекина муабетот, ТВ се попушти и сите го гледаа спустот. Кај нас да бидеме реални се прати спорт ради мода кај 90% од народов. Види ти што аргументи користат секои ЛОИ/ЗОИ кога дискутираат по социјални мрежи и ќе ти стане јасно колку се разбираме. Само живела кладилница.
Менталитетот е неспоредлив, сумирано.
 
Превц да беше од МКД, за успехот ќе добиеше Сано сокчиња. :D

Словенија е топ 5 земја по условите за скијање. На македонците изговор и е дека скијањето е скап спорт. Скапи цени во ски центрите, а годишно повеќе пари даваат по кафани.
 
Да бидеме реални жичарите во Македонија се изгор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom