Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Тежок е патот до возачка многу сексање има додека да се положи искрајно јас многу лесно поминав со само 4 часа земени и од прва се ама со старите комисии немаше гајле застануваш кај златна виљушка едно ручече и завршена работа :pos2:

Ова најмалку го оправдувам, а не го оправдувам ни тоа што го праи АМСМ....баш поради нестручниот пристап на автошколите и на самите кандидати кои едина цел е само ајде да се положи испитот а да не се научи ништо од курсот за полагање....тука ја гледам кривицата во автошколите поради тоа што не обрнуваат никакво внимание на сообраќајните правила и прописи.....инструкторите катастрофа.......мене ми се случи да му објаснувам на инструкторот за хоризонтална сигнализација.....ми дадоа решени тестови од автошколата каде што имаше две грешки и упорно ме уверуваа дека така е правилно.....никој кој што посетувал обука во автошкола не знае кои се неговите обврски во случај на незгода.....не знаат 90 % од возачите како се обележува местото на незгодата....и затоа Скопје ќе се гуши во метеж, затоа ќе фрчат казни....на 10 метри пред семафор се престројува, мисли само на себе....не е свесен дека истиот тој дополнително го закрчува сообраќајот...целта ми е дека автошколите треба повеќе внимание да обрнат и да ги учат кандидатите на правилата и прописите....откако ќе се научат тие не ја гледам причината комисијата да те падне.....кога си добро поткован и ги знаеш прописите не верувам дека ќе те падне комисијата.....инаку јас полагав со новиот закон односно комисија на АМСМ....и кога возев ми претрча пешак а врнеше многу.....и јас нагло закочив....и ми рекоа демек не сум држел безбедно растојание.....јас реков - возам 40 км/h поради временски услови што се влошени.....пешакот не поминува на обележан пешачки премин а на 20 м има обележан пешачки премин.....јас морав да закочам за да не го удрам пешакот иако самиот пешак ја загрозува безбедноста на сите ние што сме во колата....доколку вие сметате дека сум напраил прекршок со тоа што сум закочил да го пропустам пешакот а не сум продолжил и да го удрам тогаш слободно бутнете ме....само ме погледнаа ми потпишаа и ми кажаа честито
 
Јас не се пронаоѓам, зошто положив од прва и немаше испади од страна на комисијата, освен што цел пат збореа за депилација (ќе мисли човек сакаат намерно да го деконцентрираат) и ме тераа да возам над 60 (за да не зовриеле) :) Али, ме интересира какво е тоа „возење на сила“? :toe:
 
ја уште возам часови.. па ке видиме иначе другарче го бутнаа еднаш полигон и 3 пати градска ... и сеа после празнициве ваљда ке полага градска 4ти пат... :)
 
исчезнале и овде пола мислења на темава...
сакав да прашам на тестови колку се максимални бодови и колку е дозволено да се изгуби дали знае некој ?
 
исчезнале и овде пола мислења на темава...
сакав да прашам на тестови колку се максимални бодови и колку е дозволено да се изгуби дали знае некој ?

100 можни, со 11 казнени се паѓа. Само да не ти текне да си препишувал или нешто слично, строго душкаат :)
 
За мене полагањево е скапа направија, и не вреди да ризикуваш да бидеш кутнат по сопствена грешка...Ако те поебале комисијата ОК, ама за своја грешка пак да се испружиш купот пари...Многу паѓаат на тестови, од проста причина што ги потценуваат и потоа коа ќе седнат и ќе видат суви прашања на тестот отиде јабана работава...Тестови од неучење, полигон од трема, а градска има многу фактори за да бидеш кутнат :)
 
Dali nekoj moze da mi gi prati testovite za polaganje (ako gi ima na kompjuter)?
 
сакам да прашам тука некој ако знае еве јас сакам сега да земам часови и да полагам ама проблемот е што лична карта у 2011:tapp: дури ке земам дали може без лична карта да се земаат часови и да се полага
 
сакам да прашам тука некој ако знае еве јас сакам сега да земам часови и да полагам ама проблемот е што лична карта у 2011:tapp: дури ке земам дали може без лична карта да се земаат часови и да се полага


Може, ако имаш важечки пасош :)
 
сакам да прашам тука некој ако знае еве јас сакам сега да земам часови и да полагам ама проблемот е што лична карта у 2011:tapp: дури ке земам дали може без лична карта да се земаат часови и да се полага
да земаш часој можиш ама да полагаш не можи незнам за другите градој ама Битола не можиш да полагаш со пасош треба исклучиво со лична карта
 
Без навреда али тестови да паднеш е дебилно.

Па имаш книга со слики во боја, имаш тестови решени имаш време. Шокур сакаш поише. Дваес теста ако не ги научиш решени уби се.

Полигон исто, имаш часови земано за полигон, и ако не знаеш да тргнеш на нагорница чуму ти возачка?

Градска - не коментирам, праат замки,глупости,трема треба и вежбање убаво.
 
сакам да прашам тука некој ако знае еве јас сакам сега да земам часови и да полагам ама проблемот е што лична карта у 2011:tapp: дури ке земам дали може без лична карта да се земаат часови и да се полага


Неможе.. тестовите мора со лична карта да ги полагаш,а кога веќе тестовите неможеш да ги полагаш без лична карта, за градска нема што да се прави муабет... тоа е тоа..
 
Мора лична карта, ниеден друг документ не признаваат.
 
Мора лична карта, ниеден друг документ не признаваат.

Грешка си друже може и со пасош ако немаш лична карта јас полагав пред 8 месеци така беше:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom