Z
ziko bt
Гостин
Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола
Ако сакате да добиете возачка дозвола во најдобар случај за тоа ќе треба да платите околу 23 000 денари. Реагираат кандидатите, но и автошколите за превисоката цена на испитот која е речиси половина од цената на обуката. Автошколите реагираат дека цената од 12 500 денари ја немаат променето 5 години наназад, но испитот зад кој стои АМСМ од Скопје сега чини 6600 денари, наместо некогашните 3100 денари.
Авто школите кои ги контактиравме велат дека ова е последица на монополот кој го има испитниот центар. Откако законските норми за полагање на возачкиот испит се променија се подигна и цената за добивање на уверение за прва помош која додека истата се полагаше во авто школите чинеше 500 денари, а сега чини 1350 денари. Секоја цена влијае на вкупната поради што бројот на кандидати за полагање возачки испит се повеќе се намалува. Кандидатите потврдуваат дека е реткост да се положи од прв пат, а вториот пат полагање за Б категорија чини 2630 практичниот, односно 2260 денари теоретскиот дел:
,,По втор пат, по трет пат, коментираат кандидатите, не е тешко, зависи од расположението на комисијата, додаваат.
Испитниот центар е единствениот правен субјект каде може да се полага возачкиот испит, а неговите цени и исклучително високите критериуми за полагање влијаат на честите полагања од кандидатите. Наскоро во согласност со законот се предвидува намалување и на испитните комисии кои од 5 треба да станат 3.
Од битолскиот испитен центар не препратија кај надлежните во Скопје, но таму не успеавме да исконтактираме со лице кои може да одговори на ваквите забелешки на кандидатите и авто школите, како и да објасни до кога ќе трае ваквата состојба. Авто школите не планираат поскапување на цената на обуката, затоа што и така во моментов е превисока вкупната цена.
Темава ја отворам за да видам дали вакво самоволие владее и во другите испитни центри низ државава како и за високите цени за целосно земање на возачка дозвола.Ова шо е кажано во статијава е 100% вистина во последно време низ Битолава ретки се тие шо имат положено на прво.Како шо вели татко ми ако положиш на прво без врски то ти иди како премија.Ја отворам темава од лично искуство оти пред некој ден полагав полигон и градска вожња и ме паднаја со образложение дека сум возел на сила а мене искрено ми дојде да се расплачам ако се знај дека за преполагање ми прибраја уште две и пол иљадарки:nesvest::kesa:.Па ако некој се пронајде во темава нека си ги кажи искуствата и како му го лупнале. :pos2:
До модераторите ако има ваква тема жалам-бришете.
Ако нема остајтеја овде или префрлете ја во општи муабети т.е ако нема заинтересираност на овај подфорум.:salut: