Six Feet Under

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Исто, почнувам да размислувам некад до касно и што се вика до лексилиуми стигам :pos:
Серијата е ремек дело, ми го промени животот.....ама ептен ми е поврзана со еден непријатен период, па така ќе гледам да ја избегавам.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.954
Треба да се изгледа повеќе од еднаш, се менуваме и еволуираме емотивно, стекнуваме искуства, ставовите не се исти како порано. Мене ми е баш период сега да ја гледам повторно, од аспект на тоа што тогаш и сега кога ќе споредам- животот ми е драматично променет. Тогаш чекав бебе на пат, сега сум родител, а се осеќам како дете, ама не се осеќам како тогаш пред две години. А и тогаш ме здрма јако, но мислам дека не бев доволно созреан и дораснат за таква серија, од сегашна временска дистанца.

Мене ми е омилена серија, заедно со ББ, а не ова денешниве гомна од серии, од типот на ГоТ, толкава популарност, а уствари живи глупости - за тепање време.

Ќе ја гледам пак!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Гледана ми е 3x до сега, не е еднаш и во различни периоди исто така, те разбирам тотално - проблемот е што за да ја гледаш оваа серија како што ЗАСЛУЖУВА, you have to let it go, а тоа ми е голем залак у моментов.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Штотуку ја изгледав последната епизода од серијава и едвај се соземав да напишам нешто тука. Најпрво да бидам искрен да кажам дека серијава на моменти ми беше досадна и напорна, особено во првите сезони, се ми се сведуваше на некое развивање на ликови без ништо посебно да се дешава, ама во ниеден момент не ми беше лоша ниту пак глупа, се беше феноменално направено, со одлична глупа и се имаше смисла. Ми се допадна многу во серијата тоа што секоја епизода има различна смрт, со што некако како да сака да ни каже режисерот до кој степен на бизарност може да биде смртта. Веќе некако во последна сезона ми доаѓаше само од себе да гледам по 4-5 епизоди на ден и веќе премногу бев поврзан со серијата, па и до 6 сабајле останував да гледам. Сеуште не сум соземам да размислам да кажам што научив од серијава, дека последнава епизода партал ме направи, ама серијава не е само обична пролазна серија. Кога ќе се сетам за неколку години пак на неа, ќе се сетам како нешто големо, ќе се сетам на серија која сакала да ни го ублажи некако тој страв кој го имаме од смртта, ќе се сетам на Сиа со Брит ми, ќе се сетам на најдобриот крај на серија некогаш направен, ќе се сетам на сцената кога Рут и Клер разговараа, и Рут ја праша дали би останала за мене, Клер рече да, и Рут и рече тотално не доаѓа во обзир, јас ја направив истата грешка, нема и ти, на целата мајчинска љубов ќе се сетам и колку и после се, мајката останува мајка. Да не раскажувам сцени, иако има многу кои драго би ги издвоил, сепак може има некој кој ја нема гледано серијата тука, а и не би ви одзимал дополнително време со читање на мојот пост. Една голема благодарност до тие што во другата тема за серии ми ја препорачаа серијава. Ај што серијава е длабока, туку и таа длабочина совршено ти ја пренесува и тебе, и ти запаѓаш во неа. Каков алкохол, финалето на серијава само и сета емоција од тебе испливува на површина.


П.с. Сега прочитав некаде дека името на последната епизода Everyone's Waiting значело дека всушност сите ја чекаат горе Клер, бидејќи таа последна си заминува.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Кога ќе се сетам за неколку години пак на неа, ќе се сетам како нешто големо, ќе се сетам на серија која сакала да ни го ублажи некако тој страв кој го имаме од смртта, ќе се сетам на Сиа со Брит ми, ќе се сетам на најдобриот крај на серија некогаш направен, ќе се сетам на сцената кога Рут и Клер разговараа, и Рут ја праша дали би останала за мене, Клер рече да, и Рут и рече тотално не доаѓа во обзир, јас ја направив истата грешка, нема и ти, на целата мајчинска љубов ќе се сетам и колку и после се, мајката останува мајка.
А дали ќе се сетиш на ова


Б Р У Т А Л Н О
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
А дали ќе се сетиш на ова


Б Р У Т А Л Н О
Морници да те лазат еј, вчера не можев око да склопам цела ноќ, ептен длабоко. Исто ќе го паметам моментот кога Бренда и Нејт правеа свадба, откако дознаа дека Бренда го изгубила бебето, какви карактери, какви луѓе... Какви ситуации што никогаш не би ни текнале дека може да се наша реалност, а може на секој да му се случат. И заборавив да кажам горе, многу ама многу ми се допадна во серијата, тоа што има многу соништа и замислени ситуации, и сега за 75% од тие ситуации се сфаќа дека се имагинарни ама за останатите кои не се сфаќаат, почнуваш веќе да се навикнуваш на тоа дејство и се шокираш кога гледаш дека не е вистина. Пример Дејвид и тој што му ја украде колата мислев дека е имагинарно, тоа испадна вистина, во последните епизоди една сцена со Бренда и Били кога мислевме дека дојде до инцест, а уствари сон само... Секако на таа сериозност, најјаки ми беа и сцените кога Нејт, а потоа и Клер, доаѓаа надувани на семејните вечери и тресеа глупости, ептен сум се смеел на тие сцени :D

Сега гледам дека како созревам гледам се посериозни и посериозни серии, само сега се плашам дека нема баш нешто посериозно од Два метра под земја. Lost->Prison Break->Sopranos->Wire->Dexter->Breaking Bad->Sons of Anarchy->Six Feet Under, можеби и супер што по ваков редослед сум ги гледал, најверојатно да сум ја гледал серијава на 15 години ќе сум ја исклучел после неколку епизоди :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Ја изгледав и јас конечно, после 2 години. Не сум по драмите и ми беше бавна, на моменти досадна па правев паузи меѓу сезони.
Серија за животот и смртта, за секојдневните проблеми, ситници кој не се така ситни сепак.
Нејт дефинитивно минстана еден од омилените ликови. За крајот треба ли да се пишува? Ме остави со отворена уста, со солзи во очите и со мисла за животот.

Ќе ја прочитам темава деновиве секако. :))
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.778
Поени од реакции
10.539
Сакам да се пофалам дека и ова ремек дело е дел од мојата колекција на одлични серии.
Омилен ми е блек хумор, во серијава беше на највисоко ниво.
После секоја епизода си мислиш, што ако утре умрам?
Омилен лик Нејт со сигурност. Џорџ исто ми беше многу добар.
Последната сцена е една од подобрите сцени до сега што ги имам видено.:(:place:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.749
Треба да се изгледа повеќе од еднаш, се менуваме и еволуираме емотивно, стекнуваме искуства, ставовите не се исти како порано. Мене ми е баш период сега да ја гледам повторно, од аспект на тоа што тогаш и сега кога ќе споредам- животот ми е драматично променет. Тогаш чекав бебе на пат, сега сум родител, а се осеќам како дете, ама не се осеќам како тогаш пред две години. А и тогаш ме здрма јако, но мислам дека не бев доволно созреан и дораснат за таква серија, од сегашна временска дистанца.

Мене ми е омилена серија, заедно со ББ, а не ова денешниве гомна од серии, од типот на ГоТ, толкава популарност, а уствари живи глупости - за тепање време.

Ќе ја гледам пак!
Iljada I ednas da ja gledam malku ke e, sekoj pat neshto novo ucham, serijata mi e bez vremenska, lektira za zivotot, remek delo.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Последната сцена е една од подобрите сцени до сега што ги имам видено.:(:place:
Колку пати ја гледаше?
Одзема години од животот...
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.283
Колку смрт ми се издеси оваа 2021ва година па уште ова ми фалеше. Навистина се двоумев дали и е време да ја почнам пошто некако не ми се гледаше смрт, погреби и слично.
Ама си реков ај, штокур, ќе ја пробам. Првата епизода одма хаос, викам океј не е толку страшно, веќе во следните 2-3 епизоди видов дека смртта ја прикажуваат така на многу реален начин па и малце комичен, на што навикнав. Ама текот беше спор, и како таков не ми пречеше воопшто, пошто јас сум гомно покварено и лесно можев да ја исклучам и да дојдам тука да се бламирам колку е досадна и ништо не се дешава. Али нешто ми викаше да не се откажувам, не дека со сила ја гледав, туку нешто ми викаше седи глеј добро е. Ова ко со Натаниел да си зборам. Абе не е добро што е ова ништо не се дешава досадно 8ма епизода сум. Хехе бади бој, глуп, гледај и ќути. Па уште некој од мртовците ќе ми речеше, стварно друже глеј си ја серијава и не досаѓај, не е досадна воопшто.
И така испадна, ни малце досадно не ми беше иако ќе ги сфатам сите што ќе ми го кажат ова.

Најперфектното досадно и споро ремек дело. Серија вредна за репризирање едно 10 пати, за секое гледање да обратиш повеќе внимание на конкретен лик.

После видов дека серијава е на Алан Бол чиј филм е American Beauty, за мене врвен филм, и ми стана јасно што ме очекува во иднина и што треба всушност да гледам.

Ликовите беа маестрално напишани и одиграни.
Нема централен и главен лик, сите беа главни ликови со по некој спореден чисто за да се засили приказната.

Рут Фишер.
Старомодна домаќинка, млада омажена за еден сопственик на погребално претпријатие, за кој можеме да кажеме дека си го живеел животот и си терал авантури додека дома имало кој да му го чува домот, да чува деца и да води грижа околу бизнис финансиите. Со неговата смрт Рут некако се ослободи, се отвори и почна да живее. Почна отворено да пристапува на животот, да експериментира со врските и слично. Иако тука се поставува и еден момент наречен страв од самотија па така Рут гледаше да се закачи за некој, да најде некој со кого ќе живее пошто децата веќе почнуваа да си го фаќаат патот. Али сепак тешко успеваше да си го контролира своето контрол-фрик расположение односно карактер. Ради тоа не успеа врската со Николај (многу смешен лик), додуша после во врската со Џорџ сфати дека нема да може така и го откачи. Плус и на последниот обид со Хајрам сфати дека она едноставно заборавила да сака, никогаш не ни знаела до душа. Млада омажена поради бременост. На крај ја пушти Клер да си го живее животот откако 5 години претходно поради иста трагедија го остави Нејт дома.
Рут воопшто не ја мразеше Клер. Рут преку Клер се мразеше самата себе односно си ја мразеше младоста, неисполентиот живот, никогаш во животот не го правела она што го сакала. Затоа и толку ја форсираше Клер да учи школо, иако беше против тоа да се запише на академија за уметности.
Маестрално одигран лик, можеби најдобра актерска претстава од сите ликови. На крај беше многу тешко да се гледа, последните 3 епизоди беше разурната скроз. На моменти смешна но генерално многу тажна и депресивна женичка. Греота. Не ни имаше некоја особена поддршка по смртта на Натаниел. Рут е буквално сама цел живот. Осамена.

Нејт Фишер.
Многу јак лик, многу фаца, кул, опуштен, расположен за живот. Далеку од она Фишер семејство што го пречека на тој Божиќ. Нејт беше авантурист како татко му.
Приказната на Нејт ја делам на пред и по Лиза.
Пред Лиза, Нејт беше ваков каков што го опишав на почетоков, во врска со Бренда која си имаше бубачки од нездравото детство, но сепак некако успеваа да се движат и носат заедно. Си одговараа како пар се додека врската не стана сериозна, и не почнаа да реагираат бубачките у главата на Бренда. Првиот дел од Нејт немаше да се деси ако отворено и искрено и пристапеше на Бренда и кажеше што му се случува со здравјето. Зборам за тоа АВМ чудото што го имаше у мозок.
Тука сметам дека Бренда повеќе ќе се посветеше на него и ќе ги отргнеше тие бубачки што ја тераа да праи тоа што праеше. Она може и потсвесно мислеше дека таквото делување е нормално со оглед на тоа што израснала со родители свингери. Имаше изместена перцепција за нормално делување. Тука и мајка и одигра улога кога во еден момент ја рчна дека живее многу монотон живот.
Немаше да го сожалува Нејт, туку, као да кажам, ќе добиеше нова мотивација и нов предизвик у врската.

Нејт воопшто не ја сакаше Лиза и се каеше што не внимаваше и и напраи дете. Иако тука се отвара и прашање дали Маја е воопшто негова ќерка а не на тој баџанакот што и бил швалер на Лиза. Таа ме нервираше како лик. Дали дека навивав за Нејт и Бренда иако ја мразев малце за тоа што му го напраи ама па од друга страна и ја сфаќав, што не значи дека ја оправдувам. (Е тука се гледа ремек делото на серијава, што секој лик беше темелно изграден и за сите постапки можевме да ги сфатиме и разбереме зошто баш така постапуваа и делуваа.)
Ама сума сумарум тапа лик (Лиза), беше ментална малце, заљубена цел живот у Нејт и искористи момент на слабост и успеа да го врзе за себе. Многу себично од нејзина страна, без разлика чија е Маја. После продаваше морал доека не исчезна.

Е тука веќе и Нејт се изгуби, тотално крахираше, се скрши и до неговиот крај беше навистина тешко и мачно да се гледа. Многу жал, тага, меланхолија, депресија носеше со себе. Емотивно беше напраен партали. Потсвесно во себе он беше среќен на таквиот крај на Лиза, ова среќен може не е баш термин што одговара ама сфаќате што зборам ако читате до тука хехе. Но, пак го јадеше некој црв на грижата на совеста.
После се врати со Бренда ама не беше исто ко порано. Нејт не беше воопшто. Бренда беше сменета и подготвена на заеднички живот. Јас комплетно ја разбирав и бев на нејзина страна. Нејт не требаше така да збори и да се однесува кон бремена жена која можеби носи нездраво бебе. Искрено мислам дека беше во право ама него тоа не му сметаше толку многу колку што он уште на почетокот не сакаше друго дете. Ко што кажа и сам, за атер на Бренда го прифати. После коа дознаа дека се можни компликации почна да се понаша многу грубо и невкусно кон Брен. На крај конечно собра храброст да речеме, раскина со неа и умре. Ме шокираше неговата смрт, и тоа на крај на епизода, ме мрдна скроз. Тотално неочекувано иако можеби беше малце сомнителна сета таа стабилна состојба после ударот и операцијата.
Последните 2 епизоди без него беа многу тешки и мачни за гледање, погребот, па и финалето кога на маса на последната вечера евоцираа спомени од него и наздравија во негова чест. Тука солзи ми течеа.
Нејт беше лигуш, не?
Нејт беше многу добар во советувањето на другите ама тие совети и насоки не ги практикуваше кон самиот себеси.
Нејт доби мозочен удар пошто најслабо се носеше со стресот. Сите ликови добија своевидно просветлување односно ослободување од сопствените стеги и проблеми. Нејт никогаш не успеа да го преброди стресот. Држеше се во себе. Многу беше горделив за да признае дека е слаб.
Нејт не доби помош од никој од најблиските, дел ради тоа што не сакаше да се отвори и да признае дека има проблеми, дел ради тоа што најблиските негови беа емотивно осакатени. Не знаеја за емпатија.

Бренда Ченовит Фишер.
Нејзината приказна беше цело време поврзана со Нејт. Горе доле ја опишав нејзината ситуација таму ^
Она можеби стварно беше заљубена у Били на некој болен начин. Тоа некако не ми идеше у глава. Ама пак ќе го спомнам нејзиното минато и нејзиното изместено сфаќање за нормалното. Мајка и беше многу иритантен лик. Били беше многу ментален, на моменти греота. Oдлично одиграна улога и прејака боја на гласот.
Ми се свиѓаше што на крајот видовме дека Бренда цел живот остана и беше во контакт со Фишерови иако мајка и пробуваше да ја оттргне. Во една од последните епизоди кога дојде да ја земе Маја, и после на вечерата кај Бренда во една сцена со мајмунот кој Рут го извади од позади фрижидерот, оваа и даде жирафа на Маја, нова играчка а мајмунот така дрско го бутна на страна. Maргарет личи на Шерон Стоун.

Дејвид Фишер.
На почетокот ич не му верував ама после испадна дека е многу добар лик. Он беше ист како мајка му.
Контрол фрик, намќор, сериозен лик и многу посветен на работата. Многу сериозно гледаше на животот. Се срамеше од тоа што е. Затоа и ќе го изгубеше Кит. Имам чувство дека Дејвид живееше у грч цело време, таман малце од малце се ослободи па му се деси киднапирањето и тука пак се блокираше. Човекот со црвен дуксер фактички беше стравот на Дејвид од смртта, после се освести и сфати дека вреди да живее и дека смртта е неизоставен дел од животот. И се ослободи, по втор пат. Првиот пат беше кога излезе од плакарот и отворено призна дека е геј. Тука почна да живее. На крај сепак Кит беше тој што го спаси од депресија и можеби самоубиство. Последните епизоди кога се врати кај мајка му, беше скроз у хаос, ама Кит постапи многу убаво што одлучи заштедата да ја искористи да ја купи куќата и да се преселат таму.
Дејвид премногу сериозно беше посветен на бизнисот, немаше трунка емпатија и работеше строго професионално додека Нејт малце на почовечен начин пристапуваше кон луѓето кои доаѓаа да аранжираат погреб.

Кит Чарлс.
Кит и Дејвид не беа идеален пар, имаа доста разлики но ете и покрај се имаа едно нешто што ги држи заедно. Љубовта. И таа ги движеше цело време напред, таа и ги одржа во живот додека нели смртта не ги раздели. Насилство раѓа насилство, велат, затоа и Кит беше таков агресивен, пошто нели така беше израснат, таков беше татко му. Ме нервираше на моменти морам да признаам и не ми беше омилен лик ама коа ќе ја погледнам конечната слика, сепак беше добар лик, добра поддршка.

Клер Фишер.
Почина татко и во моменти кога влагаше во една друга фаза од животот, кога требаше да порасне, да созрее. Клер како и Нејт немаше никаква подршка од семејството, немаше кој да ја советува, немаше кој да ја насочи. Пристапот на Рут кон тоа беше сосема погрешен. Клер беше ментално јак лик и покрај сите падови успеваше да се издигне повторно и повторно. Иако беше карактерно наивна и емотивно слаба сепак научи да се бори и научи да живее. Затоа и живее(ше) најдолго од сите.
Она имаше најмотивирачка приказна. Нејзината приказна е многу покомплеска и вредна за потемелно анализирање.

Федерико Дијаз.
Овој ми беше топ лик, смешен. Рико, мајстор на својот занает, посветен работник кој беше малце смотан и не размислуваше паметно без поддршка од Ванеса. Рико имаше добра душа, затоа и се вплетка во авантура со танчерката, откако Ванеса која беше во депресија одби да прими помош а овој се што сакаше е да се грижи за неа, за некого. Имаше некои папучарски нијанси. На крај мило ми беше што се смири со Ванеса иако за прв пат ме изнервира на крајот кога во целиот тој хаос он гледаше само за себе и што ќе се случи со неговиот дел од партнерстово. Ама на крај краева па тој беше само преку бизнисот поврзан со Фишерови. Оправдана е таквата постапка.

-

Вчера ја завршив и не престанувам да ја мислам, мега јака серија. Иам некое чувство кое не знам како да го опишам.
Патем, живеат Фишерови бе, не очајувајте. Во 2025та година Рут прва ќе се одјави.
Глеам сите ја ставате последната сцена и сликата од Нејт и Клер.

Јас ова ќе го ставам. :love:
Рутичка ми е тука <3333333333

 

Kajgana Shop

На врв Bottom