Уште не можам да се соземам... Во мене има многу испомешани чувства на тага и среќа. Ја меркав одамна серијава,уште средно бев кога ја почнав и останав само со една сезона. После години поминати, еве факултет сеа завршувам и пред последниот испит да го спремам мене ми текнува на серијава. Не ја оставив, буквално јадев,пиев и спиев со неа. Не можев да престанам да ја гледам. Знаев само дека крајот вреди и дека ќе ме потресе.Не знаев дека тоа ќе се случи во буквална смисла со земјотресов... Оффф колку и да кажувам нема да можам да ви доловам какво доживување беше тоа за мене. На последната сцена се изгубив целосно,имав некој увид што беше значаен за мене. Кога почна земјотресот излегов надвор заедно со мајка ми и почнав да се тресам цела. Таа беше исплашена повеќе за мене отколку за неа. Ме потсети на Рут. Тресејќи се така плачев и ја гушкав..Почнав хистерично да се смеам и да и кажувам колку сме среќни што сме живи... Жената кутра, не го разбираше моето однесување. Не знае каква мајнд фак серија гледаше ќерка и...