Six Feet Under

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Најголемата причина што кај мене не е во топ серии е баш ради тоа што не можев никогаш скроз да се поврзам со ликовиве, не ме интересираше што ќе им се случи, не ги разбирам постапките, кои скоро секогаш им беа погрешни. Не знам дали е до пишувањето, колку што е до самите ликови, никој не ми беше likeable.

Стариот додуша ми беше секогаш интересен во флешовите и кога ќе се појавеше.
И Нејт на почетокот, кога имаше некаква живост во него.
Неговите избори накрај беа мизерија, идеме од едно дете, на второ, па на трета жена со другава трудна по која плаче цела серија, што правиш човек, кај тераш. Мада го биваше за бизнисот и имаше многу убави совети и реплики.
Клер пак, цела серија оди контра се, бунтовник, накрај идеме да се земеме со најбејзик типот со кој неаме едно заедничко размислување. Али се зимаме, пошто е таков добричок со нас, а другиве беа распад систем. Не ми беше ич верно дека ќе заврши со тој, али ајде.
Дејвид ми имаше најјак хумор, прецизен и дарк. :D Досадна беше цела таа негова голгота со Кит.
Рут беше стварно кутра и не можев ич да ја сфатам жената, чудничка скроз.

Од смрт дешавки најжална ми беше она со бебенцето. Тогаш и гуглав што е уствари сидс и дека постои, за жал. Рико тешко го поднесе тој случај, а богами и јас. Таа ситуација и она со Дејвид и неговите трауми ми се останати ко моменти кои ме дирнаа некако.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Најголемата причина што кај мене не е во топ серии е баш ради тоа што не можев никогаш скроз да се поврзам со ликовиве, не ме интересираше што ќе им се случи, не ги разбирам постапките, кои скоро секогаш им беа погрешни. Не знам дали е до пишувањето, колку што е до самите ликови, никој не ми беше likeable.
Па не е поентата на серијата да се поврзеш со некого и да навиваш за него. Не мора во секој филм или серија да имаме херој и да бидеме за него до крајот. Тука треба да си со сите.
Не секогаш во животот успеваме да ги разбереме останатите луѓе што се околу нас. Колку пати судиме без да ја знаеме позадината на таквото делување. За сите погрешни постапки, ликовите одговараа на еден или на друг начин.

Многу површно си и пристапила на серијава, не може вака да гледаш на нештата.

Стариот додуша ми беше секогаш интересен во флешовите и кога ќе се појавеше.
Па тие флешови од Стариот беа всушност разумот и совеста на самите ликови кои комуницираа со него, а и со сите мртовци.

И Нејт на почетокот, кога имаше некаква живост во него.
Неговите избори накрај беа мизерија, идеме од едно дете, на второ, па на трета жена со другава трудна по која плаче цела серија, што правиш човек, кај тераш. Мада го биваше за бизнисот и имаше многу убави совети и реплики.
И зошто Нејт ги напраи сите тие избори?
Едното дете беше грешка, поради стрес и притисок он првично и отиде кај Лиза и и се отвори. Бренда беше некако осакатена од чувства и повеќе работеше со мозокот отколку со срцето. Затоа и Нејт имаше кочница да и се отвори и и го каже проблемот со здравјето. Од истата причина Нејт не се ни отвори кон семејството пошто и они не знаеја за емпатија. Беа ладни. Имаше убави совети и реплики пошто кон работата гледаше со чувства, Дејвид глеаше чисто професионално, затоа и имаше проблем да препознае нечиј проблем. Дејвид не знаеше да теши.
Нејт и Бренда повеќе си одговараа како другари и фак бадис отколку како љубовен пар.
Нејт не ја сакаше Лиза, он остана заглавен со нејзе и се пичкаше да и раскине, немаше храброст да ја остаи. Он ја сакаше надвор од неговиот живот ама не на таков начин, затоа и го скрши нејзиното исчезнување и смрт пошто го јадеше грижата на совест.
Третата жена, Меги, беше Лиза од првиот дел. Нејт најде утеха и смиреност кај нејзе.
Нејт на крај конечно собра храброст и раскина со Бренда, и умре. Нешто што не го направи со Лиза.

Клер пак, цела серија оди контра се, бунтовник, накрај идеме да се земеме со најбејзик типот со кој неаме едно заедничко размислување. Али се зимаме, пошто е таков добричок со нас, а другиве беа распад систем. Не ми беше ич верно дека ќе заврши со тој, али ајде.
Најнебитно нешто од приказната на Клер е тоа на крајот што заврши со Тед.
За Клер треба нова сезона да се напише и да се разграни нејзиното постоење. Клер имаше многу покомплексна приказна од останатите ликови.
Прочитај го ова мислење за нејзиниот дел од серијата. Многу убаво напишано.

Дејвид ми имаше најјак хумор, прецизен и дарк. :D Досадна беше цела таа негова голгота со Кит.
И мене на моменти некако ми здосадуваше тоа нивното `ни таму ни ваму` понашање.
Кит цело време му беше поддршка на Дејвид и на некој начин го насочи и изнесе на прав пат. Дејвид никогаш немаше да признае дека е геј и цел живот ќе живееше во грч и ќе беше таков намќор и цело време под притисок.
Кит за Дејвид беше она што Бренда не беше за Нејт.
Кит за Дејвид беше еден вид на издувен вентил преку кој Дејвид го канализираше својот стрес и проблеми.
Кит делуваше многу разумно. Љубовта победи кај нив.

Е сеа, не верувам дека ова што ќе го спомнам би се мотало у главата на режисерот и дека тоа би била една од идеите за серијава. Живеејќи во сите овие woke срања околу нас ми се наметнува една теорија и да речам пропаганда. Што сакам да кажам. На крај испадна дека единствена врска која функционираше и издржа до крај беше геј врската. Со црнец партнер. :D
Ама сигурен сум дека вакво нешто не било толку доминантно и јако кога се правеа серии и филмови пред 15-20 години. А и да е така, одбивам да го прифатам тоа.

Рут беше стварно кутра и не можев ич да ја сфатам жената, чудничка скроз.
Рут е заробена цел живот. Млада омажена поради бременост, и до смртта на Стариот она беше домаќинка и ништо друго. Тоа и беше занимацијата, чување деца.
Жена без исполнет живот и цели. Сакала да заврши факултет но не можела поради брак и бебе. На стари години идеше на курсеви за правење букети, плетење и слично. Она никад у живот не ни работела, затоа и одма ја прифати работата кај Николај у цвеќара. Она по смртта на Стариот почна да живее и да се бара самата себе.
Има еден цитат од Роберт Де Ниро у Bronx Tale, вика, The saddest thing in life is wasted talent.

Истата судбина ќе ја снајдеше и Клер доколку продолжеше со тоа нејзино куроболие и трошење на животот узалуд. Доека не се појави тетка и Сара и ја насочи да се запише на академија за уметност и да го прави она што го сака, додека Рут од друга страна беше на некој начин противник на таквото студирање. Истата Сара на крај и ја тресна од земја Клер коа и рече - па можеби и не си некој уметник, може не те бива за тоа. Тука ја освести малце Клер да не се занесува и да не лета во облаци пошто лесно може да изгори.
На крај и Рут созреа и ја пушти Клер, ја ослободи, да оди и да си го живее животот за да не остане заробена ко неа. Ја пушти да се себе исполни онака како што Рут никогаш не успеала. Пошто истата Рут од страв да не остане сама го задржа Нејт после погребот на Стариот. На крај се помири со судбината дека тоа е тоа, не секој во животот мора до крај да биде со некого.. иако остана да живее со сестра и.

Таа ситуација и она со Дејвид и неговите трауми ми се останати ко моменти кои ме дирнаа некако.
Епа Дејвид после киднапирањето повторно се затвори во сам себе и повторно живееше во грч. Го надвладеа стравот од смрт и сериозно кризираше при крајот. Се до смртта на Нејт односно до неговиот погреб кога се испразни и отвори. Подоцна у сонот сфати дека мора да живее, како што и му кажа татко му at least you are alife, you lucky bastard. Го победи човекот у црвен дуксер, односно сопствениот страв. Се врати кај Кит и ќе живее 70 години.


Знам дека не те интересира многу многу ова што сум го изнапишал ама читајќи те тебе со вакво размислување исто ко да се гледам себеси на темата Сопранови. Гледајќи ја оваа серија ми текна дека јас со многу погрешни очекувања ја гледав Сопранос.
Ама ко што кажав и таму на почетокот, можеле да одберат и друга небитна професија и да си тераат со character development-от на ликовите - ако вака се изговара овој тип на серии/филмови.
Ваков бев и за There will be blood првиот пат.

Six Feet Under ми даде задача некогаш повторно да и дадам шанса и да ја репризирам Sopranos.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Знам дека не те интересира многу многу ова што сум го изнапишал
:D


Во моето површно гледање на серии досега, не можам да преминам и да си ја ставам серијата кај мене лично во топ серии, ако не ме занима карактерот воопшто. Семејна драма е, карактер дривен серија, не знам што друго ми би интересирало овде повеќе од карактерите на ликовите. И ваљда ми е дозволено да не ми се допаѓаат и со тоа да не ме интересираат премногу.

Различна е од сите други серии, или ќе ти легне или нема да ти легне. За периодот во кој јас ја гледав, можеби подобро ќе беше да гледам комедии, зашто ова дефинитивно не ми помогна, напротив. Сепак, не би ја репризирала пак, не е лоша или просек серија, но едноставно не е мој тип на серија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom