Ситница што ме нервира

  • Креатор на темата Креатор на темата King B
  • Време на започнување Време на започнување
Кога богатите роднини од странство ќе ти речат дека немаат пари и тешко им оди.
Кога некој јаде со отворена уста близу мене, го мразам звукот.
Кога капе вода од чешмата, тоа е болна и бавна смрт особено кога сакаш да заспиеш.
 
Сите ситници шо ме нервираат потекнуваат од брата ми, пошо иста соба делиме. Кога делите соба а двајцата сте 20+ тогаш почнува се да ве нервира и иритира. Чистење на грло, шмркање со нос, крцкање врат (ова го прави по разбудување и дел од мене умира, а и служи како аларм). Сума сумарум, брат ми ме нервира. :facepalm: Ако се рачуна за ситница.
 
Исто колега. Само кај мене случајот е со сестра ми. Нема пукање вратови и чистење на грло, туку кај ми се шминките, зошто си ја облекла мојата блуза, таа ташна јас ќе ја носам денес, тебе ти е ред да ја раскрениш собата итн, итн, женски ствари. Али на исти маки сме. :D
 
Кога ќе ми се појави некое ретардирано бело на ноктот...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AFI
- Кога не го вадат полначот од штекер. o_O

- Кога во автобус, некој позади мене ќе ја пушти муцката на центрифуга. Поточно ќе почне да мљацка со мастиката. :tapp:

- Кога се покривам со ќебе и јорган. Станувам од сабајле, го гледам јорганот се пикнал под кревет, а ќебето отишло до вратата. :facepalm:

- Кога дува ветер и косата ќе ми се разлета на северозапад, југоисток и на сите можни страни. :mad:

- Кога ми раскреваат работи по дома. Значи јас знам каде сум го ставила и нема ти што да ми разместуваш. Макар и да има неред. Па уште кога ќе ми вратат: - Ааа, па ти го ставив негде, не знам каде. Побарај. :cautious: И потоа ми се потребни два саати, за да најдам каде го тупнале тоа нешто.

- Кога гостите ќе влезат со кондури, внатре. А којзнае по кои г.... газеле. :pipi:

- Кога правам некое јадење и секој што ќе помине, ќе си касне. Па стрпи се, ее. :rolleyes:

- Кога зборот ми е на врвот на јазикот, а нејќе да ми текне. :confused:

- Кога не можам да најдам чорапи што ми одговараат со облеката. :гик:

- Кога некој упорно ѕвони на врата. Па стрпи се, чекај да станам. Каде гори? :icon_mrgr:
 
1. Кога дува ветер и ти ја носи косата те на едната страна те на другата и изгледа ко да се бориш со неа..

2. Кога косата ќе ја врзам во репче и малечките влакненца ќе ми се направат како антени хахаха ко да фаќаат мрежа

3. Кога некој те прекинува по стоти пат и сцената е вака:
Он: Дадаа те слушам јас продолжи
Она: И така она доаѓа и ја зима чашата и пие пие ко да не видела и..
Он: Абе да не знаеш утре дали ќе врне? :facepalm:
Она: Паа...

4. Кога некој не знае кога да збори, а кога да ќути
 
Кога женско го употребува зборот "брат", а посебно во разговор со друго женско. пример: "Брат, да видиш шо ми се деси" или "Брат, си го гледала овој филм?"

Не ги можам...
 
Ееее, ова!
Значи од толку милионити папки низ компјутер, они нашле баш на позадина да редат песни, слики, вордови и триста тракатанци.
Јас упорно им креирам папки, со нивни имиња. Ама џабе. И после само: - Кај ми е сликата сега? Ми ја избриша? Кој ти рече да ми ја бришеш?
:tapp:

too_many_icons_on_desktop_by_456kn.jpg
 
Ме нервира кога некој тера инат на форумов за нешто што е докажано веќе дека не е така како што он го тврди. Единствен заклучок што можам да го донесам е колку е народот глуп и тоа уште повеќе ме нервира.
 
Ееее, ова!
Значи од толку милионити папки низ компјутер, они нашле баш на позадина да редат песни, слики, вордови и триста тракатанци.
Јас упорно им креирам папки, со нивни имиња. Ама џабе. И после само: - Кај ми е сликата сега? Ми ја избриша? Кој ти рече да ми ја бришеш?
:tapp:

Максимален број на папки не треба да бидат не повеќе од 5-6, све над тоа е апсолутно одвратно :mad:

Кога ќе видам ваков десктоп, се прашувам дали тие корисници воопшто заслужуваат да го користат тој компјутер.
 
Кога ми се вртка некој комарец околу мене, а не ме каса :D
 
Ееее, ова!
Значи од толку милионити папки низ компјутер, они нашле баш на позадина да редат песни, слики, вордови и триста тракатанци.
Јас упорно им креирам папки, со нивни имиња. Ама џабе. И после само: - Кај ми е сликата сега? Ми ја избриша? Кој ти рече да ми ја бришеш?
:tapp:
Кај мене се само 4 икончиња, оние што ги користам најмногу. И се си имам средено во папки. Некои другари ко ќе видат ми викаат: „Пак го форматираше компјутеров?“
 
Кога се враќам од факс и тоа пензионерите у ЈСП ќе влезат со тоа ПРАЗОТ у раце, поготово у 24ка
 
Додека возам да ми ѕвоени мобилниот од личност што морам да се јавам а не сум во можност за разговор o_O:cautious:
 
Сопствениците на кучиња што не си го собираат сметот позади нив. Значи моментот кога ќе нагазам на "мина"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom