Сите убави мисли ТУКА!

  • Креатор на темата Креатор на темата АуРоРа
  • Време на започнување Време на започнување
-Не можам да ти ја дадам формулата за успех, но можам да ти ја дадам формулата за неуспех - која е: "Пробај да задоволиш секого.“ -Herbert Bayard Swope

-Сите во светот, талкаат како номади ....по нешто подобро...а всушност,смислата и суштината на нашето постоење, она што го САКАМЕ е во нашата глава .... Односно, онаа наша мисла во моментот - тоа сме ние! - В.Н.

-Единствена работа која не можете да ја рециклирате е ....ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ! -Анонимец

-Човекот е како стебло: луѓето го опкружуваат додека има плодови, но
штом ќе паднат плодовите, луѓето го напуштаат и бараат подобро
дрво.(Арапска)
 
Како што расте знаењето, така се смалува вербата. Карлајл

Не зборувај за својот успех пред личност што не успеала. Кинеска поговорка
 
Убавината на тајната е во одлагањето на нејзиното решение.
 
1. Јас немам посебен талент. Само сум страсно љубопитен.
2.
Не дека сум многу паметен, туку останувам на проблемот подолго.
3.Секој човек кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка едноставно не му го обрнува потребното внимание на бакнежот.
4.Фантазијата е сè. Тоа е преглед на атракциите кои доаѓаат во животот. Фантазијата е поважна од знаењето.
5.
Личноста што никогаш не направила грешка, никогаш не ни пробала нешто ново.
6.
Никогаш не мислам на иднината. Таа доаѓа доволно наскоро.
7.
Не настојувајте да бидете успешни, туку да бидете вредни.
8.
Лудило: постојано правење на истите нешта, чекајќи различни резултати.
9.
Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаењето е искуството.
10.
Мора да ги научите правилата на игра. Е тогаш ќе можете да играте подобро од кој било друг.

Aлберт Ајнштајн
 


„ Не стигнав на овој свет да бидам поразен,ниту неуспехот тече низ моите вени.Јас не сум овца која што чека нејзиниот пастир да ја спотера.Јас сум ЛАВ кој одбива да збори,оди и спие со овците.Касапницата на неуспехот не е моја судбина.Ќе си трајам се додека не успеам"
 
„ Не стигнав на овој свет да бидам поразен,ниту неуспехот тече низ моите вени.Јас не сум овца која што чека нејзиниот пастир да ја спотера.Јас сум ЛАВ кој одбива да збори,оди и спие со овците.Касапницата на неуспехот не е моја судбина.Ќе си трајам се додека не успеам"
-Најголемиот трговец на светот:)

-Тоа што го правиш во животот е само една половина од твојот живот,другата поважна половина е со кого тоа го правиш!!!

-Ако човекот во својот животен пат не склопува нови пријателства,наскоро ќе се најде сам и напуштен!!!

[FONT=&quot]-[/FONT]Она што,кога еднаш ќе го видиме и допреме,никогаш не го забораваме и ќе ни ги преокупира мислите додека не не полуди[FONT=&quot]!......

[/FONT]
 
"Сите дни треба да ми бидат свети" - така зборуваше некогаш мудроста на мојата младост, навистина, тоа беше глас на весела мудрост.
Но тогаш вие непријатели, ми ги украдовте моите ноќи и ги продадовте за бессони страдања. Ах каде избега онаа весела мудрост.

Еднаш сакав да танцувам, како што не сум танцувал никогаш дотогаш, сакав да танцувам преку целото небо. Тогаш вие го наговоривте мојот најмил пејач.
И тој запеа една ужасна, глува мелодија, ах ми свиреше во ушите како злокобен рог!
Убиствен пејачу, оружје на злобата, ти најневин! Веќе бев готов за најубав танц, тогаш ти со своите звуци го уби мојот занес!

Како ли можев да го поднесам тоа? Како ги претрпев и ги надвладеав тие рани? Како воскресна пак мојата душа од тие гробови?

Да, во мене има нешто неранливо, нешто што човек не може да го закопа, што ги разурнува карпите..тоа се вика моја волја.
 
We are not human beings on a spiritual journey. We are spiritual beings on a human journey.

Ние не сме човечки суштества на спиритуално патување. Ние сме спиритуални суштества на човечко патување.
 
Немој да командуваш пред да научиш да слушаш. -Соломон

Умот никогаш не е во право освен кога е смирен. -Сенека

Moeto srce ne e pateka da pomines i da si otidesh.... Moeto srce ne e kamin da sestoplish i da si zaminesh. Moeto srce e bozhji hram, vleguvash tamu i ostanuvash zasekogash...
 
... и нека биде загубен за нас денот кога ниту еднаш не се танцувало! И нека се вика лажна за нас секоја вистина во која би немало барем малку смеа! - Ниче
 
Џорџ Орвел-1984

1.Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа во постела, а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
2.Кога не постојат надворешни записи на кои можеш да се повикаш, дури и контурите на твојот сопствен живот ја губат формата.
3.Да се биде идеолошки исправен значи да не се мисли-да нема потреба да се размислува.
4.Твојот најлош непријател е твојот сопствен нервен систем.
5.Се додека не станат свесни, тие никогаш нема да се побунат, а се додека не се побунат, не ќе можат да станат свесни.
6.Ако се придржуваш на малите правила, можеш да ги прекршуваш големите.
7.Нив може да им се дозволи интелектуална слобода зошто немаат интелект.
 
Човек стигнува во есента како на ничија земја: за смрт е премногу рано а за љубов премногу доцна.
-Аледо Луис Мелони

Совест.Што е совеста? ЈАс самиот ја правам.Зошто се измачувам?Од навика. Од општата човечка навика од пред 7000 години. Ако се одвикнеме од совеста ќе бидеме богови.
- Фјодор Михајлович Достоевски
 
Zivotot ne e pesocen casovnik, da go zavrtis i pocnes od pocetok....

Пред да почнеш да се жалиш на должината на патот кој мразиш да го поминеш возејќи - сети се на оние кој истата таа оддалеченост треба да ја поминат пеш.

Пред да се пожалиш на животот- помисли на оние кои прерано умреле.

Пред да почнеш да се жалиш на вкусот на храната - помисли на милиони луѓе кои немаат што да јадат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom