-Кога ќе изгубиш дел од "кариерата", имаш начин како да го вратиш, но кога ќе изгубиш пријател, тогаш времето за обновување, крпење, шиење е многу долго и ништо нема да е повеќе исто!
-Умот е нешто сосема спротивно од парите, колку помалку го има, човекот е позадоволен.
-Ако љубовта зависи од нашата слободна волја, зошто не престанат да сакаат оние кои би сакале да престанат?Напротив, плачат од болка и робуваат на љубовта, дури и оние горди луѓе кои инаку го сметаат ропството за најголемо зло и со задоволство се лишуваат поради љубовта од нешто од што инаку никогаш не би се откажале и ја носат својата љубов како болест или пранги и живеат во страв да не го изгубат оној што го сакаат.