Симпатизер или навивач?

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Поттикнат од ставовите на Викторгг на ова прашање, ја отворам оваа тема да разјасниме како што треба.

Дали сте симпатизери, или навивачи на вашиот омилен клуб? По мое гледиште, а до некаде и на Викторгг, навивач може да си само на клуб од домашното првенство, и не туку-така, туку да го поддржуваш во лошо и добро, да даваш се за тимот, да одиш на стадион на натпревари и се што оди со тоа...

Не можеш да бидеш навивач на клуб надвор од твојата држава, иако и јас самиот се ословувам како таков, конкретно за Челзи.
Никогаш не си отишол на стадион, никогаш нема да одиш, ништо не си направил за да му помогнеш на клубот - ти си нула и не си постоел за клубот. (зборувам за нормални случаи, знам дека има и кај нас некој што отишол на натпревар на Милан, Баерн, Манчестер, Барселона...)
Иако знаеш се’ за клубот (како еден мој болен другар што ги знае и докторите и физиотерапевтите на Милан, да не прајме муабет за играчи...), не си навивач, туку едноставно симпатизер. Иако секој голем успех или тежок пораз го доживуваш со големи емоции и како своја лична победа или пораз, не си навивач.

Тоа беше мое мислење, чекам и ваши (издржани) мислења околу оваа дебата што по темите на Фан Клуб се развлекува подолго време.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
А некој шо бил на натпревар е навивач и другата недела нема време и си гледа на тв и симпатизер е?
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Континуирано одење на стадион = навивач.

Бојкот на клубот со причина (неодење на стадион) = навивач.

Ако е од било која причина спречен да оди на стадион и се туфка цело време = навивач.

Друго?:)
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.727
Поени од реакции
5.396
постои и занимање професионален навивач :pos: ова го читав порано не знам само каде ако најдам линк ќе ставам знам само дека беше навивач на безбол тимови по американа :) и заработуваше голема пара за разлика од нашиве навивачи што заработуваат пендерци :pos: :pos:
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ако мислиш на поделбата на навивачите на Hooligans и Casulas, то е сосем трет муабет.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Па вака.Фантоме од една страна добра ти е поделбата.Стварно, кој не бил на стадион не е навивач на клубот.Но, што да правиме ние што сме далеку од градот на нашиот омилен клуб?Еве јас сум за Манчестер, ти за Челзи.Сме немале шанса да појдиме досега да гледаме, тоа не прави симпатизери?Тој збор мене повеќе ми изгледа како некој незаинтересиран, кој така површно знае за клубот и "навива".Мислам дека единствената разлика помеќу мене и навивачите на Манчестер што одат на стадион секогаш е само местото на живеење.Истата страст ја имаме.Како што урлаат и тие на стадион, така и јас.Само што не можам да бидам со нив на стадион.Ги знам и песните, и се друго, но што ми вреди кога не сум таму?Симпатизер не сум, навивач како нив не можам да бидам освен ако не се преселам таму.Во која група сум?Би требало да има нешто помеѓу, некоја група.Всушност затоа и се фан клубовите, фанатици на еден клуб кои прават мини атмосфера како на стадионот само што се на другиот крај на планетата.Тие се исти како и навивачите кои одат на стадион.Ова е мое размислување, некој може и нема да се согласи:)
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јас поинаку ги сваќам термините навивач и симпатизер.

Навивач си кога сакаш некој тим и го пратиш константно без разлика дали одиш на натпревари или не. А симпатизер е лице кое на моменти прати фудбал и навива по малку за некој тим. Не ми е поврзано тоа со дали одиш на натпревари или не!

Сметам дека сум навивач на мојот тим. Не би се сложила дека сум симпатизер, поинаку го сваќам како што кажав тој збор. Навивач сум, со го сакам тимот, се би направила да одам на натперавар, ги пратам неговите натпревари постојано.

А она не може да си навивач на тим надвор од твојата држава. Па како да навивам за некој тим тука, да го подржувам кога прво катастрофа лига имаме, не даваат фудбал на ТВ, постојано тепачки и прекинување на натпревари и најбитно не знаеш дали твојот тим ќе опстои и наредната сезона и ќе има спонзори кои ќе го подржуваат. Кога би имало добар фудбал во Македонија јас би била и повеќе од навивач на некој тим од тука.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Јас поинаку ги сваќам термините навивач и симпатизер.

Навивач си кога сакаш некој тим и го пратиш константно без разлика дали одиш на натпревари или не. А симпатизер е лице кое на моменти прати фудбал и навива по малку за некој тим. Не ми е поврзано тоа со дали одиш на натпревари или не!

Сметам дека сум навивач на мојот тим. Не би се сложила дека сум симпатизер, поинаку го сваќам како што кажав тој збор. Навивач сум, со го сакам тимот, се би направила да одам на натперавар, ги пратам неговите натпревари постојано.

А она не може да си навивач на тим надвор од твојата држава. Па како да навивам за некој тим тука, да го подржувам кога прво катастрофа лига имаме, не даваат фудбал на ТВ, постојано тепачки и прекинување на натпревари и најбитно не знаеш дали твојот тим ќе опстои и наредната сезона и ќе има спонзори кои ќе го подржуваат. Кога би имало добар фудбал во Македонија јас би била и повеќе од навивач.
Го делам твоето мислење Росонерке.Тоа е и моето размислување.Далеку сме од симпатизери:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Не би се согласил дека ако си навивач мора да одиш на натпревари и да навиваш. Некој да кажеме не може да отиде на стадион, како на пример еве ние у Македонија што навиваме за тимови од Англија, Шпанија, Италија.
Битно е чувството, секој навивач се радува и плаче од радост кога неговиот тим односно тимот за кој навива освојува титули.
Значи ние ако не можеме да отидеме у Манчестер, у Лондон, у Мадрид на утакмица и да навиваме автоматски сме симпатизери. Не би кажал.
Мене сон ми е да одам на Олд Трафорд на една утакмица на Манчестер и морам да го остварам тој сон. Морам. Тоа ми е најголемиот сон у животот.
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Сметам дека сум навивач на мојот тим. Не би се сложила дека сум симпатизер, поинаку го сваќам како што кажав тој збор. Навивач сум, со го сакам тимот, се би направила да одам на натперавар, ги пратам неговите натпревари постојано.

А она не може да си навивач на тим надвор од твојата држава. Па како да навивам за некој тим тука, да го подржувам кога прво катастрофа лига имаме, не даваат фудбал на ТВ, постојано тепачки и прекинување на натпревари и најбитно не знаеш дали твојот тим ќе опстои и наредната сезона и ќе има спонзори кои ќе го подржуваат. Кога би имало добар фудбал во Македонија јас би била и повеќе од навивач.
За болдираното: Секој што ќе пише на темава би направил се да оди на натпревар на својот омилен клуб (од англиска/италијанска/шпанска/германска/итн. лига). Финтата е шо цел живот ќе окапаме пред ТВ мислејќи дека сме направиле нешто за клубот со тоа што се нервираме за него и што го поддржуваме, а уствари исто како да не сме постоеле.

За вториот дел: Колку и да е лошо првенството, исполитизирана гарнитура во ФФМ, тепачки и глупости - знам луѓе кои буквално не пропуштаат натпревар на тимот, без разлика дали игра трета или прва лига. Знам лично Англичанец кој е за Nottingham Forrest, тим кој се има натпреварувано од Трета Лига Југ до Прва Англиска Лига (сегашна Премиер), има освоено Европски Куп (сегашна ЛШ) и тн... Минатата сезона играче во трета лига (англиска прва дивизија) а сега ќе игра во втора лига... Човекот умира за тимот, нема пропуштено натпревар од 2004та (кога починала мајка му) и е прав навивач, за разлика од 90-95% македонски љубители на фудбалот.
 
И пак, единствената разлика е локацијата во светот.Мислиш имам пропуштено натпревар на Манчестер?Каква 2004, од порано јас секој викенд не пропуштам натпревар.Кога беше концертот на Леб и Сол во Скопје, тој последниот, требаше да одам, ама не појдов оти кога требаше да тргнам Манчестер играше против Сити:)

Едит: Баш сега се сетив, за еден од најтврдокорните навивачи во светот.На Дискавери имаше документарна за бразилски навивачки групи и имаше и за него.Човекот се викаше Рафа, водач на навивачите на, ако не се лажам на Флуминензе или Палмеирас.Човекот ја пропуштил свадбата на сестра му поради претсезонски пријателски натпревар на тимот!Заразен, скраја да е.Не сакам такви типови:)
 
ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Дали сте симпатизери, или навивачи на вашиот омилен клуб? По мое гледиште, а до некаде и на Викторгг, навивач може да си само на клуб од домашното првенство, и не туку-така, туку да го поддржуваш во лошо и добро, да даваш се за тимот, да одиш на стадион на натпревари и се што оди со тоа...

Не можеш да бидеш навивач на клуб надвор од твојата држава, иако и јас самиот се ословувам како таков, конкретно за Челзи.
Никогаш не си отишол на стадион, никогаш нема да одиш, ништо не си направил за да му помогнеш на клубот - ти си нула и не си постоел за клубот. (зборувам за нормални случаи, знам дека има и кај нас некој што отишол на натпревар на Милан, Баерн, Манчестер, Барселона...)
Иако знаеш се’ за клубот (како еден мој болен другар што ги знае и докторите и физиотерапевтите на Милан, да не прајме муабет за играчи...), не си навивач, туку едноставно симпатизер. Иако секој голем успех или тежок пораз го доживуваш со големи емоции и како своја лична победа или пораз, не си навивач.
Од една страна 90% од Македонците сме симпатизери ( со 10% исклучок на оние кои навиваат за Македонските тимови ) , но со оглед на можностите кои ги имаме би можеле да се нарекуваме навивачи.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.106
Поени од реакции
5.843
Симпатизер или навивач? Што, толку многу зборови имаме за човек кој сака некој фудбалски клуб, па почнавме и разлики да правиме меѓу нив? Во англискиот јазик се знае, има еден збор, а тоа е fan.
 
ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
За болдираното: Секој што ќе пише на темава би направил се да оди на натпревар на својот омилен клуб (од англиска/италијанска/шпанска/германска/итн. лига). Финтата е шо цел живот ќе окапаме пред ТВ мислејќи дека сме направиле нешто за клубот со тоа што се нервираме за него и што го поддржуваме, а уствари исто како да не сме постоеле.
Добро бе Фантом, втор пат го повторуваш ова. Па што треба НИЕ да наравиме за тимот, играчите се тие што треба да прават нешто. :)
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За болдираното: Секој што ќе пише на темава би направил се да оди на натпревар на својот омилен клуб (од англиска/италијанска/шпанска/германска/итн. лига). Финтата е шо цел живот ќе окапаме пред ТВ мислејќи дека сме направиле нешто за клубот со тоа што се нервираме за него и што го поддржуваме, а уствари исто како да не сме постоеле.

За вториот дел: Колку и да е лошо првенството, исполитизирана гарнитура во ФФМ, тепачки и глупости - знам луѓе кои буквално не пропуштаат натпревар на тимот, без разлика дали игра трета или прва лига. Знам лично Англичанец кој е за Nottingham Forrest, тим кој се има натпреварувано од Трета Лига Југ до Прва Англиска Лига (сегашна Премиер), има освоено Европски Куп (сегашна ЛШ) и тн... Минатата сезона играче во трета лига (англиска прва дивизија) а сега ќе игра во втора лига... Човекот умира за тимот, нема пропуштено натпревар од 2004та (кога починала мајка му) и е прав навивач, за разлика од 90-95% македонски љубители на фудбалот.
Значи прво Фантом јас неги дефинирам поимите навивач и симпатизер онака како што си напишал ти, но ок тоа ај си кажав што мислам.

За првото значи нормално е убаво си кажа сите да посакуваме да одиме на натпревар на нашиот тим. Но оноа ништо не сме направиле за него... а што прават останатите навивачи? Одат на натпревари, се собираат заедно да гледаат, можат да влијаат на клубот преку нивните фан клубови еден минимален процент или воопшто да не влијаат. Тоа што не одиме на натпревари поради далечината и што не живееме во таа земја не не прави помалку навивачи според мене. Сигурна сум дека ако еден ден одам на Сан Сиро на натпревар навивачите што одат постојано на натпревар нема да се разликуваат нималку од мене.
А и денес е 21 век постои интернет навивачите на одреден клуб се поврзани преку форуми, фан клубовите се на нет така што и ние или во случајов јас сум дел од нив.
Така што како и да е јас не се чуствувам нималку како симпатизер.

А за тоа дека има македонци што ги подржуваат клубовите точно и им симнувам капа. Кај нас треба многу да се вложува на тоа поле но тоа е друга тема да не мешам. Кажав кога ке има барем малку квалитетен фудбал и некорумпиран во Македонија јас ќе ги подрам дефинитивно. До тогаш ќе одам на репрезентативните натпревари и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom