Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Ја реиздадоа издавачка куќа Муза.
https://www.instagram.com/p/CBp_2vznfIC/

Сигурно работат со достава или ќе ти кажат во кои книжарници ја има.
Стигна за два работни дена, доставата до дома е бесплатна.
26ee84fe8c3a9ece313b8f35eac0c71c.jpg
6f44b88093d7199d54394a12ef31b8ca.jpg
 
,,Изгубени германци“ од Дуковски. Препрочитана и вечно дискутабилна.
 
Едно прашање - Дали книгата од Славко Јаневски е оригиналната верзија „Село зад седумте јасени“ или преработката од истата со наслов „Стебла“? Не ми е јасно бидејќи и двата наслови ги има напишано на корицата.
 
И двата романи ги има, и Село зад седумте јасени, и Стебла.
 
Од 900 симната на околу 650 денари е сеа.

Во Три, македонското издание се продаваше за 150-200 денари. Чуден стил најблаго кажано, а неблаго кажано оскуден и сиромашен. Еве вака некако беше:

Пакување куфери. Авион. Аеродром, Денвер. Дванаесет на пладне или пет наутро. Марла ме прашуваа некои прашања. Не ја слушам. Убава е. Ми ја држи раката. Тајлер. Тајлер го знае тоа, Тајлер ќе го направи тоа. Кој ден е, недела или среда? Може ли да се побегне од ова? Тајлер. Тајлер ќе знае, Тајлер знае се.

Прескокни ја слободно.

Последна купена книга, вон овие денес што ги земав.

126212253_738765450069341_7777917362413164147_n.jpg

Првата книга на Борхес издадена на македонски. Тврда корица и омот. Уште два пати истата книга на Борхес е издадена на македонски, еднаш од Табернакул, еднаш од Бегемот. И во двете насловот е преведен како Фикции, на оригинал е Ficciones. Што е така тажничко малце. Јас сум може последен кој треба да кажува за употреба на англицизми или латинизми во изговор, ама јас не сум официјален книгоиздавател или преведувач.
Книгава е дел од едиција наречена "Свет и Време" издадена на почетокот на 70-тите од НИП Нова Македонија.
126314116_476894449952199_7876712983073411932_n.jpg
Книгите во едицијата се издавани и во тврд и во мек повез и се соврмени наслови и автори за тој период што и не било баш типично за тогашното југословенско а особено македонско книгоиздавателство. Доказ за тоа е што добар дел од авторите по втор пат на македонски се преведени тек во 20 век, некои дури и во последниве неколку години. Освен првиот Борхес на македонски тука спаѓаат и автори како изразитиот антикомунист и нобеловец Солженицин, па првото издание на Мајсторот и Маргарита на Булгаков три години по откривањето на оригиналот на руски, Андреј Платонов за кој Жижек има кажано дека заедно со Кафка и Бекет се единствените писатели на 20-ти век кои ги признава, после тоа самиот мајстор на апсурдот и нобеловец Бекет, па и еден Белоу кој за време на едицијата сеуште не бил нобеловец но ќе стане нешто подоцна, па Сартр, уште еден во низата нобеловци, Апдајк кој тек подоцна ќе реди пулицери и ќе остава траг во литературата, првиот роман на Кундера-Шега, издаден (за тогаш) само 2 години пред да биде преведен на македонски итн... Со оглед на немањето интернет и далку послабата информираност и раширеност на медиуми, кој и да го правел изборот за оваа едиција бил исклучеително упатен во литература и имал визионерска проценка.
 
Oд кај нас ги земав, не од интернет.
 
Во Три, македонското издание се продаваше за 150-200 денари. Чуден стил најблаго кажано, а неблаго кажано оскуден и сиромашен. Еве вака некако беше:

Пакување куфери. Авион. Аеродром, Денвер. Дванаесет на пладне или пет наутро. Марла ме прашуваа некои прашања. Не ја слушам. Убава е. Ми ја држи раката. Тајлер. Тајлер го знае тоа, Тајлер ќе го направи тоа. Кој ден е, недела или среда? Може ли да се побегне од ова? Тајлер. Тајлер ќе знае, Тајлер знае се.

Прескокни ја слободно.

Jas ja imam taa verzija od Tri. Opisot ti e on point, mnogu e losa.

IMG_20201125_193842.jpg

IMG_20201125_194324.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom