Шумечи таблети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Ко мал ги пиев и вкусни ми беа.
Брат ми пред нова година беше зел две пакувања, витамин ц и мултивитамин, али многу грд вкус имаат :sick: , еве ги уште стоат. Наместо нив бидејќи не ги можам пијам природен цеден сок од лимон, портокал и мандарини (без шеќер).
 
Немој да пиете навечер, тоес пред да си легнете
Ке ве врти несоница, тој су витамини кои реагираф и кои га држиф будан организам.Тешко дека ке заспиете наредни два три саата
Ретко пију овакфи работе,некад па некад.Калциум да си пиете за коске.Најинтересан дел е кд шуми у воду
Шшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшш

И не е шумеча,шумеќа е
Ај ја што рокам на дијалект такф сам, ама ви се праите сс силу литературни а викате Џокович,Шумеча,Џус...

Сакаш да ми кажеш дека правилно е Ѓус, а не Џус? :D
 
Моја тема. :vozbud:

Инаку, јас сум ко термит за шумливи таблети. Штом ги има, има да ги нема. :icon_lol:
Гледам да не претерувам, ама срце издјничко... го копка. А кога ги пуштам во вода, ги пуштам од повисоко, за да шлапнат повеќе и да почнат да брмчат. :icon_mrgr:

Вообичаено знаат да настрадаат околните предмети, како работната маса... ама вода е, па што. :D
 
Ко шумеча таблета шушка информација дека Спонџ Бобсон ќе бил иден модератор на Гурманско катче.....................................................................................


За почеток,само на една тема,на пример Зејтин. Од каде потекнуа зејтинот,колку се користи,анкета со гостиварчани кои од нив користат зејтин а кои улје има семинарска да состави и да ја брани за Дипломиран Модератор на КАЈГАНА ФОРУМ.
 
Намерно пишува грешки за да види дали го пратиме :cautious:


Хахах...јас прво си реков дали да се спуштам на толку ниско ниво да му реплицирам....ама неможев да издржам таква глупост да остане неисправена.

Он топик:

Шумечите таблети не треб да се пијат без потреба....на пример ви текнува сега ај ќе си купам со Магнезиум и да си цуцкате ко сокче....треба да се консултирате со стручно лице за да ви објасни кои витамини му се потребни на телото во кои периоди.
 
Јас ретко го користам шумливи таблети односно бидејќи порано во почетокот во МК немаше и од Германија ми донесоа шумливи и тоа директно од аптека ,а не од самопослуги и беа вкусни и оригинални колку што памтам ,а сега се е вешатко и полн со адитиви затоа си користам она што е природно портокали,мандарини,цитрони ,јаболки во зависи од сезона.


Sent from my iPad 3 using Tapatalk
 
од кои витамини во шумечките се добива хипервитаминоза, да слушнам?!
 
Скоро никогаш ги немам користено. И повеќе сум за овошје отколку ова срањево, изеди еден портокал ќе имаш многу повеќе витамини отколку таблетиве, а да не зборуваме за влакната кои што ги има во кората на портокалот кој што се многу потребни за нас а истите ги нема во таблетите...

на денешно време ни апчиња да пиеш ни па овошје да јадеш.. Во тоа овошјето уште шо не му се става за поубаво да изгледа и слично... едино дома во двор да си насадете нешто овошје зеленчук па здраво да си се хранете и сите витамини преку храна да се добијат
 
Јас ретко го користам шумливи таблети односно бидејќи порано во почетокот во МК немаше и од Германија ми донесоа шумливи и тоа директно од аптека ,а не од самопослуги и беа вкусни и оригинални колку што памтам ,а сега се е вешатко и полн со адитиви затоа си користам она што е природно портокали,мандарини,цитрони ,јаболки во зависи од сезона.


Sent from my iPad 3 using Tapatalk

Како тоа таблетите биле оригинални? Има и фалсификат шумечи? :eek:

Он (ако може да се биде на темава) - мрзам шумечи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom