“Во тоа време живеел Исус, човек мудар ако воопшто може да се нарече човек. Правел, имено, необични нешта и бил учител на луѓето, кои што со радост ја прифаќале вистината. По него тргнале многумина пагани. Тој бил Христос. А кога пред очите на нашите најпознати луѓе Пилат го осудил на смрт, со распнување на крст, неговите дотогашни истомисленици и приврзаници не престанале да го сакаат. Тој, имено на третиот ден повторно се појавил пред нив како жив, исто како божјите пророци што прорекувале за него, како и многу други зачудувачки работи. И од тогаш па до денес постои заедница на христијаните кои што по него го добиле и своето име“
18.3.3
Прво треба да се знаи кој и што бил Јосиф. Јосиф Флавиј, беше една од најинтересните личности од стариот век, Евреин, учесник и водач на востаниа против Рим, храбар борец, за потоа да стане Римски граѓанин, и Римски преговарувач со Евреите. Писател (Древната Историја на Израел, Историја на Еврејската војне, Против Апион, Мојот живот...), теолог, ОРТОДОКСЕН ЕВРЕИН, ФАРИСЕЈ И СВЕШТЕНИК, на големиот храм во Ерусалем и Макабеец. Горниот текст е од перо на ХРИСТИЈАНИН затоа што еден ОРТОДОКСЕН ЕВРЕИН (згора и СВЕШТЕНИК) Никогаш не би напишал за Исус дека е месија дека е најавен од пророците а камоли дека ВОСКРЕСНАЛ. Али на страна од тоа да видиме кога се појавува овој уфрлок?