Што значи да се биде Христијанин?

  • Креатор на темата Креатор на темата Maksimilijan
  • Време на започнување Време на започнување
Па самиот велиш АКО МАТЕЈ....
значо и самиот пристануваш дека може и да не е така

Инаку во еврејскиот напис е “млада жена“, девојка.. не девица, во евангелијата дојде како “девица“ по Грчкиот превод на Тората, таму на грчки е преведено како “девица“

Инаку Марија имала и други деца, браќа и сестри на Исус
 
Се е конфузно оти евангелистите

Конфузно е само за оние врз кои се исполнува пророштвото на Исаија...
„Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’
„Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.”
(Исаија 6:9,10)
 
Преведено е со девица затоа што тоа си е сосема соодветен збор за хебрејскиот збор Almah, млада девојка во таа култура (каде многу млади се мажеле, си е синоним за девица. Освен ако не е блудница).

Добро утро за информацијата дека Марија имала и други деца покрај Иссу. Па ниакде не се вели за неа "Вечна Девица".
 
Но тоа не ги објаснува контрадикциите во Новиот завет
Дали духот му се јавил на Јосиф или на Марија
Дали е роден исус во 6ста година ПНЕ или во 7ма година НЕ
Дали бил во Египет па дошол или во Галилеја
Дали почнал да проповеда на 30 или на 50 години
Дали проповедал во Галилеја или Јудеја
Дали е уапсен на пАсха или пред Пасха
Дали имало едно или две судења
Што рекол последно на крстот
Кој го открил празниот гроб
На кој првому се покажал
Дали Павликанизмот е и Христијанството
Сите овие а и многу други прашања допринеа за расцепкување на Христијанствоито, на Католици, Православни, Лутерани, Адвентисти, Баптисти.....

ПС
Инаку цитатот ти е од неправославна библија најверојатно протестантска
кај МПЦ стоји:

9. Тогаш Он рече “Оди и кажи му на тој народ: со ушите ќе чуете и нема да разберете, и со очи ќе гледате - и нема да видите

10. Зошто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвариле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разберат, та да се обрнат да ги излекувам

Протестантите имаат скратена верзиија на светите писма каде доста текстови фалат (веројатно во твојата библија пишува ДВАНАЕСЕТ наместо ЕДИНАЕСЕТ)
 
Раководителе, со последниов пост сватив со кого си имам работа и дали вреди да си троам време за објаснување.
Горните "контрадикции" (за оние врз кого е упатено пророштвото на Исаија) воопшто не се причина за разните деноминации. Смешно е да објаснувам зошто.
Протестантите немаат скратена верзија на Библијата, туку ги имаат сите 66 протоканонски книги на Стариот (39) и Новиот 27) завет.

Јас имам, ајде да не кажувам бројка ќе речам неколку Библии дома, и меѓу нив имам 2 ПРавославни изданија на Библијата, едната од 2005, а другата (најновото ревидирано издание) од 2006. И во оваа вторава е поправена грешката што ти ја наведе и таму си стои "дванаесетмината".
Се прашувам дали ти имаш икаква Библија дома или само ми копираш од веб.

п.с. Дали сакаш да ти најдам поволна Православна Библија (сериозен сум).
 
Протестантите имаат скратена верзиија на светите писма каде доста текстови фалат (веројатно во твојата библија пишува ДВАНАЕСЕТ наместо ЕДИНАЕСЕТ)

Член дај те молам.Единствената разлика е во 11 дефтероканонски книги кои и самата православна црква ги прогласила за read only. Сето друго е исто.
 
Мене ништо не ми значи ова.
Кажи ми ти мене дали Давид е директен наследник( по род) на Саул?
Знам дека го знаеш одговорот, па потоа кажи дали тоа не е случај и со Јосиф и Исус, ако прифатиш дека Исус е божји син (дури и теоретски во твој случај).
Може да добијам одговор на ова?
 
Член дај те молам.Единствената разлика е во 11 дефтероканонски книги кои и самата православна црква ги прогласила за read only. Сето друго е исто.

ЕДИНСТВЕНА РАЗЛИКА Е ВО ДОДАТНИ КНИГИ????

Света книга... ај малку да разгледаме што тоа значи.. кој што може и смее да изменува. Колку се свети светите книги... “е де фалат неколку книги.. чудо големо“... “еее веќе... приклаени се неколку книги... чудо големо“ “еее веќе се разликувале текстовите тук там... чудо големо“ Затоа и имаме разлики во преводи од верзија до верзија зато имаме додадени испуштени некомплетни ... книги.
 
Не знам зошто Саула го ставаш во контекст со Давида
ОД СЕМЕТО ДАВИДОВО
така да пред Давид и не се поставува прашање на легитимитетот на лозата. Давид бил крал на Израел со самото тоа и божји избраник.
 
Не знам зошто Саула го ставаш во контекст со Давида
ОД СЕМЕТО ДАВИДОВО
така да пред Давид и не се поставува прашање на легитимитетот на лозата. Давид бил крал на Израел со самото тоа и божји избраник.
Саул е прв крал на Израел нели?
Давид е втор а не се во род. Тоа е поентата. Исто и со Исус не е во род со Давид, а ја наследува лозата. Затоа што е божји син исто како што Давид бил божји избраник.
 
ЕДИНСТВЕНА РАЗЛИКА Е ВО ДОДАТНИ КНИГИ????

Света книга... ај малку да разгледаме што тоа значи.. кој што може и смее да изменува. Колку се свети светите книги... “е де фалат неколку книги.. чудо големо“... “еее веќе... приклаени се неколку книги... чудо големо“ “еее веќе се разликувале текстовите тук там... чудо големо“ Затоа и имаме разлики во преводи од верзија до верзија зато имаме додадени испуштени некомплетни ... книги.
"Макавеите“, за прв пат се канонизирани на Картагинскиот Собор во 393, а дотогаш биле во употреба на Црквата како дефтероканонски (за читање), без да бидат во склоп на Светото Писмо.
Без испрекинати одговори со омаловажување...тие свети книги..едвај ги признала и православната црква. Ги користи како матреријал за читање, а не како свети книги.
 
Ти велам јас има разлики од христијанска црква до христијанска црква.
Гледаш дека сум во право.
А ако навлезиме во текстовите, тогаш дури на видело испливуваат разлики на секој чекор (во текстовите кои се заеднички за разните христијански цркви)
 
Покрај Евангелијата,кои навистина не гледам причина да се отфрлаат како "доказ"бидејќи се пишувани од негови современици,луѓе кои биле негови компањони за што постојат валидни документи(и ова само по себе ова е доволен аргумент,ако споредуваме со други значајни историски личности за кои нема никакви пишани извори освен текстовите кои се користат за цитирање на истите а се пишувани далеку подоцна),тука се и сведоштвата од "надворешните"секуларни извори.
Римскиот историчар Тацит(живеел во I век)во своите Анали известува за "суеверни" христијани кои се наречени по Christus кој бил погубен под Понтиј Пилат,во време на вледение на цар Тибериј.
Јосиф Флавиј-Еврејски историчар известува за "Јаков,брат на Исус наречен Христос..."
Плиниј Помладиот,Јулиј Африканецот,,Вавилонската верзија на Талмуд, па ако сакаш и гностичките евангелија-сите реферираат за евреинот Исус.
Контрадикторностите околу животот на Исус се тенденциозна и непоткрепена измислица на истите кои го прогласија за митска личност.

Евангелијата се пишувани од автори кои никогаш не го виделе Исуса, со децении а и векови ПО снртта на Исус. Затоа и се полни со контрадикторности. Од почеток до крај, на пример, еве само еден мал мал дел каде евангелијата се противречат едно со друго:

Дали светиот дух му го најави раѓањето на Исуса на Марија (кај Лука) или на Јосиф (Кај Матеј) ??

Дали Исус е роден за време на владеењето на Херод околу 5-6 година ПНЕ или за време на Римскиот попис околу 6-7 година НЕ (разлика од 11-13 години)

Дали Исус со семејството бега во Египет заради колежот на првородените (по Матеј) или се сели од Витлеем во Назарт заради пописот (спрема Лука)

Дали Јован го крстил Исуса (према Матеј Марко и Јован) или (према Лука) во тоа време Јован веќе бил мртов

Дали Исус (по Јован) бил повеќе пати во ерусалем или по другите евангелисти само еднаш

Дали Тајната вечера се одржала на Пасха (четринаесетиот ден од месецот) или (према Јован) на тринаесетиот ден

Дали во Бетанија (по Марко и Матеј) Исус е на гости кај лепрозниот Симон чија што жена истура врз Исусовата глава скапоцено масло или е на гости (по Лука) кај фарисејот Симон каде грешница му ги потурува нозете на Исуса и ги брише со својата коса или (по Јован) гозбата во Бетанија е порано и се одвива кај Лазар и неговите сестри Марија и Марта

Дали Исуса го уапсиле еврејите или (по Јована) и римските војници

Дали имаше две (Матеј и Марко) или едно (Лука и Јован) судење пред Синедриумот

Дали последните зборови на крстот беа Господе зошто ме остави (Матеј и Марко) Татко во твоите раце го предавам духот свој (Лука) или Се сврши (Јован)

Дали гробот без телото го нашле (по Марко) Марија Магдалена, Марија на Јаков и Салома или уште две жени (по Лука) или само Марија Магдалена (по Јован)

Дали Исус прво се покажал на апостолите во Галилеја (по Матеј) или (по Лука и Јован) во Ерусалем па во Јудеа,

Каде Исус се разделил од своите ученици дали (по Матеј) во некоја гора во Галилеја или (по по Лука) во Бетанија или на брегот на Галилејското езеро или во Ерусалем

Дали Исус се вознел (по Лука) во драматична сцена или (по Матеј и Јован) тивко исчезнал откако му дал последни поуки на учениците

Ова е само еден мал дел од мнооогуте разлики помеѓу евангелијата (да не навлегувам колку и кого воскреснал што рекол и каде бил)
 
Евангелијата се пишувани од автори кои никогаш не го виделе Исуса, со децении а и векови ПО снртта на Исус. Затоа и се полни со контрадикторности. Од почеток до крај, на пример, еве само еден мал мал дел каде евангелијата се противречат едно со друго:

Евангелијата не се пишувани со векови, туку само неколку децении по смртта на Исус. Двајца од писателите (Матеј и Јован) биле апостоли на Исус, значи во последните години од Неговиот живот Го гледале повеќе од мајка Му, со други зборови, Му биле фамилија.
Во евангелијата нема контрадикторности. Овие подоле, како што ќе видиш, се само твои неразбрани прашања и дилеми што ти се појавиле заради твојот погрешен мотив со кој си пристапил кон евангелијата.

Дали светиот дух му го најави раѓањето на Исуса на Марија (кај Лука) или на Јосиф (Кај Матеј) ??

Прашањево е смешно. Светиот Дух го најавил раѓањето на Исус и кај Марија, и кај Јосиф. Лука го опишува едниот настан, а Матеј другиот. Што е контрадикторно тука? Тоа е и целта на 4те евангелија, да се дополнуваат едни со други.

Дали Исус е роден за време на владеењето на Херод околу 5-6 година ПНЕ или за време на Римскиот попис околу 6-7 година НЕ (разлика од 11-13 години)

Историјава ти е сомнителна (да не речам измислена). Ајде наведи ги историските документи каде е документирано кога умрел Херод (Ирод), во која година е пописот во Галијеја, поточно докажи ми дека во 6та година ПНЕ немало попис... па ќе дискутираме.

Дали Исус со семејството бега во Египет заради колежот на првородените (по Матеј) или се сели од Витлеем во Назарт заради пописот (спрема Лука)

Прво бега во Египет, а потоа се сели во Назарет. Матеј го спомнува колежот на првородените, а Лука не го спомнува, но и двајцата велат дека Исус со семејството се вратиле во Назарет. (Матеј 2:23; Лука 2:39)

Дали Јован го крстил Исуса (према Матеј Марко и Јован) или (према Лука) во тоа време Јован веќе бил мртов

Јован Го крстил Исус. Каде тоа во Лука се вели дека Јован бил мртов при крштевањето на Исус? :)

Дали Исус (по Јован) бил повеќе пати во ерусалем или по другите евангелисти само еднаш

Исус бил повеќе пати во Ерусалим.
Каде тоа другите евангелисти велат дека Исус само еднаш бил во Ерусалим?

Дали во Бетанија (по Марко и Матеј) Исус е на гости кај лепрозниот Симон чија што жена истура врз Исусовата глава скапоцено масло или е на гости (по Лука) кај фарисејот Симон каде грешница му ги потурува нозете на Исуса и ги брише со својата коса или (по Јован) гозбата во Бетанија е порано и се одвива кај Лазар и неговите сестри Марија и Марта

Исус е многу дружељубив човек и бил, верувал или не, кај сите нив на гости :)

Дали Исуса го уапсиле еврејите или (по Јована) и римските војници
Каде тоа "по Јована" се вели дека римските војници го апселе Исуса?
Јован xx:xx (стави бројки на местото на x)

Дали имаше две (Матеј и Марко) или едно (Лука и Јован) судење пред Синедриумот

На какви "две" судења тука мислиш? Таму имаше само едно (долго и драматично) судење - судењето на Исус Христос - кое се одвиваше со неколку прекини поради желбата на Пилат да Го ослободи Христос.

Дали последните зборови на крстот беа Господе зошто ме остави (Матеј и Марко) Татко во твоите раце го предавам духот свој (Лука) или Се сврши (Јован)

Последните Исусови зборови (ако се сметаат за последни тие што ги кажал пред да умре на крстот) беа "Татко, Го предавам Својот Дух во Твои раце." Лука 23:46

Образложение:

Тие се последните Исусови зборови затоа што тоа е единственото место во евангелијата после кое што следи: "И кога Го рече тоа - издивна". Лука 23:46
Кај другите евангелисти Исусовата смрт не настапува веднаш по наведените зборови.

Доста ти се за сега, кога ќе имам време ќе ти ги одговорам и другите прашања. А ти во меѓувреме размислувај дали станува збор за "контрадикции" или само за неразјаснети прашања од евангелијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom