Гугле библист е оној кој не може да се снајде во историските лавиринти, чудните имиња на христијанските теолози, историчари и писатели, концилите и соборите, одлуките и каноните, и кој најверојатно нема ни библија дома (или ако ја има не е православна туку е од оние бесплатните што ги делат на штандови разни христијански фракции). Инаку многу ме трогна таа реченица твоја
Значи ли дека 850 милиони хиндуисти кои веруваат во религија постара од Христијанството се исто НАУЧНО докажани...
Значи ли дека 365 милиони будисти се во право?
Значи ли дека нешто над милијарда муслимани се во право и научно докажани???
Општо познато и НАУЧНО.. не се секогаш рака под рака... инаку се уште ќе одевме по плочеста земја која е во центарот на вселената и околу која се врти сонцето
1. Дај малце сериозно. Штандови, фракции... нема смисла.
2. Хиндусите, будистите и сите други верници се ВЕРНИЦИ што ВЕРУВААТ во нешто што не мора да е докажано. Јас ти зборам за научна вистина која ја прифаќаат научници што се и атеисти. Научна вистина исто како што е научна вистина тоа што земјата не е тркалезна. Ме сфаќаш или уште не? Значи, тука не ги мешам натприродните моќи на Исус. Само постоењето на Исус.
3. Не реков општопознато. Реков општоприфатено. Голема разлика има.