Што за тебе претставува љубовта?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nuke
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми текнува од кој сајт го имам превземено, но многу се пронаоѓаме во следните ситуации:

Да, тоа е љубов!

- Рацете ти се тресат, срцето забрзано ти чука, а здивот ти застанува?! Тое не е љубов, тоа е допаѓање!!!
- Неможеш да го тргнеш погледот или рацете од неа?! Тоа не е љубов, тоа е потреба!!!
- Горд си на неа и сакаш да ја претставиш на сите?! Тоа не е љубов, тоа е среќа!!!
- Ја посакуваш зошто знаеш таа е тука покрај тебе?! Тоа не е љубов, тоа е осаменост!!!
- Со неа си затоа што таа сака?! Тоа не е љубов, тоа е сожалување!!!
- Со неа си зошто те бакнува и држи за рака?! Тоа не е љубов, тоа е несигурност!!!
- Срцето ти потскокнува штом ја здогледаш?! Тоа не е љубов, тоа е страст!!!
- И ги простуваш сите грешки затоа што се грижиш за неа?! Тоа не е љубов, тоа е пријателство!!!
- Секој ден и кажуваш дека таа е единствената на која мислиш?! Тоа не е љубов, тоа е великодушност!!!

- Срцето те боли и се во тебе се руши кога таа е тажна?! ДА, тоа е ЉУБОВ!!!
- Те привлекуваат и други, но ти остануваш со неа и без тронка каење?! ДА, тоа е ЉУБОВ!!!
- Ги прифаќаш нејзините маани зошто и тие се дел од неа? ДА, тоа е љубов!!!
- Со неа си зошто истовремено чуствуваш среќа, болка и уживање?!? ДА, тоа е љубов!!!
- Би го дал и животот за неа?! ДА, тоа е ЉУБОВ!!!
 
Скоро се што прочитав на оваа тема е глупост :) Никој не може да даде добар одговор без некој друг да му покаже дека не е во право. Што е и така. Никој од вас не е во право. И сите сте во право. Љубовта не се опишува со зборови. Не постојат такви зборови што можат да ја опишат на вистински начин. Секој од нас ја доживува на различен, реален, уникатен начин и треба да остане на тоа. Без зборови. Само чувства.
 
Зар може со збор да се опише љубов ? не постои збор, не постои гестикулација која би го опишала тоа чуство. Ама ете да пробам лично јас како ја осеќав или па почнувам да ја осеќам.

Знаете како воздухот го вдишувате и го носеќате како врви низ носот е така осеќам како ми го гори грлото, како ми ја загрева душата и како ми ја стега кога таа што ја сакам не е блиску. Чуство кое знае да ме крене до облаци ама и наеднаш акне од земја. Чуство кое ми овозможува да сум среќен и кога немам ништо околу себе освен личнсота која ја сакам. Нешто што ме тера да не ме интересира ништо друго околу мене и да сум сам негде на ливада и да немам ништо само да ја имам личноста која ја сакам до мене над мене таја да ме буди и таја да е покрај мене. Верувам дека се околу нас е љубов на свој неодреден неспецифициран начин.

Знаете она кога дланките ви се тресат? кога неможете да опишете што ке направите за својата сакана или за својот сакан. Кога срцето ви трепери сето тоа е само збор малку ама не се опишува неможе а и не треба бидејќи кога нешто е искрено треба само да го осетиш, почуствуваш и само самиот ти како личнсот ке знаеш дека тоа е тоа и дека иако нема опис и неможе да се опише може да се пренесе и другата страна таа која ја љубиш ке разбере и осети :)

и пак во цело ова мини составче е премалку ...
 
Љубов е кога на светот би можел да бидеш на илјада подобри места правејки големи работи... а ти сепак избираш да бидеш покрај него правејки ништо... бидејки неговото присуство ти е повеќе од доволно.
 
Би дал еден цитат „Во љубовта и во поезијата сè е речено, а сепак сè треба допрва да се рече.“ – Блаже Конески. Не верувам дека збор може да ја објасни љубовта и мислам дека со самото зборување за неа ние кружиме, ама некако не го погодуваме центарот.
 
Појма неам брат. Знам за опсесивност со некоја личност и синдром за туѓу внимание, али за љубов искрено не знам. Ама слушам убава работа била. А под убава работа ме маваат флешови и ми се пие милкшејк .. Значи милкшејкот за мене претставува љубов. И чизбургерот посебно кога сум пијан ( ова доаѓа нешто како варање на девојката, пијан ко ќе сум .. )
Љубов - кога двајцата си гледате само за себе (уствари сите си гледаат само за себе на светов) , а тоа ,, за себе ‘‘ ви е заеднички интерес. Всушност сте заедно од корист спрема една иста работа. И тоа ве поврзува и демек неможите еден без друг.
Убо кажано ова последното хаха
 
кога не сакаш да бидеш сам и да имаш некого , да го гушнеш , да го бакнеш навечер...како јас моето куче.....не сум зоофил:love:
forever_alone_by_yanifruba-d39iw10.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom