Што ви ја исцрпува енергијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Еден погрешно кажан збор, може да ме скрши и да ми ја исцрпи енергијата како ништо
 
Колки обемни постови немав енергија да ги читам сите:pos2:
Многу работи знаат да ми ја исцрпат енергијата, еве ќе набројам некој од нив:
тешки намќори(ги има многу), луѓе кои мислат дека знаат се и не можеш да им докажеш нешто макар и да имаш нобелова награда во таа област, премногу досадни личности кои не знаат да се забавуваат и слично, огромна досада знае да ми ја исцрпи комплетно целата енергија да не можам ништо ни умствено ни физички да направам е тоа е веќе нешто необјасниво.Ми се има случено да покрај една личност со која разговарав (нема да ја откријам) за 10-15 мин комплетно ми ја изеде цела енергија!:ija:
Најчесто лекот у такви ситуации или пак во оние кои премногу ми ја црпат енергијата го барам во позитивно средина и после како нов сум. :)
 
Негативни мисли попратени со бес и гнев.... иии долгочасовно учење на вовед во право :pos2:
 
Досадни (негативни) луѓе, досадни (негативни) муабети, досадни (не конструктивни) работи ме исцрпуваат повеќе него било што...
 
Ме исцрпуваат некои луѓе, кои ми ја крадат енергијата кога ми го повишуваат тонот , кога сакаат да ги сожалувам , кога молчат тогаш кога има да се кажат многу нешта, кога бараат од мене да ги развеселам без да сакам, кога изигрувам кловн само за некој да биде среќен , за потоа да немам сила ни лажица да кренам...
Треба да се учиме како да си ги контролираме нештата во живото во спротивно ќе станеме марионети на некој,вечно без енергија ,инспирација и мотиви...
Во последен период не дозволувам веќе да ме црпат, сега сум во постојано движечкиот круг на енергијата , благодарение на одредени механизми кои секој кој може да ги сфати треба да ги применува , за да си го исчисти патот од непотребно ,,трошење,,
 
Стресни ситуации дефинитивно..
А за луѓето.. Па не би рекла дека баш негативни луѓе пошо таквите се трудам јас да ги настројам позитивно.. Појше оние навидум позитивни фаци што кокодакаат и пиштат околу мене и ми иде од земја да ги акнам.. А и неможам да не ги пишам тука и оние класик хистерични кокошки што на дегенски начин пробуваат да бидат во центар на внимание.. Такви не само што ми иде да ги акнам од земја него обавезно почнувам расправии..
А за жал и тие расправиите го имаат истиот ефекАт.
А да.. И дефинитивно на места што не се за барби фаци кога ќе се појави некоја малтерисана барбика.. Е од такт ме вади у дел од секунда!
 
Уф... Да ме прашавте пред 5 месеци, едноставно тешко дека нешто можеше да ми ја исцрпи енергијата. Но, некако се повеќе и повеќе ја губам кога сум во присуство на негативни личности. Незнам дали е до мене, до некој трет, каде се имам променето...
 
ништо не би ми можело да ми ја исцрпи енергијата,..секогаш имам вишок!:wink:
 
Не ми се исцрпува енергијата туку ја претворам од еден вид во друг. Пример храната како енергија или гориво. Ние ја внесуваме во нашето тело кое што е биолошки мотор и потоа со тој мотор извршуваме разни физички функции.
 
секој работен ден ме исцрпува максимално,не е лесна работа да се бориш со затвореници бе маме му ибам,полоши се некогаш и од мали деца :tapp::tapp: а секако поопасни и иди излези на крај со нив посебно бе со она наркоманите ццццццц
 
Сите банални работи ме исцрпуваат,ме исцрпува и седењето пред компјутер,па затоа во последно не сакам да го гледам многу пред мене :),ме исцрпува дури и преку умерено спиење,не ме одмара воопшто,туку другиот ден се чувствувам премногу уморно,како цел свет да го имам на грб:).А во последно бидејќи кај мене се случува истото,пак истото од горе наведените работи,енергијата ми е на најниско ниво,па затоа деновиве гледам дневниот распоред да го изменам максимално...И се чудам како бесот и нервозата ве исцрпуваат??Баш јас кога сум полна со енергија можам да ги почувствувам тие чуства,а ако енергетски се осеќам слабо,ништо не допира до мене,никакви емоции...
 
Уф... Да ме прашавте пред 5 месеци, едноставно тешко дека нешто можеше да ми ја исцрпи енергијата. Но, некако се повеќе и повеќе ја губам кога сум во присуство на негативни личности. Незнам дали е до мене, до некој трет, каде се имам променето...

исто и јас, пред некој месец неможеше ништо на овој свет да ме онерасположи... а сега - :kesa:
Лично многу лесно можам да се изнервирам за некои ствари изведени од некои патетични и глупи личности кои немат појма од животот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom