Што со тајните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Прашањето ми е, како се однесувате кон вашиот/ата бивш/а другар/ка? Без оглед кој е виновен за прекинување на дружењето, дали ги злоупотребувате против него/неа сите тајни кои сте ги делеле долго време, со цел да го/ја оцрните пред другите или едноставно да го/ја повредите? Зошто го правите тоа?
А доколку тоа ви го направат вас, дали враќате со иста мерка или само игнорирате?

Една од причините за оваа тема ми е секојдневието од вакви случки ... скоро и да не сум видела да се скараат другари/ки без вакви сцени после тоа, особено по интернетов ... страшно многу лошо ми изгледа таа појава кај луѓето, што не можам да ја опишам. Мислите дека една караница би требала да се задржи на тоа поради кое е направена, а се што било делено некое време да се задржи за себе или?

И уште нешто ... дали според вас е лицемерие ако за бившиот/ата другар/ка се каже дека не е човек каков што сме го мислеле т.е. лош за вас?
 
Тајна си е тајна, дали тој/таа ми е/бил другар/ка не е важно лојално ја чувам. Дали е лошо да кажеме дека другарот/другарката бил/а лош/а не е лицемерно, можеби тој/таа се однесувале како што треба едно време но по долго другарување се открива вистинската личност под таа маска на еден прекрасен свет
 
Oдлична тема!
Дивајн напиша:
Прашањето ми е, како се однесувате кон вашиот бивш/а другар/ка? Без оглед кој е виновен за прекинување на дружењето, дали ги злоупотребувате против него/неа сите тајни кои сте ги делеле долго време, со цел да го/ја оцрните пред другите или едноставно да го/ја повредите? Зошто го правите тоа?
Сум била во ситуација да се раскарам со другарка, па после некое време да се смириме. Никогаш на никој не сум ги пренесла тајните, бидејќи сепак се тајни. Без разлика дали нема веќе да се дружиме, довербата што ми била укажана не би ја изневерила под никои услови. Што ќе добијам ако ја оцрнам? Така само себеси ќе се оцрнам пред другиот што ќе ги издадам тајните, зошто да си рече дека еден ден ќе биде можно и неговите да ги издадам и да нема доверба во мене? Би ми било тешко доколку дојде до прекинување на дружењето, би си поставувала прашања и би си давала претпоставки зошто да дојде до тоа. Не би можела да мислам на злоупотреба. Но, тука муабетот ми е за вистинско другарство, при што се споделуваат повеќе тајни.
Дивајн напиша:
А доколку тоа ви го направат вас, дали враќате со иста мерка или само игнорирате?
До сега само еднаш ми се случило да се скарам со другарка и да не планирам никогаш повеќе да се смирам. Секогаш барам начин да ги средам односите ако гледам дека е можно да дојде до разнишување, но ако сметам дека не сме двете виновни (ако станува збор за недоразбирања) и си чекам да дојде момент да разјасниме. Но, во случајот што го спомнав во првата реченица не давам никаква можност. Прв пат во животов да се покајам што сум била отворена со другарка, бидејќи никогаш ниедна друга не го изневерила другарството со издавање тајни.
Значи, некои работи што биле кажани во доверба биле пренесени на друго место, само што токму тоа беше причината за прекинување на нашето другарство. Ми требаше сила да ставам точка и не можев да се соземам, а не па да и` враќам со иста мера. Игнор секогаш е најдоброто решение.
Нејзините тајни остануваат такви кај мене и понатаму.
Дивајн напиша:
Една од причините за оваа тема ми е секојдневието од вакви случки ... скоро и да не сум видела да се скараат другари/ки без вакви сцени после тоа, особено по интернетов ... страшно многу лошо ми изгледа таа појава кај луѓето, што не можам да ја опишам. Мислите дека една караница би требала да се задржи на тоа поради кое е направена, а се што било делено некое време да се задржи за себе или?
Тоа па тоа. И караницата треба да остане за тие што се карале, не ми е јасно која е потребата од издавање и ширење насекаде за причините за раскинување на другарството, а уште помалку ми е јасно издавањето тајни. Сме се дружеле додека било убаво, нема зошто барем на убавите моменти да не се сеќаваме. Луѓето наоколу (па и по интернетот) нема потреба да знаат за што се караме и дека воопшто се караме, тоа не е нивна работа. Ако се оцрнува, тоа е со цел да се сврти вниманието.
Дивајн напиша:
И уште нешто ... дали според вас е лицемерие ако за бившиот/ата другар/ка се каже дека не е човек каков што сме го мислеле т.е. лош за вас?
Oва во смисла... Да и`кажеш на другарката дека не е човек каков што си мислела? Обично кога се караш истураш гнев на личноста, обично не бираме зборови и не обрнуваме внимание дали ќе навредиме или повредиме. Ако и` го кажеш тоа на личноста, мислам дека би било само за истурање на гневот, со последни сили да ја понижиш ако си испровоциран.
Кога раскинуваме било каков однос со некој, секогаш чувствуваме разочараност и само негативните карактеристики ги гледаме, ги забораваме доблестите и позитивните чувства.
Не би рекла дека е лицемерие. Зошто? Бидејќи кажуваш што чувствуваш, кажуваш отворено дека си сменал мислење. Доколку го скриеш тоа, го чуваш во себе, се правиш како ништо да не било - тогаш би се нарекло лицемерие.

И не само за другарството, истото важи и за врските. Она што е кажано во доверба, не треба да се злоупотребува на било кој начин.
 
Тајна си е тајна, независно од тоа дали ми била кажана од најдобар пријател, од бивш/а другар/ка или од сосема обичен познаник. Ако некој ми каже нешто во доверба, нешто што стварно му е важно, и ме замоли да го сочувам, ќе го сочувам. Ако сум ја чувала тајната додека сме биле пријатели, ќе продолжам да ја чувам и откако ќе престанеме тоа да бидеме. Генерално во принцип не сум нешто одмаздољубива, па ако нешто ми згреши некој, одма да враќам, па така и со тајните, болна точка се, и најверојатно најдобро би можела на некого да му се одмаздам со некоја негова тајна, ама не би го направила тоа. Што и да ми згрешил, некогаш порано ми верувал и ми се доверил, и не смеам тоа да го злоупотребам.
Значи, не дека глумам нешто мајка тереза:) Сакав да кажам дека, ако издадам нечија тајна, тоа сигурно нема да биде од причина да му се одмаздам. Би било премногу болно за него и крајно нефер.

Патем Дивне, се плашам дека последното прашање не ти го сфатив баш.:)
 
Може јас да ти кажам? :)

Нели додека се дружиш со некој имаш некакво мислење за личноста. Е сега, дали е лицемерно од твоја страна ако на истата личност и` кажеш дека всушност не е таква каква што си мислела дека е?
Значи - кажуваш нешто сосема спротивно од тоа што дотогаш си го кажувала. Едноставно, менуваш мислење и и` го кажуваш тоа.
 
Ако некој другар/другарка ме зафркнала или изневерил/а, ќарил/а на мене без двоумење ќе му/и ги прекажам сите тајни што ги знам за него/нејзе. Тоа ќе го направам онака суптилно преку други луѓе за да не се дознае од кого е пуштено, само за да наштетам и да повредам.
Злобен сум што да правам, суров е животот, но тие што ми наштетиле мене на некој начин порано требале да мислат на тоа дека ќе им се откријат сите тајни и нечишти алишта.

Danger in the air, ding, ding!
 
Fortune напиша:
Може јас да ти кажам? :)

Нели додека се дружиш со некој имаш некакво мислење за личноста. Е сега, дали е лицемерно од твоја страна ако на истата личност и` кажеш дека всушност не е таква каква што си мислела дека е?
Значи - кажуваш нешто сосема спротивно од тоа што дотогаш си го кажувала. Едноставно, менуваш мислење и и` го кажуваш тоа.
Може.:)
Не гледам каде е тука лицемерието. Едноставно сум сменила мислење. Причината за тоа е, или јас претходно не сум го познавала доволно добро како што сум мислела, или тој/таа се променил и не е повеќе истата личност. Поверојатно ми е првото, бидејќи не се менуваат луѓето туку така. Се кријат под маски, а порано или подоцна (најчесто предоцна:)) излегува вистинското лице на виделина. Не е лицемерно ако едноставно сум згрешила во проценка.
 
Без разлика што се прекинало пријателството од вакви или од онакви причини, тоа што ми е кажано во доверба, не го пренесувам на друг во никој случај, мислам дека тоа е многу ниска постапка и дека не е фер ,затоа што и покрај се тој/таа ми бил другар/ка и имал/а доверба во мене.
Затоа секогаш се ги чувам тие тајни за мене и се сложувам - караницата треба да се задржи на тоа поради која е направена, додека тајните и се што било дел од тоа пријателство треба да се задржи за себе.
Инаку доколку некој ми ги издава тајните, не му враќам мило за драго, ниту реагирам на тоа, едноставно го притискам копчето игнор во мојот мозок и таа личност престанува да постои за мене. Нема ниту да се правдам, ама вака, ама онака, туку само ќе речам:
- Не очекував да паднеш толку ниско...
И толку.
Крај на дискусијата, се вртам и си одам. Таа личност е едноставно никој и ништо.

И за крај не верувам дека е лицемерие ако каже некој дека бившиот/а другар/ка не е таков каков го замислувал некој (т.е тој што збори). Затоа што иако се дружеле, таа личност можеби имала задни намери и на крај си го покажала вистинското лице, зашто сепак некои луѓе не се такви какви што се претставуваат, затоа треба внимателно да се бираат пријатели, а уште повнимателно да се бира кому му ги кажуваме тајните, зашто луѓето знаат да бидат навистина многу злобни, а некаде прочитав - поранешен пријател е поопасен и од најголемиот непријател.
 
Дивајн напиша:
Прашањето ми е, како се однесувате кон вашиот/ата бивш/а другар/ка? Без оглед кој е виновен за прекинување на дружењето, дали ги злоупотребувате против него/неа сите тајни кои сте ги делеле долго време, со цел да го/ја оцрните пред другите или едноставно да го/ја повредите? Зошто го правите тоа?
А доколку тоа ви го направат вас, дали враќате со иста мерка или само игнорирате?
Никогаш не сум употребила некоја тајна или пак нешто друго за да го оцрнам бившиот дечко или другарка со која сум скарана. Јас сум се дружела со таа личност, било што било, без разлика кој е крив за прекинување никогаш нема да направам нешто толку глупо и просто. Секако дека тајна си останува тајна засекогаш. Е сега, ако ми го направат мене тоа, сигурно не би се бранела со негови тајни. Едноставно преминувам преку тоа и во иднина гледам да не ми се повтори истото.
Дивајн напиша:
И уште нешто ... дали според вас е лицемерие ако за бившиот/ата другар/ка се каже дека не е човек каков што сме го мислеле т.е. лош за вас?
Не, тоа воопшто не е лицемерие. Скоро секогаш луѓето поубаво и појасно ги гледаме кога не се со нас.
 
Некој рекол: Oпасно е да си искрен, ако притоа не си и глупав.

Реалноста е дека често луѓето чувствуваат неодолива потреба да ги споделат убавите и неубавите работи кои им се случуваат, од преголемата возбуда или нервоза која истите ја создаваат и која тера на тоа да ги "извадат" од себе. Неретко се случува тоа да не го споделат само со блиските пријатели, туку напротив и со непознати "странци", кои само се нашле на право место во право време :) Тогаш, може да настане проблем, али никој не би ни бил крив ако се одлучиме за оваа варијанта.

Кога станува збор за споделените тајни по односот помеѓу поранешни пријатели...
Според мене, одмаздата е глупава работа. Никому не помага, и не постигнува никаков позитивен ефект. Посебно не лична сатисфакција со тоа што ќе гледаш страдање на човек кој некогаш си го нарекувал свој пријател и си го сметал за доволно вреден за да споделиш со него нешто што за тебе било важно, а на крај и злоупотребено.

Дури и да се случи такво нешто, не би се спуштил толку ниско така што би вратил во иста мера. Едноставно, ако некој чувствува омраза према мене, нема да му возвратам со задоволството и да ја направам омразата обострана. Затоа што тогаш, тој би победил, а јас би се уништил себеси.

Taјните се за чување. И иако сум поборник за искреноста, едноставно некои работи се најдобри кога се неречени.

А за лицемерието... Зависи од точката на гледање. Кога некој е во "пријателство" од кое има некаков интерес, и најлошите карактеристики кај пријателот не ги регистрира или ги преиначува како добри, и најинтимните тајни ги чува како свои. Кога интересот ќе престане, ја истакнува негативната страна на истите работи и ги кажува работите кои некогаш биле свети за него, со таа разлика што сега ги гледа од друг агол. Во ваква ситуација, да. Лицемерно е.

Али за да обвиниш некого за издадената доверба, би требало да е психички стабилен и да има морал. Е тоа е ендемитна појава денешно време...:)
 
Кога веќе сум ја вброила таа личност во групата на другари,значи дека имам многу голема доверба во неа и не очекувам да го издаде она што сум и го доверила.Каква и да е причината за раскинување на тој другарски однос,тајните остануваат тајни од моја страна засекогаш,зошто тие ми се кажани мене и само мене,ако требало да знаат и други и нив ќе им се кажело.
Но...во овој случај
А доколку тоа ви го направат вас, дали враќате со иста мерка или само игнорирате?
Такво нешто неможам да игнорирам или да поминам преку тоа,таков ми е склопот на карактер,несакам да повредам или навредам некој,но кога ќе ме издадат,навредат или повредат си го добиваат заслуженото,ќе и вратам со иста мера,може и малку повеќе да добие,а не ја исклучувам ни можноста за репете.
И уште нешто ... дали според вас е лицемерие ако за бившиот/ата другар/ка се каже дека не е човек каков што сме го мислеле т.е. лош за вас?
Сето тоа кажано во лице не е лицемерие,но ако после раскинување на односот,збориш пред други каков/каква е лоша,ваква таква,тогаш е лицемерие.Се што имаш да му/и кажеш најдобро е во лице и завршена приказна со него/неа.
 
никогаш не би издала некој кој некогаш ми верувал мене премногу и ми кажувал се.

...и да се скарам...можда тоа нема да трае вечно...не зборам само за дечко...и другарка нека биде....сигурно еден ден ке си требаме еден не круг...така да не вреди да се скараш и после еден месец аха-она ови ми го кажа сеа јас неа ке ја оцрнам пред сите па гајле мене ми е! не...едноставно не сакам така!

и да ме издала мене игнорирам и никогаш не вракам..што ке биде со вракање...јас ке и вратам па после таа мене па јас....крај нема тоа!

а ако ме повредми многу.,..ги чекам моите 5минути да шлапнам некаде каде што ке ја здоболи и нема да и/му текни уште еднаш!
 
za mene tajnata e nesto SVETO! znaci koga nesto nekoj ce mi kaze toa e zakopano vo mene :) i nikogas nema ni da izleze, bez razlika vo kakvi odnosi sum ili ce bidam so taa licnost, zosto stom nekoj ti kazal tajna imal doverba vo tebe, a doverbata e nesto mnogu retko, nesto sto mnogu go cenam :)

ne mi se slucilo dosega pri rastureno prijatelstvo da mi izdade tajni nekoj, da se rasfrla so niv, ali i da se sluci vo idnina ne bi me iznenadilo :)

therefor be carefull to whom you trust! :)
 
Ехххххх тајна, тајна, пуста да остане...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom