Oдлична тема!
Дивајн напиша:
Прашањето ми е, како се однесувате кон вашиот бивш/а другар/ка? Без оглед кој е виновен за прекинување на дружењето, дали ги злоупотребувате против него/неа сите тајни кои сте ги делеле долго време, со цел да го/ја оцрните пред другите или едноставно да го/ја повредите? Зошто го правите тоа?
Сум била во ситуација да се раскарам со другарка, па после некое време да се смириме. Никогаш на никој не сум ги пренесла тајните, бидејќи сепак се тајни. Без разлика дали нема веќе да се дружиме, довербата што ми била укажана не би ја изневерила под никои услови. Што ќе добијам ако ја оцрнам? Така само себеси ќе се оцрнам пред другиот што ќе ги издадам тајните, зошто да си рече дека еден ден ќе биде можно и неговите да ги издадам и да нема доверба во мене? Би ми било тешко доколку дојде до прекинување на дружењето, би си поставувала прашања и би си давала претпоставки зошто да дојде до тоа. Не би можела да мислам на злоупотреба. Но, тука муабетот ми е за вистинско другарство, при што се споделуваат повеќе тајни.
Дивајн напиша:
А доколку тоа ви го направат вас, дали враќате со иста мерка или само игнорирате?
До сега само еднаш ми се случило да се скарам со другарка и да не планирам никогаш повеќе да се смирам. Секогаш барам начин да ги средам односите ако гледам дека е можно да дојде до разнишување, но ако сметам дека не сме двете виновни (ако станува збор за недоразбирања) и си чекам да дојде момент да разјасниме. Но, во случајот што го спомнав во првата реченица не давам никаква можност. Прв пат во животов да се покајам што сум била отворена со другарка, бидејќи никогаш ниедна друга не го изневерила другарството со издавање тајни.
Значи, некои работи што биле кажани во доверба биле пренесени на друго место, само што токму тоа беше причината за прекинување на нашето другарство. Ми требаше сила да ставам точка и не можев да се соземам, а не па да и` враќам со иста мера. Игнор секогаш е најдоброто решение.
Нејзините тајни остануваат такви кај мене и понатаму.
Дивајн напиша:
Една од причините за оваа тема ми е секојдневието од вакви случки ... скоро и да не сум видела да се скараат другари/ки без вакви сцени после тоа, особено по интернетов ... страшно многу лошо ми изгледа таа појава кај луѓето, што не можам да ја опишам. Мислите дека една караница би требала да се задржи на тоа поради кое е направена, а се што било делено некое време да се задржи за себе или?
Тоа па тоа. И караницата треба да остане за тие што се карале, не ми е јасно која е потребата од издавање и ширење насекаде за причините за раскинување на другарството, а уште помалку ми е јасно издавањето тајни. Сме се дружеле додека било убаво, нема зошто барем на убавите моменти да не се сеќаваме. Луѓето наоколу (па и по интернетот) нема потреба да знаат за што се караме и дека воопшто се караме, тоа не е нивна работа. Ако се оцрнува, тоа е со цел да се сврти вниманието.
Дивајн напиша:
И уште нешто ... дали според вас е лицемерие ако за бившиот/ата другар/ка се каже дека не е човек каков што сме го мислеле т.е. лош за вас?
Oва во смисла... Да и`кажеш на другарката дека не е човек каков што си мислела? Обично кога се караш истураш гнев на личноста, обично не бираме зборови и не обрнуваме внимание дали ќе навредиме или повредиме. Ако и` го кажеш тоа на личноста, мислам дека би било само за истурање на гневот, со последни сили да ја понижиш ако си испровоциран.
Кога раскинуваме било каков однос со некој, секогаш чувствуваме разочараност и само негативните карактеристики ги гледаме, ги забораваме доблестите и позитивните чувства.
Не би рекла дека е лицемерие. Зошто? Бидејќи кажуваш што чувствуваш, кажуваш отворено дека си сменал мислење. Доколку го скриеш тоа, го чуваш во себе, се правиш како ништо да не било - тогаш би се нарекло лицемерие.
И не само за другарството, истото важи и за врските. Она што е кажано во доверба, не треба да се злоупотребува на било кој начин.