Што со спомените?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Накратко, ако врската ни завршила брзо или бурно.немам причина за навраќање во минатото. Но, ако е некој човек кој ја заслужил мојата љубов, а и сум ја добила неговата за возврат, па и миговите со него ми биле незаборавни..секако дека ќе чувам нешто да ме потсеќа на него, бидејќи ми бил драг.
Но, реално гледано, ако бил човек на место и ми било убаво со него, не би требало да биде минато. :wink:
 
Спомени се спомени без разлика на тоа што останало потоа,затоа не пробувам да избегам од нив и не кинам слики,кршам рамки,кинам блузи и фрлам мечиња.Остануваат во мојата соба каде што биле од секогаш и секој поклон и слика представува еден убав спомен за мене...сум зачувала во себе сеуште емоции за оние кои вредат и не бегам од нив!Никогаш не се знае што не чека понатаму :pipi:
 
Све чувам в кутија. Интересно ми е кога ќе ја отворам се присеќам на некои денови, па и да викам дека сум направила грешка, тогаш ми било убаво така да сите ствари во кутијата ме потсеќаат на убај моменти.
 
ubavite spomeni se losi spomeni

Се` што останува по години и години се убавите спомени. Можеби тоа сакаш да кажеш, дека се сеќаваме на убавите работи и тоа прави да се почувствуваме носталгични за некои времиња па ни доаѓа неубаво на момент.

Но, искрено, иако веројатно секогаш ќе останат спомените само тоа, сигурен сум дека новите љубови, новата прекрасна насмевка, новиот нежен допир ќе го засени минатото, и единствено блажениот мир и малата насмевка додека гледаме низ прозорецот ќе бидат видливи на нашето лице додека се сеќаваме на тие спомени и сфаќаме дека се секогаш добредојдени, бидејќи се сведок на перипетиите кои сме морале да ги поминеме, на миговите градење искуство, на добрите и лошите случки кои од нас створиле карактер спакуван како подарок со панделка на некој кој не затекнал во совршена агрегатна состојба, цврсти и спремни за давање и примање.
 
Спомените не се бришат тоа се вечни траги позади нас кој сакаме или не не можеме да ги заборавиме :toe:
 
Све чувам в кутија. Интересно ми е кога ќе ја отворам се присеќам на некои денови, па и да викам дека сум направила грешка, тогаш ми било убаво така да сите ствари во кутијата ме потсеќаат на убај моменти.
Исто и јас.
Ако нешто направило јас да бидам она што сум денес сигурно не било грешка.
Па и моментите кои тогаш сум ги отценила како грди/лоши/очајни/тажни
денес носат некоја блага мелахолија и насмевка.
Во никој случај не би се лишила од сите мали предмети кои си имаат сопствена приказна и историја.Тие се како еден мал музеј на мојот живот.
 
Запалив се од него.

Само уште тоа во главата и срцето да можам да го уништам некако...
 
Веќе ми помина се , фрлив пепел на минатото на ред е сегашноста и иднината , после дождот иде сонце :back:
 
Не би сакала да живеам од спомени, но во тоа се состои и мојата контрадикторност. Само од една личност чувам се, од најмали ситници како цртежи, мсн логови, креди со кои се гаѓавме, слики, дури и листови со неговиот ракопис, па се до сеќавањата, кои ги пренесувам на хартија за до крајот на животот да се потсетувам на одредени моменти. Најверојатно затоа што не сакам да го заборавам ниеден момент кој го поминавме заедно.
 
Какви се тие убави спомени од бивш?Па и да ги чуваш? Ако се убави нема да биде бивш :)
 
Koлку сакам да избришам некои спомени без разлика дали се убави или лоши.Тоа не ми дава мира иако сум по карактер цврста личност и секогаш ја победувам болката...
Спомениве ме болат многу...во последно време многу работи ми се случија.Сакам да ги заборавам но...тешко
 
Не практикувам да чувам спомени преку нешто материјално. Сите спомени ми се во главата. И ги чувам и ги негувам тие спомени, зашто ме направиле ваков каков што сум.

Има и лоши спомени, но највеќе се добри. Се вели: „Луѓето ќе заборават што ќе им кажеш, но никогаш нема да заборават какво чувство имаш предизвикано во нив“. Затоа, во мене остануваат само убавите чувства како спомени, зашто оние другите ги има и без да се труди човек, па стануваат досадни. И затоа не им обрнувам внимание.

И јасно - сите спомени се лекции од кои вреди да се извлече поука за идниот пат. Животот продолжува понатаму, додека спомените се закопани во времето. И не вреди да се живее во спомените, бидејќи се статични и бескорисни, откако ќе се апсолвираат.

:oftopic: Спомените се нешто како поучна книга: откако ќе се прочита и ќе се извлечат поуки од неа, се остава на полицата и се продолжува понатаму, можеби со друга книга. Само од време на време човек може да се наврати пак на таа книга, да се потсети на некои битни работи. Но читање само на една иста книга пак и пак и пак не води кон ништо добро, туку само кон стагнација.

:oftopic: :oftopic: Не е ни чудо што биле толку несреќни во средниот век во Европа... Знаеле само за Библијата...



:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom