yin yang
Who, me?
- Член од
- 24 април 2005
- Мислења
- 1.621
- Поени од реакции
- 32
А ти на која основа го кажуваш ова?
Океј, може ти си сакала подлабоко и поискрено.
Но, не сите се доволно силни да се помират со својата судбина дека веќе не се со личноста која ја сакале долго време, да продолжат понатака, па дури и да засакаат многу други личности.
Знам особи кои се` уште не се доволно излечени од тој синдром наречен „скршено срце“.
И според мене, се сака само еднаш, и после ништо не може да надокнади за таа љубов која била изгубена, скршена.
Не знам, сметам дека кога нечие срце е скршено, таа личност понатака е попретпазлива, порезервирана, не се отвара толку лесно како претходно, од самиот страв дека некој повторно може да ја повреди.
But ahwell, that's just me.
Од искуство бе. А ти колку години имаш? Може сеуште не си ја сретнал вистинската личност

Скршеното срце може да е повредено одреден период, да нема доверба, да се плаши да се предаде од страв да не биде повредено, но тоа не значи дека не чувствува. Обично, кога на некој ќе му го скршат срцето, е попретпазлив во врска со љубовта, се плаши да се заљуби во било кој. Е сега многу зависи и од луѓето какви карактери се. Дали ќе дозволат да се повлечат во себе или ќе продолжат да бидат отворени и да не се плашат. Или ќе бидат измеѓу.