Што по раскинување на долга врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^IgoOr^
  • Време на започнување Време на започнување
Во таквите денови човек само треба да си пружи шанса да продолжи понатаму. Не да се сожалува и да плаче,да го колне и да му посакува најлошо.
Да се секава на него како на најубавите негови денови,да биде благодарен што имал можност да сака и да биде сакан.
И да биде стрплив. Времето само посебе ќе ја намали болката,нема да ја избрише, само ќе не направи доволно јаки да можеме да живееме со неа.
И се разбира дека човек може пак да сака и тоа со исти интензитет и јачина како порано, иако тоа сега изгледа невозможно.
 
Муабетот ми е дека некогаш и долга врска не е во ред, не ти треба толку време за да запознаеш некого, доста е и кратко време за да увидиш некои работи кај партнерот. Долгите врски завршуваат најчесто поради презаситување и затоа не ги ни практикувам:toe:
 
по завршување на долга врска животот иде даљеееее. Најбитно е само да не се падне во депресија, т.е по искачање од долга врска битно е човекот да не се затвори во една просторија и да си согледува секојдневно причините и другите детаљи. Бидејќи живото иде даље тој за полесно да ги осети последиците од раскинувањето битно е да биде со најблиските, во контакт да се забавља и да биде оптимиста дека секад може да се најде боље од предходното
 
zavisat mn i pricite poradi raskinuvanjeto,site taka vikame deka vremeto leci se,no dodeka da pomine toa "vreme"ednostavno ako si zaljuben tesko deka lesno se bi zaboraiv,ama vikaat koga se saka i se pati
 
ајм фрии хахахах , продолжувам со животот се разбира
 
Дали скршеното срце знае да сака?

Просто и едноставно прашање:
-Дали скршеното срце знае да сака?
Ако не, тогаш дали во тие моменти личноста која е повредена прекинува да чувствува љубов кон се’ она што е околу неа?
Ако да, тогаш какво всушност ќе биде тоа сакање? Искрено или себично?

Јас би одговорил дека скршеното срце може и знае да сака. Можеби нема да работи на онаа иста фрекфенција, меѓутоа за да подоцна повторно биде спремно за љубов, се лечи сакајќи ги другите кои никогаш не го повредиле. До некаде, тоа би било многу себично, затоа што возвратената љубов ќе ја користи за себе. Меѓутоа, искреноста сепак ќе биде тука, затоа што кога срцето сака, сака искрено.
Што мислите вие?
 
Срцето кое сакало и било скршено, закрепнува со тек на време, нормално доколку се покаже и желба од сопственикот :)... А потоа, токму онаа личност која ќе го освои ќе биде парчето кое недостасувало за повторно да биде целосно. А луѓето кои искрено сакале и биле повредени, умеат повторно да сакаат, и тоа повеќе од претходниот пат. И нормално дека постојат моменти кога мислиме дека веќе не постои едно нешто на овој свет кое го сакаме, тоа е нормален стадиум во периодот на закрепнување. За мене побанално би делувало ако некоја личност е повредена после долго време, а не чувствува никакви последици од тоа, би ми делувала како бесчувствителна.:smir:
 
Кратко и јасно- ДА !!! Едноставен процес - ти го кршат срцето и следуваат неколку фази
1 фаза- пиеш со другарите као клен
2 фаза- почнуваш да ја мразиш особата што те зезнала и цврсто си уверен дека веќе не ја сакаш(погрешно, се додека ја мразиш сеуште имаш чувства за неа)
3 фаза- рамнодушен си спрема личноста што те зезнала , периодот на рехабилитација е завршен и ти си спремен за нова љубов:)
4 фаза- запознаваш нова девојка , ти продолжуваш понатаму со животот ( многу битно- немој да дозволите да ви влијае стравот од неуспех,само храбро).

Битна напомена - времетаењето на фазите зависи од повеќе фактори но какоа најзначаен би го издвоил карактерот и другарите.
Напомена број 2 до оние послабите - Не дозволувајте еден дечко/девојка да ви го усере цел живот ,да ве претори во максимално исфрустрирана и искомплексирана личност , мора да се иде даље, впрочем there are plenty fish in the sea!!!
 
О даааа, и тоа како знае да сака. Многу поискрено и подлабоко.

А ти на која основа го кажуваш ова?
Океј, може ти си сакала подлабоко и поискрено.
Но, не сите се доволно силни да се помират со својата судбина дека веќе не се со личноста која ја сакале долго време, да продолжат понатака, па дури и да засакаат многу други личности.
Знам особи кои се` уште не се доволно излечени од тој синдром наречен „скршено срце“.
И според мене, се сака само еднаш, и после ништо не може да надокнади за таа љубов која била изгубена, скршена.
Не знам, сметам дека кога нечие срце е скршено, таа личност понатака е попретпазлива, порезервирана, не се отвара толку лесно како претходно, од самиот страв дека некој повторно може да ја повреди.
But ahwell, that's just me.
 
леле погодиле сте ја темата
дечкото у кој сум заљубена е ногу изгорен од една типка со која одил 3-4 години. Ноооогу бил заљубен у неа ама она ногу се плескала со другите и му требало ногу време за да се свесте и да раскинат. и еве веќе скоро 2 години се раскинати, ама ја осеќам дека у него тлеат некои чувства за неа иако знам дека никогаш не би и се врнал, оти премногу е повреден. Како знам? епа знам, песните шо ги слуша се само такви, “сто пута си погрешила, сто пута сам опростио, 100 рана ми направила....“ и така натака, друго... не е спремен да верува на друга... он би бил со мене ама глеам дека се плаше пак да не го повредат, јас го тоа читам иако он се прае на Џек дека е ногу Мачо и си игра со мене...
со брат ми ко си зборев ми рече ако ги осеќаш тие чувства дека тлеат у него можно е да го фане и 3-4 години рехабилитација...
и најверојатно ќе е така... нон стоп е со друштвото, запиват се излеват дружат се ноооон стоп. Чат пат ќе му текнеше ќе си фане некоја за една недела ќе ја откаче... и сеа се питам...

он ќе заљубе пак да... ама дали ќе го покаже тоа како шо го покажувал?
................................ на секоја девојка ќе и треба да ја виде таа љубов у него...
 
А ти на која основа го кажуваш ова?
Океј, може ти си сакала подлабоко и поискрено.
Но, не сите се доволно силни да се помират со својата судбина дека веќе не се со личноста која ја сакале долго време, да продолжат понатака, па дури и да засакаат многу други личности.
Знам особи кои се` уште не се доволно излечени од тој синдром наречен „скршено срце“.
И според мене, се сака само еднаш, и после ништо не може да надокнади за таа љубов која била изгубена, скршена.
Не знам, сметам дека кога нечие срце е скршено, таа личност понатака е попретпазлива, порезервирана, не се отвара толку лесно како претходно, од самиот страв дека некој повторно може да ја повреди.
But ahwell, that's just me.

1. Не можеш така да речеш, зашто тоа пред се' зависи од фактот кој ставил крај на врската, па може и двајцата заеднички да одлучат, кај двајцата паралелно да се изгуби онаа магија и врска која ги држела заедно. Во тој случај некогаш (не секогаш) може да биде и многу полесно и понеболно.

2. Сепак, тоа не значи дека нема повторно да се сака како некогаш, ако не и повеќе, туку дека треба повеќе време да се прифатат повторно некои факти како тие дека сега сме со нова личност, дека ни се пружа нова шанса, дека треба повторно да се посветиме некому... А кога ќе ги прифатиме тие факти, ќе сакаме повеќе од било кога. :smir:
 
Skrsenoto srce znae da saka, mozebi i mnogu poveke od ona sto ne bilo skrseno(ako voopsto ima takvo). Mozebi vo momentite koa go krsat misli deka nikogas poveke nema da zasaka no vremeto leci se, ke zarasne ranata i toa povtorno ke saka.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom