Што ни останува на крајот од денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Буквално на крајот од денот ти останува да го гледаш зајдисонцето, а иначе да ја гасиш ламбата и да уклучиш кајгана дури не заспијаш на тастатура
 
Да слушаме радио и да заспиеме ко кленови.
 
Темава е дефинитивно накај „филозофија на живеење“... Секој обид да се сумираат впечатоците, настаните, битни и небитни работи, создаваат дополнителна задача некаде во малиот мозок. Најубаво е да се препустиш на flash -ови од слики и империи и да оставиш да си бидат „запамтени“ како комплексна импресија без „разумна обработка“.
 
На крајот на денот следува заклучок дека и денес сум си поминал убаво но не е тој секојдневен заклучок има денови и кога сфакам дека некои луге се претерано безобразни едноставно ми стануваат одбивни и арогантни ама со самата помисла дека сум дома и дека имало подобри денови заборавам на нив и нивните постаки...едноставно не заслужуваат да мислам на нив.
 
да си облечам пиџамите..да си легнам и да размислувам и да фантазирам некои работи..како што ќе направам сега..:)
 
На крајот на овој ден ми останува да ве замолам да ме апдејтирате бичз оти 1 недела отсуствував :)
би најс :D
 
Сосема на крајот на денот, по изгледано добро филмче – си легнувам и средувам импресии од веќе изминатиот ден (кога разочарана, кога задоволна од денот) и си заспивам со една мисла ке биде подобро, се ќе се среди. Ни останува пуста надеж за подобро утре и секако ние самите да го дочекаме тој ден. Само незнам до кога ке си заспивам со таа мисла.. никако да дојде тоа "утре".
 
За крајот на денот?

Белата ноќ, пиФо ќе пијам вечерва. И така натака, ако се вратам на време, ќе одмарам до сабајле... А утре пак работа не чека :)
 
Да си легнам да спијам ебаго.
 
На крајот на денот ни преостанува да си легнеме и со насмевка на лицето или без да си размислуваме за проблемите што ги имаме или немаме и да наоѓаме начин да ги решиме :pipi:
 
Насмевка, за убав почеток на the day after today :)
 
Ни останува тоа што сме, тоа што е убаво и тоа што е лошо, ние и како ке го прифатиме тоа.
 
Ми останува пак ноќ во ‘депресија‘ а денот беше убав,искулиран сепак на крајот секогаш бедот излегва во ноќта, но незнам зошто пак темни мисли барем не денес ноќва без нервоза да ја преспијам....Music please help me :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom