Што ни останува на крајот од денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
добро да заспијам! ништо повеќе, не се ни трудам крајот на денот да го расипувам со работи кои ми се случиле во текот на денот, тоа го убива добриот сон а со тоа и добриот елан за наредниот ден.
 
Останува да си легнеме и во зависност од преокупацијата на секој од нас наредниот ден да:
- станеме во ниедно време (читај 13-14ч.)
- станеме во 6:30 за на работа или
- да не станеме
 
Порано повеќе мислев за обрските што ме чекаат утре. Сега прво си правам мала рецензија на денот. Многу добра тактика зошто сфаќаш дали си го поминал за џабе, и ако е тој случајот неколку денови после менуваш навика. Интересно е колку не си ги приметуваме навиките и не сме свесни за пола од работите што ги правиме.
Пред да заспијам обавезно помислувам на кафето што ќе го пијам утре кога ќе станам и денот завршува баш како што треба.
 
Една епизода Брејкинг Бед.
Една епизода Only Fools and Horses
Две партии Фифа.
Чаша вода, мочање и в кревет.
 
Да го испијам чајот за болново грло, откако ќе ја завршам чашава пиво. После кревет, прва смена не дозволува ноќен живот :)
 
Во последно време, се решавам за спиење кога почнуваат очите да ме чешаат, и повеќе ги држам затворени отколку отворени. А ич не е касно тогаш.
Додека вадам леќи кукам дека не сум прочитала колку што сум намислила/сакала/можела и си викам дека утре ќе надокнадам за тоа. Утре е пак истата прича, али нема врска.
Едвај чекам да го фатам креветот и воопшто не размислувам некои животни филозофии оти не ни имам време да си го скратам времето за спиење ради нив.
Заспивам за секунда, ни бебе не ми е рамно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom