Што не` прави нормални

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Просветлението. Максималната свесност за тоа што е сега и овде. Секогаш.
Не е тешко, само не сакаме. Бидејќи полесно е камила да помине низ иглено уво отколку ние да го отвориме нашето... what? :)
 
Секоја различност во однесувањето, ставовите, живеењето, мислењето и сл. е нормална се` до оној момент додека не почне да повредува и додека не премине во девијантност.
Мислиш додека општеството и оние кои ги одредуваат нормите за нормално не одредат дека е тоа нормално или не?

Инаку додека не изнервираш некого исто не знаеш дал е нормален-дневна, ноќна маска, маска за во канцеларија, на училиште, на интернет... Испод мира триста...
 
Мислиш додека општеството и оние кои ги одредуваат нормите за нормално не одредат дека е тоа нормално или не?

Не, не мислам на општествените норми и правила за нормално или обратно од него однесување. Оштествените норми и моралните вредности се менуваат во зависност од многу нешта, за она за кое ја денес би изреагирала дека е "нормално" баба ми може да падне у несвест. :icon_lol:

Мислам точно на следново:

Просветлението. Максималната свесност за тоа што е сега и овде. Секогаш.
Не е тешко, само не сакаме. Бидејќи полесно е камила да помине низ иглено уво отколку ние да го отвориме нашето... what? :)

Едно е некој да шета гол по улица и да го смета тоа за нормално, без притоа мене да ме нападне или повреди, а друго е да шета гол по улица со пиштол или друго средство со кое може да повреди некого. Во првата ситуација јас сум последната што треба да пресуди колку е тоа нормално или не, бидејќи нема допирни точки со мене, не сум исперцепирана; додека во вториот случај "голата нормалност" е од поинаков карактер. :)
 
И што е од сето ова нормално за тебе?
Филозофија за нормалното или она што е реално нормално во време и простор? баш ме интересира
 
И што е од сето ова нормално за тебе?

Она што во случајов може да биде нормално за мене не мора да значи и дека ќе биде за тебе.
Кога веќе ги спомна нормите на заедницата, некогаш било нормално да се оди скоро гол, за разлика од денес кога гардеробата има поинакво значење од примарната нејзина намена.
 
Па збориме за основните поставки во една држава, регион, град, семејство... не за посебностите. Инаку ако идеме во детали, нешто што е нормално за едно семејство, не е за друго и обратно, нешто што е нормално за еден град, не е за друг... да не редам.
Инаку и сега е некаде нормално да се оди гол, некаде е нормално да се удираат 100 камшици оти жена дискутира на тв за секс, некаде е нормално да се има истополов брак. Ако се однесува ова на нашата заедница-значи во дадено време и одреден простор, ништо од ова не е нормално. Основните поставки и норми-пишани и непишани-сега и овде.
 
Каде е ненормалноста ако се оди гол?
 
Каде е ненормалноста ако се оди гол?
Ненормалност да се оди гол? Македонија...балкан...
Не ми е јасно ова прашање, а не гледам и поврзаност на голотија и максимална свесност спомената погоре.
 
Просветлението. Максималната свесност за тоа што е сега и овде. Секогаш.
Не е тешко, само не сакаме. Бидејќи полесно е камила да помине низ иглено уво отколку ние да го отвориме нашето... what? :)
Тоа ни е целта,тоа не е мерка за нормалност.Според мене нормални се ониекои правилно го разбираат светот.
 
Ненормалност да се оди гол? Македонија...балкан...
Не ми е јасно ова прашање, а не гледам и поврзаност на голотија и максимална свесност спомената погоре.

Објаснив погоре дека за мене се` е нормално доколку не нанесува реална штета и последица врз другиот. Во спротивно, кој ќе се дрзне да оквалификува нечие однесување како ненормално ако отстапува од вообичаеното за околината?
 
Едно е некој да шета гол по улица и да го смета тоа за нормално, без притоа мене да ме нападне или повреди, а друго е да шета гол по улица со пиштол или друго средство со кое може да повреди некого. Во првата ситуација јас сум последната што треба да пресуди колку е тоа нормално или не, бидејќи нема допирни точки со мене, не сум исперцепирана; додека во вториот случај "голата нормалност" е од поинаков карактер. :)
Ти само сакаш да најдеш причина за нешто ненормално и да има карање и немири.Ако човекот оди гол остави го и не го осудувај дека е ненормален.Ако човекот носи пиштол и убива по улица а ти несакаш да умреш едноставно игнорирај го и универзумот деликатно че се организира ти да не умреш.Значи све може да биде направено без осуда,но како што реков ако сакш да осудиш некој не само што можеш да умреш туку си создаваш внатрешни немири кои те одделуваат од просветлението(ако сакаш да го постигнеш).
 
Објаснив погоре дека за мене се` е нормално доколку не нанесува реална штета и последица врз другиот.
Има многу постапки кои не нанесуваат реална штета врз друг, но не се прифатени од мнозинството и како такви го чинат лицето ненормално. Овие општествени правила на игра постојат откако постои светот, со тоа што одредени правила важат во одредено време и општество, значи има еволуција, развој на тие норми. Дали развојот е позитивен или не, крајот ќе си каже.

Инаку голотијата, напротив, во овие услови (и да е као нормална работа) би предизвикало бааги последици во негативен смисол, само ако малку се задумаш и го наредиш сето тоа како ред домина во низа :)
 
Ти само сакаш да најдеш причина за нешто ненормално и да има карање и немири.Ако човекот оди гол остави го и не го осудувај дека е ненормален.Ако човекот носи пиштол и убива по улица а ти несакаш да умреш едноставно игнорирај го и универзумот деликатно че се организира ти да не умреш.Значи све може да биде направено без осуда,но како што реков ако сакш да осудиш некој не само што можеш да умреш туку си создаваш внатрешни немири кои те одделуваат од просветлението(ако сакаш да го постигнеш).

Универзумот нешто поспан бил во случаите каде во престрелки меѓу вооружени луѓе страдаат невини минувачи.
 
Toa e малку покомплексна дискусија која отскокнува, патем, од темава.

Значи, кога дискутирате, држете се до првичниот пост, односно насоката дадена преку него, ок? :)
 
Кога ќе не потапшаат по рамо и ќе ни речат.. браво, ти си добар човек, ги слушаш мама и тато, учиш, имаш светла иднина, ги поздравуваш постарите, имаш здрава љубовна врска, секогаш си уредно облечен, имаш пристојна фризура и им се смешкаш на сите со топло посакано добро утро или добар ден или како и да е, е тогаш ќе бидеш нормален.. само недај боже да ти чепнат внатре и кога ќе видат дека едно полудено гласче писка за слобода, одма упат бардовци, а ние сме тие кои не му дозволуваме да дојде до израз и го стискаме што е можно подолу за да го одржиме рејтингот нормален граѓанин, а за да се почувствуваме нормални ги забележуваме сите нездрави карактеристики на останатите. Wow, каков магичен круг. Јас го слушам мојот пискот како ехо од бунар, сеуште не му дозволувам да дојде до израз, а веќе рамото ми се искриви од тапшање проследено со зборовите: нормална си:nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom