Кога ќе не потапшаат по рамо и ќе ни речат.. браво, ти си добар човек, ги слушаш мама и тато, учиш, имаш светла иднина, ги поздравуваш постарите, имаш здрава љубовна врска, секогаш си уредно облечен, имаш пристојна фризура и им се смешкаш на сите со топло посакано добро утро или добар ден или како и да е, е тогаш ќе бидеш нормален.. само недај боже да ти чепнат внатре и кога ќе видат дека едно полудено гласче писка за слобода, одма упат бардовци, а ние сме тие кои не му дозволуваме да дојде до израз и го стискаме што е можно подолу за да го одржиме рејтингот нормален граѓанин, а за да се почувствуваме нормални ги забележуваме сите нездрави карактеристики на останатите. Wow, каков магичен круг. Јас го слушам мојот пискот како ехо од бунар, сеуште не му дозволувам да дојде до израз, а веќе рамото ми се искриви од тапшање проследено со зборовите: нормална си:nesvest: