Што највеќе цените во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
највеќе ценам личности кои го почитуваат тоа во кое јас верувам и ги почитуваат мојте ставови....ценам луѓе кои ме знаат доволно да ги осознаваат самите работи кои ме нервираат и да не ги практикуваат.......
 
семејството
можеби највеќе мајка ми ,она ми дала живот:smir:
 
Најмногу го ценам здравјето затоа што претставува едно најголемо богатство.Без здравје животот е сосема безвреден.И сепак го ценам и она што стои во внатрешноста паралелно со здравјето(љубов,среќа,задоволство)...Затоа што не сум материјалиста,и баш токму поради тоа за мене овие внатрешни чувства или манифестации се најценети.
 
Ценам луѓе што се искрени што не лажат, ценам кога некој ме сака исто како и јас него искрено,кога некој не ми прави лице, ги ценам личностите ШТО ГО ЗАСЛУЖУВААТ ТОА! :helou:
 
Ценам фамилија, другари, искреност, храброст, знаење, љубов и така натаму.
Овие ми се топ на листата.
 
ценам искреност,добрина,ценам луѓе кои се едноставни...се што е убаво,во нормала ценам
 
Највеќе ценам... вистински другари.. секогаш што се тука за мене и што се искрени со мене ... затоа им враќам дупло на истите тие ... :helou:
 
Искреноста ја ценам најмногу и кога некој кажува нешто без заобиколување и лицемерие.
 
Здравје, љубов, слобода и луѓе кои знаат мене да ме ценат.
 
Најдрагоцена работа, нешто од што никојпат не би се откажала е личната слобода.
 
Пиво, другарите, фамилијата и музиката без која неможам да издржам :)
 
Ја ценам довербата кои ми ја пружиле некои луѓе и секогаш сум тука за да ги исслушам, ако можам да им дадам некој совет или едноставно само да ги гушнам во тие моменти.
:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom