Што мислите за вашата тежина?

  • Креатор на темата Креатор на темата UnAwArEs
  • Време на започнување Време на започнување
Идеална

Боди мас индекс во граници на нормала 19.0 - со грацилна конституција, бела кожа и убави облини (пропорции) :pipi:
Најбитно е да се чуствуваш убаво во својата кожа ... некогаш и најубавиот може емотивно да се чуствува празно:nenene:
Позз:smir:
 
Совршена е можеби едно две кила помалце ама сум прилично задоволен! :wink:
 
Некако зимава се здебелив некое килце,сега се обидувам да си се вратам во старата форма:pipi:
 
Висина 172 цм,тежина 74 кила.Не ми се преиметуваат,но би сакал да се симнам некаде до 70 кила.
 
Боди мас индекс во граници на нормала 19.0 - со грацилна конституција, бела кожа и убави облини (пропорции) :pipi:
Најбитно е да се чуствуваш убаво во својата кожа ... некогаш и најубавиот може емотивно да се чуствува празно:nenene:
Позз:smir:
Ме погоди со зборовиве. :) Не викам дека сум најубав или нешто слично ама знам дека сум онака солиден, но финтата е што баш од пред неколку дена се чувствувам скоро нула емотивно.

Ај он.

Топ ми е тежинава, не би дал а не би ни одземал, едноставно не се замарам со тоа како некои луѓе. Единствено што треба е да си оформам малце телото дека мевот ми е пивски :)
 
слаб сум бе :( се трудам да се здебелам али не иде.. ко стока некад знам да јадам со денови али не иде и упорно да пробувам неможам никако да се здебелам!!! не сум сучка ептен али слаб сум според мене... едно 10тина кила да качам топ ке бидам!!
вака со 65 кила а 180 висок некако малце ми изглеа...
 
Мене пак многу ми варира тежината . Бидејки студирам во друг град, кога сум таму преку годината секогаш се поправам , а летоска ко сум си повеќе време дома се враќам во нормала( П.С. секогаш јадам исто а и плус тоа многу повеќе пешачам во градот кај што студирам отколку дома ) што значи промената на местото т.е. климата многу ми влијае на тежината, и стварно се нервирам што е така.:jaj: Ако има некој да ми даде некој совет како да си го решам проблемот со некакви диети или било што друго нека пише :pos2: :helou:
 
Дефинитивно треба да ослабам едно 7-8 кила затоа што тие ми се вишок.
Инаку имам 81-82 кг. А и од фигурава не сум баш нешто задоволен. Треба баш тие 7-8 кг од половината да ги изгубам. Некој совет?
 
Коски и кожа сум. Ребрата ми се познаваат, личан на некое чоече од Индија прегладнето и изнемоштено.
 
Задоволна сум, ама супер би било едно 2-3 килограми помалку :pipi:
 
Би ми стоело да ставам едно 10 kg...Висок сум 187, а моментално тежок 77 kg.
 
Пред два дена бев горд на мојата тежина.

Мислев дека имам перфектен сооднос 175cm/75kg. Ама една лоша докторка ми рече дека треба да го симнам вишокот наслаги што го имам на стомакот со здрава исхрана и вежбање.

Сеа неам толку позитивно мислење за мојата тежина. Треба да ослабам 3 кила што е многу тешко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom