Кога некој ќе ми дојде преку глава,прво на убав начин и од околу му го покажувам тоа и индиректно укажувам дека нешто ми пречи.Доколку тоа не помага,преоѓам на втората фаза,кога кажувам директно,што како зашто, и тоа го правам што е можно појасно(а по потреба и погласно) за да ме разбере дотичната особа.Е сега,ако и тоа не послужи за ништо,малку одмарам од особата,нема да ја гледам некое одредено време,да ми се смират малку страстите и нервозите.После некој одреден период повторно се среќавам со особата и се надевам дека ќе биде се во најдобар ред.(Се случувало да биде,но некогаш не било)