Што кога сакаш и знаеш дека не те сакаат?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Невозвратена љубов рулзззз...само тогаш се заљубуваш во совршенство...
Невозвратена љубов=господ :)

Бај д веј и ја се иам заљубено у господ...
 
Невозвратена љубов рулзззз...само тогаш се заљубуваш во совршенство...
Невозвратена љубов=господ :)

Бај д веј и ја се иам заљубено у господ...

ne ne si zgresil.. se dogovorivme deka jas sum SONCE a ne Gospod.. sto mesas poimi

inaku moze mis e desila nevozvratena simpatija./.. ali ljubov... ne bas... ili ne se sekavam sto znaci deka ne me bolela
 
Сум била милион пати во таква ситуација.Не ни бројам колку.Болно искуство дефинитвно.Фактот дека некој не го чувствува истото како и ти,не те прави да се чувствуваш убаво.И боли,а кај мене беше пропратено и со солзи.
Ама во тие ситуации на крај сепак сум решила дека,со сила убавина не бива т.е џабе ми е и плачењето и сите тие пропратни работи.Кога увидував дека не иде и дека нема ни да иде ниту да биде,собирав сили т.е решив дека треба да продолжам понатаму.
 
Хах, а да си со некого 2 години и дда се прави дека те сака, а уствари му претствуваш вид на материјален извор и иматеријал за секс тоа колку боли само, и ти кажува дека те сака, а ти сеуште си во заблуда, незнаеш дали те сака или не мислам дека тоа повќе боли.
 
~*~

Дали ви се има случено тоа, или ви се случува моментално?

Онака, искрено, сакате некого, потполно сте сигурни дека да сте заедно 100% ќе си одговарате...ама еве...таа личност не сака да е со вас,...заради Х причини, ...

Што тогаш?

Дали секогаш се тешите со она „ќе најдам подобро!“?
А длабоко во себе сте убедени дека ова е една од ретките шанси да бидете со некого со кој навистина ќе ве сака и ќе го помините животот во вистинска хармонија?!

Ми се случи еднаш, во петто одделение.:smiz:

Секогаш за да развијам било какви емоции кон некој морам да бидам во контакт со него, да примам некој вид на сигнали, да почувствувам дека тоа би можело да оди и секако знам дали му се допаѓам на некој или не.
Не трошам време на луѓе со кои не можам да бидам, го научив тоа уште во петто.:wow:
 
ех да, боли... меѓутоа учителката Искуство ми залепи неколку шамари и секогаш идам на `ќе најдам боље`...
 
Еднаш.
И боли.
Веке имам напишано романи на оваа тема,така да,веке немам инспирација.А и не сакам да сум досаден(ако веке и не сум почнал да бидам).:kesa:
 
Каква невозвратена љубов?!
Воопшто не дозволувам симпатија кон суштество кое не ми возвраќа никакви чувства да прерасне во љубов. Си играте со тешки зборови!


Но ќе ви кажам што боли многу повеќе.
Кога вашата е вечна, а љубовта од другата страна исчезнува.
 
Како може да речеш дека не си дозволуваш?
Не значи дека не ти возврака со никакви чувства,туку,еве да речеме,личноста ти е другар,а ти покрај секакви настојувања,се заљубуваш во него?Можеш да го контролираш тоа?
А инаку,да,и твојот пример боли,ама веројатно во иста мера со ова другото,ни помалку ни повеке.
Најубаво е кога би можело ништо од тоа да не ни се случува и сите да бидат срекни и заљубени,али тоа е невозможно...:toe:
 
*(е сеа, друг пример е коа ти дале шанса, па отпосле сепак е невозвратено. тоаш е чисто разочарување, ништо друго. лично за мене.)

Ете не си дозволувам, се сечам во корен, осеќам дека има шанси да ми се зголемат чувствата но реално сум свесна дека не ми е возвратено, и пред да дојде прогресот викам ФАЛА ПРИЈАТНО, идам ja да ширам љубав каде што има плодна почва за неа ;)
 
*
Ете не си дозволувам, се сечам во корен, осеќам дека има шанси да ми се зголемат чувствата но реално сум свесна дека не ми е возвратено, и пред да дојде прогресот викам ФАЛА ПРИЈАТНО, идам ja да ширам љубав каде што има плодна почва за неа ;)

како може да бидеш свесна дека некои чувства кои сеуште не се појавиле кај тебе-не ти се возвратени? мислам..нема логика...пред да почувствуваш нешто подлабоко ти се информираш најпрво дали ќе ти бидат возвратени или не...
како и да е...љубовта не прашува дали може да дојде или не...или доаѓа или не доаѓа, но никогаш не прашува.зборот ми е, не е толку лесно да се контролираат чувствата(да не кажам невозможно).
:toe:
 
Ке се надоврзам.Технички,ти можеш да ја предвидиш иднината?Можеш да видиш нанапред кои емоции би се развиле,а кои не?Дури и ако само го претпоставуваш тоа,не е доволно за да се откаже веднаш без двоумење,ако веке знаеш дека чувства од твоја страна постојат.
Добро,можеби тебе како карактер доволно ти е да си ја следиш интуицијата,по цена на тоа дека има веројатност да ти дава погрешна насока и со тоа да те оттргне од можеби голема авантура.

Ти се случило тоа?Поради голема претпазливост да не се впуштиш во нешто,само за да ја елиминираш опасноста да бидеш повредена?
И не само нејзе,општо прашање до сите.Ви се има случено такво нешто?

п.с ако е потребно,некој нека отвори тема по прашањево.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom