Вака сега ги изначитав коментарите. Некаде пишуваше дека темава е за оние мувачици кои што секој ден се со различен тип, и на секој тип му даваат да и праи што сака, ако е така потполно се согласувам со останатите дека не тие мувачици им е потребно достоинство за да бидат нечии девојки. Ама ако не се работи за тие, тогаш си имам друго мислење.
Се имам смувано, но никогаш не сум му дала на типот да ми прави што сака. Ко прво на моите години не им доликува да правам такви работи, а второ си имам достоинство. Сум се смувала не ради тоа што не сум можела да се фатам со типот туку поради тоа што само ми се свиѓал и сум сакала да си поминам убаво. Не ги практикувам многу мувањава и мене лично ми е поубаво да си имам дечко, отколку мувач.
Само сакав да разјаснам дека сите што се смувале немора да значи дека му дале да има секс со неа, или пак да ја драпа. Сите сме различни, како и со годините, така и со паметот.