СИТЕ луѓе, значи С И Т Е без исклучоци се такви - ПРЕДАВНИЦИ. Во природата на човекот е да ги обвинува другите за споствените грешки, па после некој друг (што до вчера му бил најдобар пријател) да го обвинува за предавство, не знаејќи дека свесно или несвесно, еднаш го направил или ќе го направи истото на некој друг. Зошто тогаш се прашувате што е тоа што ги тера луѓето да го предадат својот најдобар пријател? Пријателство, во кое некој ќе даде живот за некого, нема никогаш ништо да му згреши и сл. не постои. Човекот е створен да се менува. Со тоа, да ја менува својата околина, луѓето околу него, однесувањето...Ништо не останува исто. Кога човекот е во потрага во нешто ново, поведен од инстинктот, едноставно не размислува. Си го прави ќеифот. Не е во ред да се обвини некој за предавство, доколку човек сам некому се доверил, одлучил некому да верува, некого смета за најдобар пријател. Грешката е во проценката. Значи, не е другиот виновен, туку ние и нашите очекувања од другите.
Треба да се знае никому да не се верува до таа мерка да ни зависи животот, репутацијата или среќата од некого, зошто ако е така, ние ќе бидеме најмизерните суштества на светот. Пријателот е за дружење, забава...А вистински пријател е човек сам на себеси.
Мислам дека е доволно.