Што е Македонец? (реална слика)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Ти ебам слобода без пристоен кеш во мене ... среќа имате - повеќето не сте биле во таква ситуација да видите какво срање е тоа ..ЕБЕМ ТИ СЛОБОДА - no money = no fun

добро бе брат...се’ е до парите?
денот го поминувам со помалку од стотка,ама пошо знам како да си го напрам моментот убав, не ми се потребни пари.
шо ако децава од америка,австралија,странција имаат вреќи со пари,па да можат газот да си го бришат,џабе им се...тие не смеат да излезат сами надвор,не па да скитат до 3 сабајле.
не плукај на слободата шо ја имаш...
 
Да да. Сигурно.
1к еура да ти даам, и да ти кажам имаш излез од 7 до 9 боље ќе ти биде?
Куроф ми. Сами сте си криви што сте зависни од пари.
Ја нешо пун кеш сум па знам да си го живеам животот?

Барем на мене не ми раскажувај такви причи.
До пред година дена имав Едвај доволно пари за искачање, у последнава година дена, иам поише пари од шо можам да стигнам да потрошам.
Мислиш некаква разлика ми праи? Исти курац ми е. Истите праи ги трошам и сеа и тоаш. И сеа со 2к у џеб се враќам пешки од град до НЛ, и сеа пијам ЕДНА пијачка у кафич [идам у кафич ко сум приморан] исти курац е све.
А тоа шо на повеќето егото не ви дава да шетате низ маало, и да пиете у маало пред да излезете, туку се чукате у кафич, тоа е друга ствар... Немоеш да живееш господски коа твоите имаат 200 еура плата. А ипак на повеќето од вас Такси ви е прв избор преку афтобус, иако за бус имате слободна. Едноставно "неќеле да ги видат како идат у град со бус..." или "несакам у бус да се возам со штикли"
Бла бла..
У такси неќам да се качам ни коа каснам у школо ебате.



Не те напаѓам тебе. Али свати дека СЛОБОДА е се што ти треба, а неа ја имаш. Добро душтво, слобода = хепинес.
Ако си стигнал до тоа ниво да ти требаат пари шо ги немаш за да бидеш среќен, ондак, никој друг не ти е крив освен самиот ти.

Друже муабетов ептен ти држи ,најверојатно мојата перцепција е дека сум лаком т.е. секогаш можело да биде уште боље и поубаво.
Е тука е муабетот за парите ,нормално дека парите ќе ме направат многу посреќен(не се живее од пријатели и слично) ќе ме направат посреќен бидејќи ќе имам материјани добра=задоволство=среќа=истиот ефект при земањето екстази.Пријатели има -доаѓаат и си одат ,барем да имало пари да доаѓале кога биле потребни ..пример .13-14-15-16-17-18-19 годините во мојот живот немам отидено на ниедно летување или слично ..заради ???? ..сите останати работи што ги наведе како -пиење у маало,бус енд стаф биле редовната шема ..но за жал не биле доволни -или можеби биле ..појма неам ,но знам кога ќе погледнам во минатото можело да биде многу боље ..најверојатно ми недостасува една величина деновиве -скромноста ,биде среќен со тоа што го имаш а не трипај со тоа што можело да биде ..... FUCK IT.
 
добро бе брат...се’ е до парите?
денот го поминувам со помалку од стотка,ама пошо знам како да си го напрам моментот убав, не ми се потребни пари.
шо ако децава од америка,австралија,странција имаат вреќи со пари,па да можат газот да си го бришат,џабе им се...тие не смеат да излезат сами надвор,не па да скитат до 3 сабајле.
не плукај на слободата шо ја имаш...

Слобода до некои си 17-18 години...после тоа завршува играта/детството и слободата се претвора во ропство кога и самите треба да се пробиваме низ животот со 150 евра месечно. (мнозинството)
За `странција`...не е баш толку црно и не ги чуваат децата баш сите дома во bubble како што кажал чиче или тетин од `странција`...настрана фактот што за истите пари можат да си дозволат многу повеќе и поквалитетни производи отколку тука.
Да не зборуваме за можностите кои ги имаат младите споредено со овде.

Точно е дека имаме некаква смисла за импровизација која не е толку присутна во западните земји,но која е цената која ја плаќаме за тоа...

Колку луѓе навистина уживаат во слободата? И со колкава брзина таа бега низа прозорец кога ќе зазвони инкасаторот на врата?:vozbud:
 
Некаде прочитав:
"Да бидеш македонец не е привилегија за националност, да си македонец е дијагноза."
 
Пари без слобода и слобода без пари не може.
Грујо у моментов среќен би го напраила слобода да шета без телохранители и друго, а мене парите на момент би ме усреќиле да можам да отидам до негде да ја искористам слободата.
Не дека ми фали нешо сеа, не ми требаат пари, него шо се диви народов нема за леб они до виза им дошло.Не мора ни ЕУ ни нишо само тука нека се среди.:toe:
 
За Македонија ако нема што да се зборува,за која друга земја има?
 
Не знаеш кој си, што си,
други тебе знајат,
срам голем је за тебе,
сам да не се знаеш...
 
не сум знаел еј ...
дека сме шпиони, кукачи, сеирџии бла бла бла бла бла :tapp::tapp:

сами себе се е*еме ... „алал“ да ви е на оние погорни карактеристики и тие низ постовите назад кои ги генерализирате за поимот Македонец :tapp::tapp:
 
Вистински македонец е вистински македонец. Што има тука да се прашува. Сами треба да знаете.
 
Мислам на СЛОБОДА.
Мислам на седење у маало до 1 саат сабајле у 3то оделение, мислам на праење шо сакаш и кај сакаш без никаков страв.
Мислам на седење у клубови до 6 сабајле и мислам на пиење на клупи пред зграда до сабајле.
Мислам на крадење кајсии и кршење на коските на стубот од дворот кај шо си ги украл.
Мислам на шуто дупе и граница.
На фудбал и баскет.
Мислам на бегање од љути пензионери шо со секира сакаат да ти го бутнат обрачот, а сега со истите пензионери ракија пиеш и сиренце мезиш, ПАК, на клупи пред зграда.
Мислам на искачање у 3 сабајле за време на летен, со голема чаша за чај, пуна со нескафе, у пижами дифтарски и патиче, без чорапа, пошо те мрзело да облакаш.. Фиш и нес, еј, у 3 сабајле еј? Пред зграда еј!
Мислам на веслање украдено кајче, со украдени весла од пристаниште во центар на Охрид, до Немо бич, у 5 сабајле. Со Џек Дениелс у ранче и Боб Марли на телефон. Со цајкани шо те прашуваат "Од кај сте, шо праите?" и, лол, "Да не пецате риби?"
I dont Give A FUCK bout ur пастрмка.
Немој, жити се, нафурани сме да се жалиме и да кењаме, али веруј, никој нема детство како македончиња.
Гордон.
Скопје, Ново Лисиче.​

се убаво, поштуам, и така е ...

ама сето тоа еднаш завршува and then u face the reality :toe:
 
се убаво, поштуам, и така е ...

ама сето тоа еднаш завршува and then u face the reality :toe:

Завршува, коа завршува и детството.. Го јадеш бедот у моментот коа треба да завршиш факс/си завршил веќе, и треба да најдеш работа, треба сам да се раниш, и у краен случај да раниш фамилија.

Јасно јасно.

Само онака, ме исфрустрираа, пекаат ко мали деца, а навистина имаме најубаво детство од сите останати народи во светов, балканци сме, си знаеме да си живееме и да си го тераме кејфот, ради тоа и неаме кеш коа ќе дое време (:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom