Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Браќа Карамазови во моментот ја читам по препорака на еден член од форумов. За книгате дафинитивно треба да се одвои доста време не само што има многу страници туку има и многу личности многу заплети многу пораки и не е лесно се да се прогота, но секој што ќе ја прочита сигурно ќе му стане една од топ 5 книги што ги прочитал во животот.

Достоевски...е еден и едниствен, се согласувам.
 
Моментално Ботаника и математика на модерен инженеринг,а и правам план за што наредно да читам т.е мал апгрејд треба,па затоа треба реален план оти се е стручна литература:toe:
 
„Идиот“ - Достоевски

idiot-g.jpg

Не знам како да го коментирам делово, мислам дека со секоја моја напишана реченица ќе го уништам, ќе го повредам стилот и умешноста на големиот Фјодор, се чувствувам недостижна да ги коментирам неговите реченици. Во период кога Достоевски стана врв на сето она што го имам прочитано досега, апсурдно ми е да зборувам за неговите квалитети, апсурдно ми е дури и да почнам да ја раскажувам фабулата на делото и да зборувам за било какви мои ставови и размислувања. Ми снемува зборови. Дури и не можам било кога да го читам, потребна ми е максимална концентрација и целосно се препуштам на мајсторијата. И зборот генијалност е малку за него.
 
На мултитаксинг сум па ќе речам 2 книги

Првата е Новеченто од Алесандро Барико. Читана ми е „Свила“ пред некои 2 години во еден здив. Сигурен сум нема ни оваа да ме изневери.

Аженкур од Бернард Корнвел. Англија и франција во екот на стогодишната војна. Можеби најневеројатните ситуации на бојното поле - кога една чета стрелци води битка против францускиот крем на војската составен од витези, тешка оклопна коњаница. Книгава иако е историска всушност е фикција и е гледана низ призмата на еден стрелец - Николас Хук. Строго препорачано за оние кои го имаат читано Амин Малуф и крстоносните.
 
„Бели ноќи“-од Ф.М. Достоевски.

Целосно се согласувам со walker girl. За Достоевски не постојат зборови кои би ја опишале неговата маестралност во сликањето на човечката душа.
 
Тунел од Петре М. Андреевски. Последниот печатен роман (2003) на Петре и последниот што ми остана за читање.

Се работи за една млада жена, Невена, која ќе доживее три љубовни бродоломи, кај која потоа ќе остане дилемата: дали зад тие судбински пресврти, причината лежи во несреќно одбраните сопатници или, пак, голем дел од вината е во неа самата. Дали во нејзиниот избор барала само љубов или и нешто друго кое, подоцна, ќе се претвори во несреќа, во заблуда и - конечно, во тотално разочарување. Дејството е сместено во пред и постземјотресно Скопје.
 
Моментално една книга од Гордана Стојковска... Незнам како се вика зошто нема наслов никаде во книгата. Составена е од 2 дела:
  • Ѕидање на сонцето
  • Патување

До сега книгата ми се свиѓа многу, а ако некој знае како се вика нека пише ПП.
Фала :smir:
 
399 од Фредерик Бегбеде

Се обидува да го прикаже животот без шминка, онаков каков што навистина е. Во книгата раскажува приказна за парискиот ненадминат првак во креирањето на реклами, кој што поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерано консумирање на кокаин, трошење пари, лесни девојки непреспиени ноќи.
нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.
Го обожавам пистелот и неговиот стил на пишување. Мног добри книги има од него.
 
Уште еден Тунел, овојпат од Ернесто Сабато.

"Ќе биде доволно да кажам дека сум јас Хуан Пабло Кастел, сликарот што ја уби Марија Ирингарне; претпоставувам дека сите се сеќавате на процесот и дека нема потреба од поголеми објаснувања за мојата личност.
Иако ни ѓаволот не знае што е тоа што треба луѓето да го помнат, ниту пак зошто. Всушност, секогаш сум мислел дека нема колективно сеќавање, она што можеби би било одбранбена форма на човечкиот род. Фразата "сето минато време беше подобро" не покажува дека претходно се случувале помалку лоши работи, ами, за среќа, луѓето ги фрлаат во заборав."
Мала, по обем (180 страници/на 20 см) ја прочитав денес, во еден здив речиси. Препораката на Ками: "Се воодушевувам на неговата сува јачина и се надевам дека ќе го постигне во Франција успехот што го заслужува" е доволен поттик да се нафатите со читање на овој краток, но сепак содржаен роман, прв од перото на Ернесто Сабато.
 
Моментално читам Убиство во ориент експрес од Агата Кристи, книгата ме воодушевува, а неодамна ја прочитав и Принцезата Султана, прекрасна книга во која принцезата раскажува за своето детство, за животот во договорениот брак и за нејзината внатрешна психолошка личност. Иако е опкружена со злато дијаманти и луксуз, се чувствува бедно мизерно, без слобода, без глас, како вистински затвореник
 
Грешник - Дејвид Х. Лоренс - приказна за млада виолинистка која е вљубена во постар, оженет виолинист. До сега колку што имам прочитано од книгава ми нема оставено некој посебен впечаток, но се уште сум на почетокот така да ќе видиме понатаму како ќе се развива дејството. :)
 
"За македонцките работи" oд Крсте Петков Мисирков.

"Ако тоiа долг се сознаит, ако обiединуаiн'ето на нашата интелегенциiа со бугарцко, србцко и грцко образуаiн'е се достигнит, ако се парализуат работеiн'ето на пропагандите и се успеит, тиiа сосим да се отстранат од Македониiа, ако се устаноат добри односи кон сите македонцки народности и се подобрит политичното и материiалното состоiаiн'е на македонците, то, при сите дадени жртви, ке можиме краi другото да бидиме доолни од iедно: востааiн'ето ни отвори очите на грешниiот пат, по коi до сега врвифме, по коi ке врвифме и за однапред, и без востааiн'ето сами ке подготвифме почва за дележ; оно ни отвори очите на много наши нужди, коiи шчо и не и предполагафме по напред."

Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското националноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.
 
Пол Кристофер - Бележникот на Микеланџело
Тоа ми е следно оти веќе го прочитав Евангелие по Луцифер. Нема лош стил Кристофер, но не е ни нешто посебно, Ден Браун прави понапната атмосфера.

Иначе, моментално сум на 13 проблеми - Агата Кристи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom