Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
„Папокот на светот“- Венко Андоновски
Во овој период се занимавам со Венко... поточно тој се занимава со мене.
 
„Последниот чај“ од Винка Саздова.
Интересна книга, иаку сеуште сум на почеток, мислам дека ќе биде одлична.
 
Вчера ја почнав „Злостор и казна“ по вторпат. Иам уште 20 страни од првиот дел, за некои си пола саат ќе го завршам. Најдобрата книга ever! И уште стопати да ја прочитам, нема да ми биде досадна.
 
Па што ако имам некој килограм повеќе? (англиски наслов: Size 12 is not fat) од Мег Кебот. Книгава е лесна литература, онака за релаксација, се работи за 25 годишната Хедер која била тинејџерска пејачка сензација и пропаѓа кариерата и потоа работи во студентски дом. Таму каде што работи една девојка ја наоѓаат мртва и од тука почнува да се развива приказната.
Инаку девојката е малце покрупна, носи конфециски број 42... :)
 
Необичен заложник - Таласа Али. Ок книга, има добри описи на Индија. Инаку се работи заедна млада жена Маријана која заминала во Индија со Англичаните (кои треба да потпишат договор со махараџата) за да најде сопруг и ќе се заљуби во еден од офицерите, али до неа ќе дојде едно многу младо дете кое таа многу ќе го засака. Но, махараџата го зел тоа дете од таткото затоа што верува дека му носи среќа и по секоја цена ќе сака да си го врати.
За жени е книгава. Има многу описи, љубовни заврзлами и такви некои ствари. Не е нешто посебно воодушевувачка али ок е.
 
Дневникот на Сузан за Николас- Џејмс Патерсон
Ми ја препорача Саладин дека е во стилот на Спаркс. Прекрасна книга, обично книги читам само на часови во школо но оваа ни дома неможам да ја оставам :)
 
Azincourt од Bernard Cornwell

Историска книга за битката кај Ажинкур помеѓу Франција и Англија. Мој домен, осеќам добра акција. Сеуште на почеток.
 
"Осаменоста на простите броеви" од Паоло Џордано. Не знам зошто толкава фама се дигна околу книгава. Мене лично не ми е ништо посебно. Драма. За некои претставува ремек дело. За мене е разочарување, во однос на тоа што очекував.
 
Порака во шише - Николас Спаркс.

Тереза Озборн е разведена и разочарана, но еден ден сето тоа ќе се промени кога на плажата ќе пронајде шише со таинственo љубовно писмо. Се она што се случува понатаму е сосема неочекувано, можеби дури и чудно, бидејќи ги опфаќа сите наши надежи да пронајдеме некој посебен, да ја дофатиме љубовта која е вонвременска и вечна...
 
Општествениот договор на Жан Жак Русо. Одлична, безвременска книга, тоа што го има напишано и ден денес има влијание, не е залудно еден од позначајните филозофи. Општата волја, општото добро, слободата на човекот т.е неговото право да биде слободен, преоѓањето од природната состојба во граѓанската состојба се работи за кои станува претежно збор во оваа книга.
 
Мистергонија од Милиш Димковски - возбудлив трилер , многу интересна фантазија. Ја препорачувам на сите!
 
,,Смртта и западната мисла’’ Жак Шорон прави обработка на стојалиштата за смртта и нејзините елементи во делата на многу философи.
 
`Дон Кихот` од Мигел де Сервантес(за матура).
`Парадоксот на Диоген` од Томе Арсовски(за настава).
`Диво Месо` од Горан Стефанмовски(за настава).

И не можев да дотраам па почнав да ја читам `Клучот на Соломон` од Вебер, што ја земав на саем. Впрочем ги разлистав само првите 10-20 страни и ме бендиса ептен книгата, ама ќе ја оставам за летоска, зашто стварно немам време сега:helou:
 
„Ќерката на Клеопатра“- Мишел Моран :)
Засега ми се допаѓа :) Сакам такви книги со понекои историски факти низ нив :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom