Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ја завршив „Вероника реши да умре‘‘ од Пауло Коелјо ..
Не е нешто посебно но е доволно да го привлече моето целосно внимание.Влегувањето во психата на различни луѓе е добро обработено.

Инаку сега започнав да ја читам „Голи во смртта‘‘ од Нора Робертс ..
две глави прочитав и ми се гледа како интересно четиво ... нешто накај криминалистичко по се изгледа.
Импресии по завршувањето на делото. :)
 
Зора зад аголот - Димитар Солев.
Книгава морам да признаам дека е многу убава, првенствено затоа што целото дејствие се одвива во Скопје некаде во периодот после војната а пред земјотресот.
Сега сум стигнат некаде до половина и книгава ме остава воодушевен.
 
M.Џ.Хајленд - Дневник на Лагите
Се работи за едно дете кое се вика Џон и живее во Ирска. Тој на 11 години е повисок од 180 сантиметри но не сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди како изрод туку поради тоа што ќе направи нешто или ќе има способност која ја нема никој друг. А, тој ја има. Тој е жив детектор на лаги.:smir:
 
Моментално ја читам Самрак од Стефани Мајер. Сега сум некаде при крај и искрено очекував повеќе со оглед на тоа колкава прашина се крена околу, и книгите и филмовите. Очекувам да ја прочитам некаде до крајот на нареднава недела па после следува саемот на книга каде што сигурно ќе најдам нешто за следниот период :)
 
„Затоа што те љубам“ - Гијом Мисо
Трогателна драма! Детето е со родителите во трговски центар и се губи. После 5 години се враќа на истото место, но не зборува. Прекрасна книга!!!!!
 
Jedan od onih zivota - Djordje Balasevic

Препознатлив стил на Балашевич. Според многумина ова е неговото најдобро дело. Имам уште 20тина страни и морам да кажам дека книгава мора да ја читаш со пенкало и лист до тебе и да фаќаш интересни мисли. Книгава е преполна со такви!
Воглавно, Балашевич е сконцентриран на неговата љубов кон Анамарија, притоа додавајќи многу различни ликови кои го поврзуваат со неа на некој начин. Другата главна алка е неговиот минат живот како фудбалер.
Кој како го сфаќа.
 
„Кога Ниче плачеше“
Со оглед на фактот што сум до 10 страница, знам дека има прогресивно дејство низ многу убави зборови, се` е одмерено и нема ни една буква бадијала. Фабулата е за болниот Ниче и докторот кој е мајстор за психоанализа и ќе го лечи. Очекувам филозофско четиво предадено низ елегантна приказна.
 
Престиж - Кристофер Прајст

До 100 страна сум негде и многу јака книга. Онака заплеткана, и пополека станува се по и повозбудливо. Поделена е во 5 дела, сега го читам вторио дел. Првио дел е раскажувам од една личност, вториов од друга, третио претпоставувам од трета...
Ајде заминав да читам :)
 
Ангели и демони-Ден Браун.Се утепав барајќи ја книгава и конечно ја најдов :vozbud: се надевам дека книгава вреди да се прочита.. :salut:
 
Половина жолто сонце-"Чимаманда Адичи"........до 100-та страна сум,и од досега прочитаното можам да ви кажам дека се работи за интелектуални личности од Нигерија кои се против колонијалните интереси на странските држави и губење/негување(за кого како) на традиционалните вредности на племињата од Нигерија....моја претопставка е дека книгата го опишува целокупниот живот на Нигериецот во текот на нивната закоравена војна,помеѓу северот и југот:toe:...но преостанува да ја дочитам за дефинитивно да знам за што се работи
 
Вештицата од Портобело - Пауло Коелјо
До 80-та страна сум стигнат. Добра е, приказна раскажана од повеќе луѓе. Коа ја зедов, мислев дека некако глупо ќе биде оти е пишувана на таков начин, ама не ме изневери Коелјо.
 
Црнооката (Калеш) Анѓа од Стале Попов.
Приказната на Калеш Анѓа е испреплетена од повеќе мотиви. Оној за близнаците е испреплетен со бунтот на самосвесната македонска мома против потурчувањето, мотивот на среќната брачна љубов е препознатлив за творештвово на Стале Попов, воопшто мотивот на предавството е благородно искористен во приказната за задушената Мариовска буна од 1564 година.
 
Пред некое време завршив со „Голи во смртта‘‘ - Нора Робертс ..
Лесна книга .. криминалистика ..
Има доста сплетки интересни за читање.
Се на се добра книга, не е лоша :)
 
Тарас Буљба од Николај Васиљевич Гогољ.
Историска повест за животот на запорошките Козаци во XV век, на Тарас Буљба и двајцата негови синови: Остап и Андреј. Опишани се козачкиот начин на живот, нивната родољубивост, слободољубивост, но и арогантноста и тврдоглавоста.
 
Ја почнав "Кројцеровата соната" од Толстој. Интересно ми се глеа.
Сепак Толстој е голема книжевна шмекерчина!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom