Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Храмот на инките - Џејмс Ролинс. Лесно се голта, од мој поддомен - очекувам добра акција.
 
Чемери и доблести од Живко Попоски. Ми ја препорача мајка ми, била многу поучна.
 
"Сеќавање на моите тажни курви" од извонредниот Габриел Гарсија Маркес.
Живописни враќања кон минатото и возбудливи воведи кон идните настани.
Книга за читање во еден здив.
 
Moментално читам една лектира Чекајки го Годо и друга една книга Зависна од мода.На почеток сум али досеа без ниту еден впечаток:nesum:
 
Пред 2 дена ја завршив „Мемоарите на една гејша“ - Артур Голден (неверојатно нешто што те влече да читаш до самиот крај и да не ја оставиш книгата да „дише“ се додека не ја прочиташ и последната буква) и започнав да ја читам „П.С. Те сакам“ од Сесилија Ахерн. Навидум современа книга, од она што досега успеав да го прочитам, меѓутоа не ми е баш по вкус.
Штета што филмовите веќе ги имав гледано пред да ги читам книгите.
 
Еквинокс - Мајкл Вајт
Криминалистички роман, дејството се случува во Оксфорд 2006 година. Во прашање е мистериозен и злосторнички ритуал кој се случува само при конјункција на пет небесни тела за време на пролетната рамнодневица, поврзано со древните алхемичари од Египет и потрагата по Рубиновата кугла, поврзано и со тајниот окултен живот на сер Исак Њутон и најзначајните личности на Англија во седумнаесетиот век.
 
Историја на Уметноста - Гомбрих
Колега:back:

он:
Затоа што те Љубам - Гијом Мисо

Роман кој почнува дури прозаично, за како се движи, се повеќе да те остава без здив (на крајот више не може да дишеш, се гушиш и умираш :icon_lol:)

Srsly, можда бестселер, али така суптилно пренесува безвременски пораки и вистини, што ме остави без зборови.
 
Николо Макијавели-Владетелот

За разлика од дејдримерски тралалјки и љубовта е вечна романи ова е фундамент, основа. Неверојатно како повеќето од работите се исти од пред скоро 500 години. Ценам автори што творат на реалистичен тлоцрт, и каде праксата и иднината покажале колку теоријата им држи вода.
 
Вероника реши да умре од мајсторот Пауло Коелјо. Интересна сторија за жена која има се' во животот, но нејзиниот живот е ист секој ден и се одвива механички, без некакви авантури или лудости, па затоа решава да се самоубие, пиејќи голема доза на апчиња за спиење. Се буди во психијатриска болница, каде што во последните денови од животот ја открива убавината на истиот и ги пробува и доживува сите работи кои дотогаш ги сметала за луди и невообичаени, а сега токму тие работи и' даваат поттик за живот, за нов почеток.
 
Дигитална Тврдина - Ден Браун.

Цела година не ги читав делата за у школо, сеа фатив да читам :kesa:
 
Интимност од Ханиф Куреиши.

Тежок, мрачен роман кој одлично ја сецира сјебаноста на нашите цинични генерации изгорени од хипи ерата, како и машката улога денес.
Али на крајот ипак дава утеха. :)
 
Коралина, на Нил Гејмен. Топла дожлива современа бајка.
 
"Сеќавање на моите тажни курви" од извонредниот Габриел Гарсија Маркес.
Живописни враќања кон минатото и возбудливи воведи кон идните настани.
Книга за читање во еден здив.

Исто.

Интересен цитат: "..и после долгогодишен сон, се разбуди мојот ѕвер во панталоните" :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom