Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Неподнослива леснотија на постоењето, од Милан Кундера
 
Вештица од Венко Андоновски. По толкаво фалење, од страна на сите луѓе што ја прочитале, морав да се просветлам и јас.

Книга која со ист восхит (да не речам со ист лезет) може да се чита на сите меридијани...Венко Андоновски во романот ,,Вештица" ги урива сите стереотипи и со несмалена кондиција испишува антологиски страници, освојувајќи нови белетристички врвови. По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот ,,Вештица", пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум ја напишал.
Петре М. Андреевски
 
"За страдањето на Другите" Сузан Сонтаг.
 
во последно нишо немам идеа шо да читам а ме фаќа ќеф некако ? некоја добра психолошка ќе можи да ми препорачате ?
 
go citam kapitalot od karl marks a ot kako ke go procitam ke napisam moja kniga bazirana na negovata vo osnova znaci ke go kopiram ali ke vmetnam nekoi moi idei kako seto toa treba da izgleda i toa delo ke go krstam kapitalot od karl marks na CELTIK nacin
 
Вештица од Венко Андоновски. По толкаво фалење, од страна на сите луѓе што ја прочитале, морав да се просветлам и јас.

Книга која со ист восхит (да не речам со ист лезет) може да се чита на сите меридијани...Венко Андоновски во романот ,,Вештица" ги урива сите стереотипи и со несмалена кондиција испишува антологиски страници, освојувајќи нови белетристички врвови. По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот ,,Вештица", пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум ја напишал.
Петре М. Андреевски

Вештица е неверојатен роман, го прочитав во еден здив. Од Венко на времето почнав да го читам Папокот, ама не ми легна, на два пати стигнував до 50-та страна и се откажував. Тоа многу лошо се одрази на мојата желба да прочитам нешто друго од него. Меѓутоа, една многу драга личност и покрај тоа што знаеше за мојата аверзија кон Венко, ми ја подари книгата со топла препорака да ја прочитам.

Интересно се доловува начинот на кој мажите ги поимаат и ги восприемаат жените и каков ефект тие предизвикуваат, што доживуваат и од каде тој порив кај мажите за доминација/контрола (доминацијата не е кажана во феминистички концепт, да не се разбереме погрешно). Едноставно прекрасно доловена слика за тоа што се случува во машката душа, за страста, за убавината, за лудата желба да ја имаш и што се случува ако ја немаш. Во овој роман се разјаснува и од каде она исконско верување дека жените прелажале, измамиле и сл. А единствената кривица на жената е што е само тоа... Жена.
 
Вештица, е страшно добра моќна книга, со оригинален шмек е доловено се во неа и со исто таков шмек е истото напишано, што овозможува да секој да се впие во книгата и да ја чита на јазик како лично да сме во дејствието.
Горд сум што е македонска книга. одлично.
 
The bell jar from the one and only Sylvia Plath.
Преведена е на македонски, но никогаш нема да се добие истиот вкус кога ќе се прочита на матичниот јазик на кој што е напишано.
Воодушевена сум.
 
Само што ја дочитав Дигитална тврдина - Ден Браун.
Многу убава книга, одличен трилер. Изгледа како вистински филм, книга која не може да ја испуштите од рака додека не го дознаете крајот.
Обработува интересна тема за кодови и нивно откривање од најдобрите криптографи. Се е одлично додека во светот не се појави првиот код кој не може да се пробие, за на крај да испадне дека таков код не постои него тој е само еден вирус кој би влијаел врз безбедноста на државата. И тука настанува вистинска збрка.
Ја препорачувам на сите љубители на трилери.
 
Моментално ја читам "Чорбаџи Теодос" :vozbud: Лектира ми е :helou:
 
Книгата за Александар Македонски,сега баш ја почнав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom