Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам чиј македонски превод читаш. А нормално е дека вредноста се намалува до одреден степен кога е преведена (секако со оглед на тоа колку е способен преведувачот).
Оригиналот е руски и книгава е едно од најврвните дела во романтизмот.
 
Не знам чиј македонски превод читаш. А нормално е дека вредноста се намалува до одреден степен кога е преведена (секако со оглед на тоа колку е способен преведувачот).
Оригиналот е руски и книгава е едно од најврвните дела во романтизмот.
Знам дека е руски оригиналот, и знам дека е може најврвна али преводов е од стале попов мислам, и типот правел директен и буквален превод...така да...тоа е:smir:
 
Антони Де Мело - Новиот ден

Ја читам по 6-ти пат негде. Книга која го менува човекот. Многу поучна, да ја читаш и препрочитуваш повеќе пати и откриваш нешто ново.
Ах, како неможам да ја најдам Дамари.
Од истиот автор, ама подобра била од Новиот ден.
 
Вител - Кетрин Коултер
Интересна криминалистичка драма, осеќам дека до последен момент ќе сум замислен, а го сакам тоа. Инаку прва ми е од таквиот жанр, ама после ова мислам дека и омилен жанр ќе ми стане.
 
Ете, срам ми е да кажам дека уште не сум ја прочитала, ама ќе кажам оти некако ме голицка уш од почеток а сум некаде 1/4 од книгата и се кеифам: Мајсторот и Маргарита.
 
Lady Chatterley's Lover на David Herbert Richards Lawrence, која во квази преводот на македонски јазик е насловена - Првата Лејди Четерли.
Уште една потврда на вечната животна поставка дека не е можно да се опстојува само со умственото, а во потполно игнорирање на физичкото задоволување на себеси. Повеќе впечатоци кога ќе ја дочитам.:wink:
 
Ја завршив Онегин...Денес почнувам Крвна Врска од Сидни Шелдон
 
Барбара Клеверли - Последната кашмирска роза. На самиот почеток сум, ако ја има некој прочитано да ми каже дали вреди да се чита?
 
Ја имам читано Последната кашмирска роза и ме бендиса. Баш е лесна, читлива. Има уште една од неа со мак превод, Регтајм во Симла. Исто вреди да се прочита

Во моментов читам Грчки митови :kesa:
 
"Sumrak" / Twillight од Стефани Мејер, после тоа почнувам со Крвна Врска од Сидни Шелдон
 
Злосторство и казна - Достоевски
Сега за сега ми се допаѓа
 
Жените што го променија светот,од Рос Хортон и Сали Симонс

"Sumrak" / Twillight од Стефани Мејер, после тоа почнувам со Крвна Врска од Сидни Шелдон
Кај ја најде Twilight?Инаку Крвна врска ми е една од омилените,топло ти ја препорачувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom