Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Венчам те - Аманда Квик. Интересна книга, на почетокот сум но осеќам добра акција (нешто слично на Исчезнат)
 
Сега почнав да ја читам Кандит.
Прочитав околу 60 страни и за сега е добра 8/10:smir:
 
Сега читам лектира за на школо Казна и злосторство и баш на почетоко сум и не ми остава некој впечаток
 
Баш ја завршив “Медеја“ од Еврипид, и продолжувам со “Хиполит“ и “Ифигенија“ исто од Еврипид, во план ми се да му се вратам малце на Античките класици, одамна ги немам читано.
 
Денес ја завршив "Негирање" од Кит Аблоу и ја почнав "Демијан" од Херман Хесе, која, според мојата geek-овска настроеност, најверојатно ќе ја дочитам денес или утре.
Планирам пак да ја земам "Теорија на хаосот", пошто летово не ја дочитав, ама не ми текнува на авторот...ако му текне на некој - нека помага!
 
"Криминологија" од Љ.Арнаудовски и "Казнено право" oд Камбовски. Кога се мора, мора.:wink:
 
си седам дома си ја читам Twilight... и иди мајка ми... и гледам една сумљива книга донесла... ко гледам вероника реши да умре- пауло коелјо...
и како што претпоставував дека ке ме воодушеви... останав во право
ја обожавам... како и појкето од пауло... ја прочитав во еден здив...
now back to twilight :):)
 
Денес ја завршив "Негирање" од Кит Аблоу и ја почнав "Демијан" од Херман Хесе, која, според мојата geek-овска настроеност, најверојатно ќе ја дочитам денес или утре.
Планирам пак да ја земам "Теорија на хаосот", пошто летово не ја дочитав, ама не ми текнува на авторот...ако му текне на некој - нека помага!
Џонатан Раб:smir:
 
Дејвид Едингс - Кралицата на маѓепсништвото
 
Пред ден-два-три почнав со Злосторство и Казна - Достоевски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom