Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј

Многу сум слушал за Ернест и токму за оваа книга која била неговата најдобро, пребарав низ интернет да прочитам некоја рецензија и да видам дали би ја читал. Според она што го прочитав, книгата е добра и еден вид таа е од историски аспект а јас обожавам такви книги па ја зедов и почнав да читам. Во книгата се зборува за еден американец кој е на мисија во Шпанија и треба да сруши еден мост, а во тоа време во Шпанија трае граѓанската војна.

Не прашувајте за кого бијат камбаните, тие бијат за тебе!
 
Црниот принц“ - Ајрис Мердок

Не знам што се случува, каков баксуз ме има фатено, ама лошо е кога ќе ти се погодат две ужасни книги една по друга. Книгава има прекрасни рецензии, дури некаде ја пишува како ремек дело од рангот на “Хамлет“ на Шекспир. Во моментот кога ја купив, немав ништо на лагер за читање и си викам, ај да видиме... Ужас. Значи повеќе од недела дена ја читам, до пола уште не сум стигната што се вика. 10 страни дневно максимум можам да читам. Досадна, нема ЕДЕН лик кој е онака симпатичен или доволно интересен за да ти задржи внимание, а и приказната за сега е ужас. Негативна енергија ми создава книгата. Можеби уште не сум стигната до интересниот дел, ама како тргнало тешко дека воопшто ќе има интересен дел. Главниот лик е разведен, писател, ама малку дела има објавено, се смета себеси за уметник. Во книгата до сега се појавуваат неговата бивша жена, сестра, братот на бившата жена и неговиот пријател-ривал исто писател со неговата жена и нивната ќерка.
До сега книгата е полна со самосожалување, кукање и напор.

Продолжувам да ја читам само заради мојот принцип секогаш да ги дочитувам книгите, колку и да не ги бива, па откако ќе ја завршам ќе се јавам со коментар.
 
На препорака на @џимеј пред некој ден ја прочитав во 5 сати отприлика, Семејството на Паскуал Дуарте од Камило Хосе Села.

Шо да кажам, освен дека уживав максимално, во тие неколку часа време. Онака чувство кога ништо друго не те интересира околу тебе, оти си завлегол ептен во замислата на ликот и настаните кои ги прикажува, онака преку специфичниот и сликовит стил на Села, ги црташ во мозокот и не сакаш да ги испуштиш, туку ги надоградуваш и надоградуваш.
Особено ми се допадна начинот на кој прави компарација братов. Толку својствен, и искрен, воедно навидум лесен стил, но ако ги протумачиш сите тие компарации и споредби, ито како се тешки истите, и педантно прецизни во емоциите и сликовитоста.

На крај кога ја дочитав, зажалив за тоа што немаше уште, барем уште 50-тина страни онака, ради личен кеф и себичната желба да поуживам како ретко во книга.

Ептен искрени емоции, ептен заминувања до недоглед со имагинацијата, уште сум под импресии, и обидувајќи се да го доловам впечатоков, се чувствувам некако празен и донеискажан. Ако подобро размислам, мислам дека и 100 години да ми дадат да напишам што мислам за книгата, на крај повторно нема да бидам задоволен од тоа што ќе го напишам, за да пренесам некој впечаток, зато шо книгава е една од оние работи кои се доживуваат само ако се искусат лично, непосредно, нешто ко смртта да речиме :)
 
Михаил Булгаков - „Театарски роман“

Краток, недовршен роман на Булгаков, уште попознат под насловот „Црниот снег“.

Централниот лик, Сергеј Леонтиевич Максудов, инаку новинарски дописник ќе ја има (не)среќата да сонува сон што ќе го измачува до степен што едноставно ќе мора да напише роман за него. Романот на Максудов ќе биде причина да ги запознаеме сите завери, љубомората и зависта во книжевничките кругови. Максудов кафкијански го влечка романот насекаде обидувајќи се да постигне некаков успех. На крајот потребни ли се тие умилкувања и обиди да се стигне до книжевничките врвови по цена да се изгуби личноста и колку тие врвови се навистина тоа?

Булгаков ќе го смести својот јунак и во театарската атмосфера и ќе проба да го вклопи таму. Можноста тридимензионално да се наслика и да се види сонот е возможна само на сцена. Но колку таа сцена навистина е потребна, кога заткулисните политички игри се далеку посилни?

Препознатливи се апсурдноста и духовитоста на Булгаков. Тоа впрочем се и заедничките црти на овој таканаречен краток роман (или можеби долг расказ?) со неговото најврвно дело „Мајсторот и Маргарита“. Секако и симболизмот како слуга на целата таа заплетканост.
 
e. a wallis budge - egyptian magic, српски превод
Преглед и објаснување на амулетите, магичните фигури и формули кои ги користеле, како и обредите и ритуалите (најчесто погребни) кои ги извршувале старите египјани.
 
Паралелно ги читам „Nightmares & Dreamscapes“ од Стивен Кинг и „Порно“ од Ирвин Велш.
Првата е збирка раскази објавена во 1993та, некои неверојатно реални и страшни, некои не толку. Среќа сите се по околу 30-40 стр. па и подосадните брзо се читаат.
Втората е продолжение на „Trainspotting", некако очекував да биде поинтересна. Дејството се одвива 10 години после првата книга, Sick Boy се среќава со Renton за заедно да снимат порнографски филм. Се' се комплицира кога Begbie излегува од затвор. Книгата е поделена на повеќе поглавја, во кои наизменично раскажуваат Renton, Sick Boy, Spud, Begbie и Nikki (една од актерките во филмот). Читањето ми оди малце поспоро бидејќи деловите на Begbie и на Spud се на шкотски и дур ги дешифрирам... :D
 
Девојката со бисерна обетка - Трејси Шевалие

Книгава ја најдов дома, ја отворам, гледам со посвета, подарок за 16-ти роденден ми била. Таман немав ништо за лагер, па зедов да ја читам. Паметам дека во средно додека бев беше хит, бестселер, многу фалена, а и критиките беа одлични.

Речиси при крај сум, некако млитаво чувство имам во врска со книгава, онака рамнодушна сум, не ме воодушевува нешто нај, нај, ама ќе помине кога и онака немав во моментот ништо попаметно за читање.
 
Некако во последно го расчитав Гијом Мисо. Многу јако ми делува, а и книгите му се чудо. Браво за него.
Иначе моментално ја читам СПАСИ МЕ :) се разбира од него
 
:gjavol::popce:
„Егзорцист“ на Вилијам Петер Блати. Од романов произлезе и филмот, чиј сценарист беше самиот автор, кој, ако не се лажам, лапна оскар за тоа. E сега, ова е македонски „превод“ (најверојатно од српски или од некој наму најсроден јазик), издание на „Ѓурѓа“, па вие видете што и како, и размислете дали вреди да се чита и дочита.
 
"Undeniable: Evolution and the Science of Creation" - Bill Nye.
Интересен како и во усно изложување така и во писмено, Бил Нај во оваа книга ја потенцира цврстината на доказите кои одат во прилог на еволуцијата, во однос на бесмисленоста на креационистичките верувања.
 
Последно уредено:
Ѕвонарот на богородичната црква - Виктор Иго; extended version.
Разликата од стандардната е што оваа е вметнат подоцна, пишаниот пролог и опис/компарација на Париз во 15ти век со оној во 19ти. Ако сте љубител и имате шљив за историја на уметност/архитектура, проширената верзија ќе ви биде одлично четиво да се запознаете за одредени периоди во француската историја општо. Во принцип Иго опишува субјективно особено ставајќи акцент на револтот дека Париз никогаш немал континуитет и секогаш трпел драстични промени. Затоа и посветил еден роман за Богородинчната црква како траен паметник на некогашниот Париз во преодот од среден век во ренесанса (иако е изградена во готски стил во 13ти век). Се` уште сум на почетокот, хумористичниот и помалку циничен опис ми оди под рака, така да имам високо мислење за книгава засега.
 
Стручна литература. Се едуцирам од областа на електрониката. Иначе име на делото е Електроника - Бранко Раковиќ :)
 
Па моментално ја читам ,,ДУВА'' од Божин Павловски . Не ме фасцинираше многу,голема книга и многу испреплетена.Следна е Игра во р'жта.
 
“Во чест на Каталонија“ - Џорџ Орвел

Немаше крај на мојата радост кога слушнав дека книгава ја има во Икона. И тоа уште и преведена. Со голем мерак ја купив, со уште поголем мерак почнав да ја читам. Ама, за жал, преводот е лош. Преводот можеби сам по себе и може да добие преодна оцена, меѓутоа ми изгледа како никој да не ја лекторирал книгава. Ставање запирки онаму каде што не треба, неставање запирки онаму каде што треба. Има еден куп печатни, граматичи и правописни грешки. На секоја страна има по 2-3 грешки. Некогаш поситни, некогаш ти вадат очи.

Релативно сум на почеток, т.е 1/4 од книгата, ама работите што ги споменав погоре, ептен ми бодат очи, ме нервираат и едноставно не ми е уживање. Ептен ме разочараа Икона. “И на дното и отфрлен во Париз и Лондон“ имаше некои грешки, ама тие беа поретки и речиси не се забележуваа. Ако некој сака да ја купи, да му кажам одма - не ја купувај, 350 денари е, подобро почекајте и земете си ја на англиски јазик.

Инаку книгата е запис на искуствата на Орвел во Ѓраѓанската војна во Шпанија. Објаснува каде бил сместен, на кои фронтови, како биле организирани и сл. Барем за сега е тоа. Интересен е приказот. Јас во суштина не сум преголем обожавател на воени книги (се разбира, има исклучоци), но оваа ми е интересна.

Се разбира преводот и целото издание ми ја пореметува скрос динамиката на читањето и уживањето, ама тоа е - ќе се чита уште еднаш на англиски јазик, тоа сигурно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom