Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Сега пред саат време ја почнав ''Кој го уби Роџер Акројд'' од Агата Кристи.На српски е книгата,ама ќе помине.
 
Ја завршив попладнево "Затоа што те љубам".
Сега планирам да почнам со Страници за нашата љубов од Спаркс
Мрш бе до сега ја немаш прочитано на Спаркс??? ц,ц,ц,ц.... Иначе оваа вторава каква е? се двоумам дали да ја земам.
Он топик - ЛЕон Африканац - Амин Малуф. За почето не е лоша.
 
За Македонцките работи од Македонецот на XX век, великанот Крсте П. Мисирков.
 
Мрш бе до сега ја немаш прочитано на Спаркс??? ц,ц,ц,ц.... Иначе оваа вторава каква е? се двоумам дали да ја земам.
Он топик - ЛЕон Африканац - Амин Малуф. За почето не е лоша.
Што да правам, сеа ми текна да ја читам:pos:.Инаку од Мисо книгата е одлична, дефинитивно неочекуван крај кој ме остави со устата подотворена:).
 
Вчера почнав да ја читам Шолја чај...
 
Пред малку ја зедов прекрасната Хари Потер и Пламениот ПЕхар :)
 
„Понижени и навредени“-Достоевски
 
Оскар Вајлд - “Сликата на Доријан Греј“
 
Сенка на ветрот-Карлос Руиз зафон...ДО сега прекрасна книга...

Оскар Вајлд - “Сликата на Доријан Греј“
ја прочитав пред некое време ... ама не ми остави впечаток самата приказна колку размислувањата кои ги нуди Вајлд... (:

Се наоѓа по библиотеки или е некоја нова?
ја има во топер по мноогу пристапна цена...
 
Ја почнав - Мојата омилена сопруга од Тони Парсон.
Интересна книга за модерното семејство што го живее луксузниот живот во Шангај.
 
Jas bi sakala nekako da dojdam do "Recepti na osamensot" od Bratislav Dimitrov, pa me interesira nekoj da ne znae kaj moze da ja najdam :)
 
1696-1.jpg
 
“Сталин: дворот на црвениот цар“ - прв дел - од Сајмон Сибаг Монтефјоре.

Иако сум прилично на почеток, книгата е одлична. Навлегува подлабоко во животот на Сталин, неговите соработници, приватниот (љубовниот) живот, има на моменти и психолошка разработка. Занимливо, многу занимливо.
 
„Малиот Ханс“ - Сигмунд Фројд

Проучува фобија на едно петгодишно дете, неговиот татко следејќи ги упатствата на Фројд му помага да ги совлада своите тегоби. Фројд нè воведува во еден свет во кој психоанализата ги наоѓа причините за сите подоцнежни страдања и болести. Тој наведува дека оваа историја на болеста е напишана во согласност на таткото на Ханс. За разлика од другите истории на болести чии ликови и покрај напорите на Фројд да ги прикрие, истражувачите успеале да ги откријат и да ги препознаат, идентитетот на малиот Ханс останал непознат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom