Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Ако си психички силен можеш лесно да ја надминеш психичката болка, а физички колку и да си силен ако некој те мачи неможеш толку лесно да ја надмиинеш болката
 
Ако си психички силен можеш лесно да ја надминеш психичката болка, а физички колку и да си силен ако некој те мачи неможеш толку лесно да ја надмиинеш болката
Па не би рекол дека е баш така, пред некое време имав чудна болка во грбот, па решив да ја игнорирам. Станав се исправив и стегнав најдобро што можев. Следниот момент знаеш кај бев? На земја виткајќи се од болка, два дена не можев да станам од кревет.
Ама тоа ти е кога судбина ми е да сум фајтер :).
Не битно колку си силен или не, кога има болка има болка нема мрдање.
 
Физичката болка нормално дека боли, но ајде да речам дека побргу поминува, особено ако се работи за некоја не толку сериозна.
Е психичката е друга рбота. Трае со денови, го измачува мозот и ја тероризира потсвеста. Особено ако не мачи некој сериозен проблем од било која област (финансии, љубов...), знае сериозно да влијае и на сонот(мене тоа ми се случува последниве 10-на дена) и на расположението. Според мене психата повеќе боли.
 
Физичката болка поминува побрзо отколку психичката. Е добро сега и психичката болка поминува, ама различно кој ти ја нанел. Ако е некој шо ти бил многу близок, тогаш може да потрае некое време додека да исчезне.
Така да јас мислам дека психичката боли далеку повеќе.
 
Токму така.Таа психичка болка боли највеќе.Друго е кога ти е нанесена психичка болка од некој не толку близок,одколку од некој многу близок.Пријател,другар или сл.Но гледано од различен аспект,и двете болки болат подеднакво.И психичката и физичката :toe:
 
Нормално психичката ... физичката лесно поминува и се заборава .. но психичката и не поминува баш лесно особено ако е од некој многу близок ... или некој на кого многу му верувате :smir:
 
Психичката е далеку поболна од физичката. Едноставно психичката остава белег кој те следи во целиот живот, за разлика од физичката, која лесно се лекува и побрзо заздравува.
 
Психичката е далеку поболна од физичката. Едноставно психичката остава белег кој те следи во целиот живот, за разлика од физичката, која лесно се лекува и побрзо заздравува.
Кај психичката болка лузната не се гледа, а кај физичката се гледа.
 
И двете болат оти и двете се болки, зависи кој на што е поотпорен.Мене ме боли повеќе психичка од физичка.
 
Дефинитивно психичка.Физичката ќе боли али ќе пројде а ова ако те повреди некој поготово ако ти е близок т.е. ти ако го осеќаш за близок мнооогу боли.:toe:
 
Психичката,дефинитивно.
 
Во моментов физичката боли и ту многу..
 
Дефинитивно дефинитивната боли подефинитивно.
 
физичката болка ќе помине, ќе се заборави ама психичката не се заборава и боли засекогаш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom