Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Мал е бројот на луѓето кои извршуваат самоубиство од физичка болка.
 
Психичката е далеку поболна од физичката. Едноставно психичката остава белег кој те следи во целиот живот, за разлика од физичката, која лесно се лекува и побрзо заздравува.

Ам ај сеа не прајме муабет физичка болка ак падниш од на точак и си го изгребиш коленото...
Физичката болка може да биде ужасна!Да ти се распаѓа телото да ти се сушат органите.
Ако си парализиран тоа може и да те следи цел живот или да живееш и се храниш како растение.
Да не спомнувам измачување:nesum:
 
Супер примери наведе. Парализираноста не боли, ниту кога би се хранела како растение. И сега, што повеќе боли, да си парализиран, кое не боли, ама исто ко да си мртов, или да ти се распаѓа бубрегот и да умреш за две недели? :duel:

Второто боли страшно две недели, првото боли страшно 20 години. Ај сега? :toe:
 
Парализата настанала по некоја физичка болка.Некој несреќен случај,некоја болест.Таа физичка болка полека преминува и во психичка.Двете знаат да се болни и да остават белег кои ќе не прати цел живот.Можеби затоа што до сега не сум искусила никаков вид на психичка болка неможам да го замислам 'болењето.' што таа го предизвикува.
 
Што посилен умот во однос на телето, толку поголема психичката во однос на физичката болка...
 
Психичка дефинитивно.
Физичката исто така боли многу, ама за разлика од психичката, таа речиси секогаш трае многу пократко...бидејќи нели, може да се излечи...
 
Психичката...
Само ако немаш срце поише ќе те боли физичката...
Барем ја така мислам
 
Психиката, остава некоја трага која никој не ја брише. Нешто што е врежано во тебе за цел живот и на секое потсетување се навраќа таа болка и тој период од животот.
Физичката е еден вид моментална болка која не трае многу долго за која има некое чаре да се сопре.
 
Психичката болка дефинитивно! Физичката поминува..и да те удри некој ќе те боли и ќе помине, ама повеќе ќе те повреди тоа што го направил..и нема да го заборавиш тоа...и ќе те боли....
 
Зависи за секој посебно... Може да е некој цврст/челичен карактер, но од физичка болка да полуди. И обратно: може да е некој истрениран да издржи мачења и секакви физички болки, но психата да го доведе до тотален колапс. А и освен тоа, физичката болка е поболна во моментот кога се нанесува, но потоа поминува со тек на време, додека психичката и да не е толку јака, може да трае со денови, месеци, години... А со тоа да не' доведе до лудило.
 
Pa ako cel den sum igral fudbal,treniral normalno deka od glava do peti ke me bole,a psihickata neee.
 
психичката дефинитивНо ... можеш да се побркаш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom