Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Психичкиот терор е нај лош терор...влијае и на физикусот и на мозокот...нај више боли коа душата ти е повредена...се друго кад тад ке помине ова мало више теже...може да го прикриеме да го маскираме ама ке остане потсвесно...
 
мислам дека и двете болат, а тоа колку и дали остануваат последици зависи од тоа за каква болка станува збор или од каков степен
 
Добро, зашто сите под физичка болка подразбирате гребаница или модрица?
 
Физичка болка дефинитвно....
 
Леле темава... Браво ако може некој да изврши споредба на овие две работи, за да дојде до тоа која повеќе боли. Можеби мрчам, ама сепак...
 
Гледано од мој аспрект поише боли психичката болка, зошо физичката може да трае и еден ден а психичката многу повеќе...Зависи од што е создадена болката и КОЈ ти ја нанел...
 
Гледано од мој аспрект поише боли психичката болка, зошо физичката може да трае и еден ден а психичката многу повеќе...Зависи од што е создадена болката и КОЈ ти ја нанел...

А ако трае цел живот?
 
Највеќе боли кога идат двете во пар. Замисли си ја фатил/а љубовта на твојот живот во кревет со друг/а . Си излегол/ла надвор и бам те чука некој забрзан чичко со колата. Се будите утрешниот ден со голема желба за пиштол и само еден куршум. Еј ај да ве видам.... :toe:
 
4овек ке истрпи и 100 стапа ке истрпи и навреди но кога ке изгуби несто мило тогас највеке боли знаци дусевната болка највисе боли
 
Добро, зашто сите под физичка болка подразбирате гребаница или модрица?

Зошто не виделе ниту осетиле права физичка болка.

Највеќе боли кога идат двете во пар. Замисли си ја фатил/а љубовта на твојот живот во кревет со друг/а . Си излегол/ла надвор и бам те чука некој забрзан чичко со колата. Се будите утрешниот ден со голема желба за пиштол и само еден куршум. Еј ај да ве видам.... :toe:

Хах, филмови (бам и желба за куршум хаха). Во случајов не одат во пар, туку една по друга, како и најчесто во животот. Само прашањето е која боли повеќе? И мојот одговор го знаете: физичката.
 
Психичката ме боли многу повеќе пошо физичката ќе помини лесно
 
Da bolese poveke fizickata bolka se somnevam deka bilo koj od nas ke imase brat ili sestra.Sakam da kazam deka najgolema fizicka bolka koja sum ja doziveala bila porodilnata bolka, no imam i vtoro dete... znaci fizickata bolka boli vo momentot na nanesuvanjto, potoa zavrsuva i sekavanjeto na nea poleka izbleduva, dodeka psihickata bolka trae i trae i sekogas boli so ist intenzitet, a moze so tekot na vemeto duri i da se zgolemi i da dovede do funkcionalno narusuvanje
 
Психичката болка е дефинитивно поголема. Физичката може да влијае на некој дел од нашето тело, за разлика од неа психичката влијае на нашето однесување, на размислувањето...
 
и двете болат зависи до кој степен е. Обична навреда е ништо за разлика од внатрешно крварење. Гребнатинка е ништо за разлика од загуба на близок. Kapito? До степенот е, не до типот :)

За тие што викаат дека навредата болела повеќе од физичка болка...
Не е до навредата, туку е до како ја перцепираш навредата.

Пр. Ако му кажеш на Доналд Трамп или Бил Гејтс дека е глупав, ќе ти се изнасмее у фаца и ќе го заборави тоа за 2 дена. Причина? Зашто знае во себеси дека тоа не е точно.

Ако му кажеш на несигурна личност дека е глупав, личност која има несигурности дека не е баш најпаметен, ќе го тумачи тоа 5 дена и ќе анализира дали тоа што си го кажал е точно или не.

Тоа е слично ко да удриш со бокс билдер. Има развиено отпорност и нема да го осети тоа толку колку што ќе го осети некој што е слаб физички.

Како што постои физичка, така постои и психичка отпорност.

Но искрено...
ако размислувам малце порационално психичката боли повеќе. Да пробиеш човек психички е многу повеќе погубно отколку да го пробиеш физички (не во вистинаска смила да пробиеш, туку да му го нарушеш едното или другото здравје). Со психичката тортура се делува на мозокот кој ги контролира сите други органи. Со физичката може да се делува на оние органи кои немаат толку голема 'важност' (во поглед на контрола) за разлика од мозокот.

Пример:
Со психичка тортура и разни методи можеш да натераш човек да се самоубие.
Меѓутоа со физичка тешко. Дури некогаш се користи и физичката болка за да се влијае на психата. Сите патишта одат кон центарот: мозокот.
 
Физичката можеби е многу поболна во моментот додека трае, потоа се заборава, полесно е да се справиш со последиците од неа.
За тие што викаат дека навредата болела повеќе од физичка болка...
Не е до навредата, туку е до како ја перцепираш навредата.
Не знам кој беше поточно, некој поназад спомна дека физичка болка може да доведе до психичка и психичка до физичка. Има некој нанесената физичка болка ја чувствува како навреда, па една таква болка не може да биде заборавена и може да се преточи во психичка болка.

Како и да е, убаво кажа Гладијатор дека се` зависи како гледаш на навредата. Би додала и дека зависи кој е тој што те навредил. Не може иста работа кажана/направена од небитен и битен човек во мојов живот да ми влијае исто.
Но, секако, физичката болка ќе помине, а психичката колку ќе трае зависи од тоа колку ќе ја одржуваш во главата и колку нема да заборавиш. Помнењето и одновото преживување на случката во главата е она што ја пролонгира душевната болка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom