Што ако никој не излезе на избори?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И после рает можеш да велиш “кој ви е крив шо гласавте за тие будалите?! јас не гласав и сега сум рает “
најубо е да гледаш сеиро на рајата , идат в џенг цело време по митинзи па после џаолот им е крив :((n):D
 
Најрадикално што може да се случи е да не излезат доволен број (процент) гласачи. Нема да успеат изборите, фино ќе се распишат веднаш нови и ќе донесат закон во меѓувреме за помала минимална излезеност, токму толкава колку што има членови на партии и други активисти. И готово, ќе се реши проблемот за неколку месеци. Не е Македонија земја каде политичарите се казнуваат самите од морални причини. :)
 
Еве ме и мене,овде на гласање НЕ;НЕ;НЕ..............
Што убаво ни беше во времето кога ги имав вашите години,и ич не ме болеше глава за кого ќе гласам,та како се викал,та каква програма имал,та која му била швалерка и т.н.
Си одиш на гласање го облакаш тоа оделото единствено што го имаш од младожења и го чуваш за таа прилика,ставаш и машната и секако тазе се бричиш,женичката под мишка ако ја имаш,ако не може и сам,ако не си негде на Јадрана или Песоците наши.
Влегуваш таму и земаш тоа ливчето,но претходно може и да го прочиташ зголемено на џамот.
Се гласа за тоа и тоа,се бира еден кандидат,на листата има еден кандидат,заокружи.
Се гласа за тоа и тоа,се бира двајца кандидати,на листата има двајца кандидати...
Се гласа за тоа и тоа,се бира дваесет кандидати,на листата има дваесет кандидати...
---------------
И верувајте нема утка ни погрешка,и дедоми Мино никогаш не згрешил,иако имаше очила со стакла како на оние рачни батерии,со кој некогаш јас ја палев сувата трева на скопското Кале во летно време и тоа од далеку,е тоа беше и глсање и очила. море и без очи да си да ми извините не може да погрешите,и што му валеше на дедоми Мино,што цел живот гласаше на тој начин,важно си пооде долги години на три нозе по старо Скопје,(со бастум ете да се знае) а сега со ова ваквото гласање и ваков живот луѓето поцркаваат бастум и да не знаат што е,здрави на две нозе ни пензија не дочекуваат,како сношти еден колега..... ај доста спремајте оделото и машната и заокружете што мислите.....
 
Јас ќе одам и ќе го пречкртам листот со еден огромен ИКС. Никогаш , ама никогаш нема да гласам за некого се додека некој не ми ги отвори очите да каже , ветувам ова ќе биде утре Македонија, и ветувам дека нема ни денар да фали од буџетот, нема да крадам и нема да лажам. Кога ова ќе го каже некој политичар , тогаш ќе гласам. А тоа што постојано се јавуваат дома за кого ќе гласате та за кого ќе гласате, ќе им дојде крајот и на нив ... не ми е јасно како не им е срам да се јават и да прашуваат за кого ќе гласаш.
--- надополнето: 20 март 2013 во 13:10 ---
И да не излеземе на гласање они пак ќе тепаат.

Со палки или со клоци и тупаници ? :)
 
site vikaat deka nema da odat na glasanje,ili ako odat na listot ke napisat nesto drugo taka sto toa nema da se smeta za glas
a site ke ispadnat da glasaat :D
 
И на крај ќе донесат закон за задолжително гласање како во некои земји (пр. Грција) и така сите среќни и задоволни

Во Австралија ако не излезеш на гласање казна од 200 долари. Таков закон треба. Ако сакаш ти убаци празно ливче ама дојди на гласање
--- надополнето: 20 март 2013 во 13:24 ---
Мој избор дали ќе излезам или не!
Кое е тоа размислување за тие што не излегле казна. :вонзем:

И демек во оваа земја не се местело се било регуларно и биле криви луѓето што не изглегувале кои клише муабети.

Мојот дедо е мртов 20 години и 20 година магично гласа за онаа партија која е на Власт и Шо праиме сега?

Цајканине партиски влезени што носат од селата по 2-3 часа мислите се е регуларно и демек ако поединци излезат на гласање ќе се смени нешто не бе бате оваа земја отиде одамна во л**на.:гомце:

И потоа ние ќе си гледаме на телевизија реклами од типот запознај ја Македонија.

Абе барај пензија за дедо ти ко у грција... нека гласа закој сака нек дадат и пензија
 
Со палки или со клоци и тупаници ? :)
Со пари пријателе. Ги купија левите и овие ги подучија како се фалшира културно и цивилизирано.
Инаку се слагам со твојот став и богами за да не ми отиде гласот кај нив, ќе излезам и ќе гласам за Џедаите.
 
Убо е да има закон за обврска да се излезе на гласање, таму можеш да гласаш или да го исчкрташ ливчето (неважечко да го направиш ако не ти се гласа) но мора да излезеш. Тој што нема да излезе, ако нема оправдување (бил болен, не бил во државата или сл..) да плати некоја казна (не некоја драстична казна но на пример 50-100 евра. Нема да има повторувања на избори ради мала излезеност, па пак кампањи, трошоци, резултатите на гласањето ќе бидат пореални (едно е да излезат 93% граѓани и гласаат, друго е да излезат 52%) а од процентот кој нема да излезе преку казните ќе се покрие некој дел од трошоците на изборите, 3% да немаат оправдување за неизлегување на гласање од некои грубо земени 1,6 милиони гласачи - тоа се 48.000 гласачи по 50 евра минимум ќе се покријат трошоци од 2,4 милиони евра.

Лет 3 за Претседател!
 
Лет 3 за Претседател!
пффф, каков бе претседател, јас сакам да сум император, со неограничена власт над луѓето и земјата
Претседателство е за пички, вистинските мажи се цареви!
 
Сите треба да излезете на гласање, да не ви се злоупотреби вашиот глас. И сите да си гласате за себе, под број на кандидати допишете си го вашето име. Да знаат за кого сте гласале, нема потреба да чкртате.
Имаше една година кампања у Скопје илјадници гласови доби Чак Норис.
 
Сите треба да излезете на гласање, да не ви се злоупотреби вашиот глас. И сите да си гласате за себе, под број на кандидати допишете си го вашето име. Да знаат за кого сте гласале, нема потреба да чкртате.
Имаше една година кампања у Скопје илјадници гласови доби Чак Норис.
Е и? Со 40% излезност (или поголема) изборите се успешни. Да речиме дека сите шо ќе излезат освен еден ќе глассат за Чак Норис, тој едниот ќе гласа за Паљото. И шо мислиш, кој ќе биди градоначалник? Чак Норис?
 
Е и? Со 40% излезност (или поголема) изборите се успешни. Да речиме дека сите шо ќе излезат освен еден ќе глассат за Чак Норис, тој едниот ќе гласа за Паљото. И шо мислиш, кој ќе биди градоначалник? Чак Норис?
Секако ќе бидат успешни, ако не неделава со дупли трошоци следната недела ако нема излезеност. Се дуплираат трошоците кои ги плаќаме од свој џеб. Да не се арчиме самите себе кога на крај секако ќе си изберат градоначалник газолижачите гласајте си барем за себе, нека ве има таму по ливчињата. Јас да сум у Битола за билдерон ќе гласам жими се.
 
Секако ќе бидат успешни, ако не неделава со дупли трошоци следната недела ако нема излезеност. Се дуплираат трошоците кои ги плаќаме од свој џеб. Да не се арчиме самите себе кога на крај секако ќе си изберат градоначалник газолижачите гласајте си барем за себе, нека ве има таму по ливчињата. Јас да сум у Битола за билдерон ќе гласам жими се.

Sussaro слушаш ли, арно рече дека секоја девојка повеќе или помалце се пали на келави билдери, вратари итн :D
 
Sussaro слушаш ли, арно рече дека секоја девојка повеќе или помалце се пали на келави билдери, вратари итн :D
Уф јас не се палам на такви воопшто.
Само верувам дека типацот ќе направи повеќе за Битола од колку сите заедно досегашни што направиле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom