Што ако никој не излезе на избори?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
Локација
Prilep
Полека повторно дојде денот каде што твојот глас ќе одлучи за твојата иднина. Сведоци сме на политички измами вејќе 20+години, само слушаме изјави кој што ќе направи додека да седне на тронот, е откога ќе заземат позиција тогаш не мрдаат од таа положба наредните 4години.

Што мислите што ќе се случи ако ниту еден од нас не излезе на избори????
Ваше мислење и без препукувања кој направил и што направил за нашата земја и без клише муабети ние од сдсм ова а тие од вмро она направиле
 
Нема да излезиме и ништо од изборите, па пак ќе има избори и ние пак нема да излезиме па пак ништо и после пак истото и накрај ќе се изнервираат и со сила ќе не натераат да излезиме да гласаме и ќе излезиме и нема да гласаме и пак ништо од изборите, па ќе има нови и пак ќе не натераат да гласаме и така ние цело време нема да изгласаме никој и на крај во Македонија ќе нема политика. The end :D.
 
И на крај ќе донесат закон за задолжително гласање како во некои земји (пр. Грција) и така сите среќни и задоволни
 
Само да ти одговорам на прашањето, нема ништо посебно да се деси. Нема да се изберат нови лица или да се потврдат старите, но старите ќе ја вршат должноста се додека не се избере нов (или потврди стариот). Истово се дешава насекад низ светов и со тоа што нема да излезе човек на избори не менува ништо, само едноставно не си го остварува правото на глас.

Белгија функционираше без влада цела година па никому ништо... а и Белгија баш не е пример за функционално општество.
 
Убо е да има закон за обврска да се излезе на гласање, таму можеш да гласаш или да го исчкрташ ливчето (неважечко да го направиш ако не ти се гласа) но мора да излезеш. Тој што нема да излезе, ако нема оправдување (бил болен, не бил во државата или сл..) да плати некоја казна (не некоја драстична казна но на пример 50-100 евра. Нема да има повторувања на избори ради мала излезеност, па пак кампањи, трошоци, резултатите на гласањето ќе бидат пореални (едно е да излезат 93% граѓани и гласаат, друго е да излезат 52%) а од процентот кој нема да излезе преку казните ќе се покрие некој дел од трошоците на изборите, 3% да немаат оправдување за неизлегување на гласање од некои грубо земени 1,6 милиони гласачи - тоа се 48.000 гласачи по 50 евра минимум ќе се покријат трошоци од 2,4 милиони евра.
 
Само да ти одговорам на прашањето, нема ништо посебно да се деси. Нема да се изберат нови лица или да се потврдат старите, но старите ќе ја вршат должноста се додека не се избере нов (или потврди стариот). Истово се дешава насекад низ светов и со тоа што нема да излезе човек на избори не менува ништо, само едноставно не си го остварува правото на глас.

Белгија функционираше без влада цела година па никому ништо... а и Белгија баш не е пример за функционално општество.
А пак тие старите што вршат една должност, се опраа од работа и должности :pos:
 
Кој гласа тој е идиот , зборам за овде во оваа држава :D....да идам да гласам некој да ме праи у очи будала , негласам барем совеста ќе ми биде чиста и нема да размислувам дали сум виновен и да имам грижа на совест ако сум заокружил некоја будала а таа да победи и утре да малтретира народ ;)
вака најубоо ни лук јал ни лук мирисал:)
 
Добро де ако донесат закон за задолжително излегување на гласање, сите да го исчкртаа ливчето да покажеме револт малце и ние обичниве смртници
 
И да не излеземе на гласање они пак ќе тепаат.
 
А зошто па да сите го шкртнат ливчето?
Право на избор, мене лично ме нервира кога некој агитира и повикува на шкртање ливче или да гласа за било која партија.
Право на глас има секој и никој не треба да го убедува што да прави. Ако некој мисли дека треба да го шкрта ливчето нека го направи тоа. Истото важи за тие што сакаат да гласаат.
Не значи дека ако го шкрташ ливчето дека си освестен и просветлен. И тие што се за некоја партија имаат свои причини зошто гласаат. Истиов муабет е во сите држави каде што има речиси двопартиски систем. Секој според своите убедувања. Не спорам дали си или не си во право, муабетот е дека не можеш да збориш сите треба ова да направат. Секој прави како му одговара и врз основа на интересот и тоа е тоа. Не можат сите да мислат како тебе.
 
Сериозно мислиш дека двете партии со големо членство/семејствата на членовите нивни нема да излезат ? Еден вработен во четиричлено семејство ти носи четири гласа, епа види сега ти дали нема да излезе некој на кого му зависи работата во локалната самоуправа и виси на конец. Факт е дека ќе има и такви кои се неопределени и не гласаат и дека можеби сега нивниот процент ќе биде најголем. Мислам дека за локалниве нема цензус ако не се лажам ? Ако грешам нека ме поправи некој.

Во однос на задолжително гласање сум против.
 
Мој избор дали ќе излезам или не!
Кое е тоа размислување за тие што не излегле казна. :вонзем:

И демек во оваа земја не се местело се било регуларно и биле криви луѓето што не изглегувале кои клише муабети.

Мојот дедо е мртов 20 години и 20 година магично гласа за онаа партија која е на Власт и Шо праиме сега?

Цајканине партиски влезени што носат од селата по 2-3 часа мислите се е регуларно и демек ако поединци излезат на гласање ќе се смени нешто не бе бате оваа земја отиде одамна во л**на.:гомце:

И потоа ние ќе си гледаме на телевизија реклами од типот запознај ја Македонија.
 
Сериозно мислиш дека двете партии со големо членство/семејствата на членовите нивни нема да излезат ? Еден вработен во четиричлено семејство ти носи четири гласа, епа види сега ти дали нема да излезе некој на кого му зависи работата во локалната самоуправа и виси на конец. Факт е дека ќе има и такви кои се неопределени и не гласаат и дека можеби сега нивниот процент ќе биде најголем. Мислам дека за локалниве нема цензус ако не се лажам ? Ако грешам нека ме поправи некој.

Во однос на задолжително гласање сум против.

1/3 од избирачите на гласачкиот список треба да излезат, но тоа е бројка која по секако е остварлива...
 
Кој гласа тој е идиот , зборам за овде во оваа држава :D....да идам да гласам некој да ме праи у очи будала , негласам барем совеста ќе ми биде чиста и нема да размислувам дали сум виновен и да имам грижа на совест ако сум заокружил некоја будала а таа да победи и утре да малтретира народ ;)
вака најубоо ни лук јал ни лук мирисал:)
И после рает можеш да велиш “кој ви е крив шо гласавте за тие будалите?! јас не гласав и сега сум рает “ ( А живееш на начин како друг ти го изгласал) За мене помирна ми е совест ако сум дал глас за некоја опција која јас ја сметам за исправна, можем да речам “јас дадов глас за поинаков живот“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom